Шокантна исповед на првиот ХИВ позитивен човек во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Гробница во душата[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Откако ги зарази и ги загуби жената и двете деца, Стојан и го посвети животот на кампањата за оваа лоша болест, но вели дека му е жал што се уште инфицираните во Македонија се жигосани, додека секаде во светот [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Изолиран од околината, меѓу четири sида, на петтиот кат од една станбена зграда во населбата Точила, живее Стојан Конев, човекот кој повеќе од деценија е заразен од вирусот сида. Нема прилепчанец кој не го знае Стојан, ХИВ-позитивниот. Некои и по толку години го прекоруваат, го исмејуваат, други го сожалуваат. Тој скапо ја плати сопствената грешка или неукост. Ги инфицираше и ги загуби најблиските. Најпрвин сопругата, потоа в раце му умре синот Велјан, а по неколку месеци ја загуби и малата Даниела.
Стојан Конев со своите 48 години за себе вели дека Господ му дал живот и дека тоа му е најголемата казна. Жигосан, живее сам, напуштен и отфрлен од своето семејство, семејството на сопругата, пријателите, соседите, од колегите.
- Од 96 година, откога останав сам, човек не ми тропнал на врата, никој не дошол во станов. Вие сте втора што влегува и една новинарка од Скопје пред два месеца - вака не пречека Стојан, видно возбуