Шокантна исповед на првиот ХИВ позитивен човек во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Кајгана Фондација му е мајката. И не само за Стојан, за сите луѓе на кои им треба помош. Според тоа колку не има овде, по 100-че месечно секој месец може да се помага на различни луѓе кои се загрозени.
Дефинитивно, доколку можеме ова да го направиме верувајте дека на многу луѓе ќе им помогнеме.

А кога сме кај неинформираноста на луѓето во врска со оваа проклета болест, сме правеле многу пати муабет на најразлични теми. Јас мислам дека не е толку што не се информирани колку што не сакаат малку да се потрудат да им помогнат на другите во животот, или со други зборови речено им одговара така да се однесуваат.

А и од друга страна има и луѓе кои долго време со бават со оваа проблематика и сеуште немаат расчистено со тоа како точно се пренесува ХИВ вирусот и се плашат да бидат во контакт со вакви луѓе.

Башка еден куп кампањи има спроведено НВО секторот во Македонија, особено во последно време со подршка на глобалниот фонд.Толку ли сме тврдоглави за ништо да не ни влезе во глава и малку со свеста да не тргнеме напред?

Стојан е жртва на овој вирус, но е жртва и на средината која живее. Колку што првиот проблем му создава психички притисок, толку и вториот проблем.

Вие немата поим, колку овој човек на времето беше среќен кога ќе се најде во друштво со луѓе кои го разбираат, луѓе кои не се плашат од неговиот моментален здравствен статус. Буквално во него има ненормално голема желба за дружење, за комуникација за размена на муабет. Тој целосно е изолиран од општеството, кое не се обидува да му помогне. Единствено што знам дека имаше некој човек кој се согласил секој ден да му купува леб и да му го носи дома, затоа што во продавниците во Прилеп не сакале да го услужат затоа што како прво “можел да ги зарази со СИДА’’ а како второ “им ги бркал муштериите“.

Ја поздравувам идејата да му помогнеме не човеков и мислам дека ние сме на потег.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Дефинитивно, доколку можеме ова да го направиме верувајте дека на многу луѓе ќе им помогнеме.
Aj сериозни да бидеме сега. Си запознаен со правни процедури за регистрација на фондација?
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Aj сериозни да бидеме сега. Си запознаен со правни процедури за регистрација на фондација?
Не знам точно но знам дека има закон за здруженија на граѓани и фондации, каде што е објаснето тоа. Но мислам дека е слично на регистрирање на НВО-што значи дека не е ништо комплицирано и посебно.
 

Yugo

Law rules
Член од
12 декември 2005
Мислења
8.251
Поени од реакции
28
Лее стварно жал ми падна... се надевам дека.. ќе има нешто на нашава кајгана.. да направиме да му помогнеме на човеков... што и покрај загубите што ги преживеал и што е отфрлен од народот ќе можеме ние да му помогнеме со наша (кајганџиска) донација....
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
21
Уф го знаам човекот лично! Последен пат говидов на Градските гробишта сигурноги посетувал сопругата и децата! Многу малограѓанско однесување околу него! Сите покажуваат со прст па дури и таткоми кога ми го покажа! Добив едно чуство на гнаса, не поради човекот, туку поради глупавото однесување на народот! Секоја чест со вака се изјаснува Стојан, браво за човекот1
Многу ми е жал кога ида говидам, со наведната глава, побелена долга коса и брада,шугав ... На секој би му било језиво да се поздрави, али тоа е реалноста и мораме да гледаме оптимистеички, бидејки утре не дај боже на никого не посакувам такво нешто, можи да се случи такво нешто!
Јас прв пат се запознавам со целава случка и страм да му е на цел Прилеп! Али сигурна сум дека овој не е единствен! Многу се, и не само во Прилеп, туку и во Скопје, Охрид, Битола ... Само ретко кој како е запознаен!

И да, за сите што ги нападнаа Прилепчаните : Да ијас ги напаѓам во голем дел, али секој си ја гледа својата работа, не можи да се речи јазк, али тоа е тоа! Сигурна сум дека истово а можеби и пострашно го има во другите и поголеми градови!

И да ... Никој да не дочека на своја глава! :(:(:(:(:(:(
 
Член од
8 април 2007
Мислења
725
Поени од реакции
6
Ovoj covek znaci ima vistina naljosa sudbina...najprvo ja zakopal zenata a potoa decata mu umrele v race, toa e najgolemata kazna so covek moze da ja dozivee, da si gi vide mrtvi decata. Zalno, mn zalno, tuku se cudam kako moze da postojat takvi lugje koi navistina ne znaat so znaci da si HIV-poz i navistina se losi i zlobni :tapp:
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Луѓе, чоеков...стварно жално :( Туку стварно дај да помогниме некако, па еве и на телевизија може да не има :)
 
N

NeMiRnA

Гостин
Sea vaka: bi mozela nekako da pomognam okolu toa da se povrzete so covekov,direktno ili indirektno preku crven krst,megutoa toa neznam kolku ke bide vozmozno vo ovoj period zatoa sto pretezno site se na odmori,nekade pri krajot na avgust,pocetokot na septemvri bi mozelo.A isto i okolu fondacijata,ako sakate mozeme nekako da se dogovorime,dosta uspesni se humanitarnite zurki.Gledam ima dosta dobra volja megu forumdziive okolu pomaganje na vakvi luge.:)
 
Член од
29 јуни 2007
Мислења
91
Поени од реакции
2
јас сум од ПРИЛЕП и го познавам човекот !!2 и верувајте дека кога знајте дека е ХИВ позитивен и колку да знајш дека нема теорија да те префати тебе сепак ти е "ШУБЕ" и не би сакале да сте многу со него !!2 Чраст МИ !!2
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
јас сум од ПРИЛЕП и го познавам човекот !!2 и верувајте дека кога знајте дека е ХИВ позитивен и колку да знајш дека нема теорија да те префати тебе сепак ти е "ШУБЕ" и не би сакале да сте многу со него !!2 Чраст МИ !!2
Ради ваквите себични и бесчувствителни као тебе, човекот нема социјален живот. Како да не е доволно што боледува од смртна болест, како да не е доволно што (технички) е виновен за смртта на целото негово семејство, па уште и отфрлен од општеството зошто на граѓаните им било „шубе“. :icon_roll
Тоа се веројатно истите тие луѓе што повраќаат кога ќе видат геј-пар на улица.

Преку к*р од тие глупави предрасуди, човек да не може да живее нормален живот.

Не знам што да кажам стварно, згрозена сум, растажена, разочарана, освестена и накурчена во исто време. Никој човек не заслужува ваков третман од страна на својот народ само затоа што е хив-позитивен. Искрено, не знам ни за кој аспект од неговото страдање да зборувам попрво. :toe:

Балканско малограѓанство, македонска себичност, прилепски простотилак. И немојте да ми зборите дека во сите градови исто ќе било, дури и во поголемите, зошто ако може еден дегенерик од типот на Боки 13ка слободно да се шета низ Скопје, да има пријатели и да не брка муштерии од продавница, тогаш секој хив-заразен би бил прифатен како нормален. Не ми се верува колку неписмен и сирот народ сме, значи.

Што се однесува до посетата во неговиот дом, или до Кајганџиската Фондација, ако сте сериозни за било што од двете и ако замислата се оствари, сметајте и на мене.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Значи што народ ќе бевме бре...Не ми се верува!Немам зборови,многу ми паѓа жал што гледам што луѓе постојат...Не можам да замислам колку му е тешко на овој човек...:(
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Иако се сметам себе за човек со предрасуди, како увод ќе кажам дека ми е жал за типов, ама жал ми е и за повеќето на форумов. Ете го типов во весник го има, и ајде тука сите ангели станаа одеднаш и го сожалуваат, а на форумов прилепчани има одамна и никој ништо не отворил уста за него. Неговиот проблем постои веќе поодамна и никој не го спомнал.

Како тој се заразил, и со која глава мислел коа ги загрозил и животите на неговите деца, нема да дискутирам, ама изгледа дека со иста глава со која што мислат и поголемиот број на членовите на овој форум. Жал ми е што така црно звучи, ама претежно се сожалува некој откако ќе стигне до тоа дереџе да го има по весници и по телевизија. Претходно никој уста не отвара, ги негира како да не постојат.

Не е само господинов заразен од ХИВ, има многу повеќе случаеви. Исто и со дечкото кој требаше да се лекува, па секој форумџија постуваше дека донирале откако напуниле кредит. Не е само тој болниот, болни има милион.

Не треба само едниот да се сожалува, само дека него го има на вести. Има милион ромски деца што просат на плоштад 90% од луѓето ги пљукаат, ги бркаат, па дури ги тепаат понекогаш.

Од друга страна.....тоа ромче кон кого и јас имав сожалување ми приоѓа и ми вика баци баци имаш упаљач, ја да се покажам фин, му давам и цигара (пушев Вест тогаш) а тој ми вика не не фала, имам јас малборо грчки...:tapp:

The moral to this story ...учете од грешките на другите, дека не можеме сите да ги спасиме...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
јас сум од ПРИЛЕП и го познавам човекот !!2 и верувајте дека кога знајте дека е ХИВ позитивен и колку да знајш дека нема теорија да те префати тебе сепак ти е "ШУБЕ" и не би сакале да сте многу со него !!2 Чраст МИ !!2
:violent1:Мочко !!2 :sakas_ust
 

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
леле ко у турско ебате луѓето не ми се веруе,потресна приказна и со е најтрагично вистинита,па добро бе пи*ка му матер да неможеш да отидеш да си купиш леб и слично да не те пуштаат у продавница алоооооооооооооо каде вака бе еј
еј нервоза ме упука не ми се веруе лебот го остаиле да мувлоса засо им било страв да му го донесат до дома,зарем никој не се става на негово место бе алоооооооооо секој може да го јаде зар е крив човекот,додуша не викам дека не е крив но јеби га судбина го снашла тоа но зарем не е доволно казнет со тоа што цело семејство го загубил и сега така да се понашаат сите со него...џабе јадење гомна и кажуење филозофии тоа ти е македонче се додека не осети на своја кожа ќе плука и ќе осудува други :tapp:

јас сум од ПРИЛЕП и го познавам човекот !!2 и верувајте дека кога знајте дека е ХИВ позитивен и колку да знајш дека нема теорија да те префати тебе сепак ти е "ШУБЕ" и не би сакале да сте многу со него !!2 Чраст МИ !!2

верувај дека не си у право бе размисли малку шо збориш,имам познаници кои се хив позитивни па никому ништо зарем не се луѓе и тие одете малку првин дознајте како се пренесува хив и сида па после кењајте тука дај молим те,и од што да ми биде шубе бе што ќе направам здраво со него или ќе направам два-три реда муабет ајде те молам :bip:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
јас сум од ПРИЛЕП и го познавам човекот !!2 и верувајте дека кога знајте дека е ХИВ позитивен и колку да знајш дека нема теорија да те префати тебе сепак ти е "ШУБЕ" и не би сакале да сте многу со него !!2 Чраст МИ !!2
Знаев дека е ХИВ позитивен и се поздравив со него. И не ми беше ШУБЕ знам како се пренесува вирусот. Му честитав на храброста што се појавил во јавност и кажува за она што го поминал. Тој ништо нема да ти направи ни тебе ниту пак на било кој друг. Да знаел што му е немало да ги зарази жена му и децата.

Инаку прво го откриле вирусот кај жена му. Докторите во Прилеп не знаеле што и се случува па ја пратиле во Скопје. Кога откриле за што се работи извршиле испитувања и на нив. Така и тој дознал дека е само преносител.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom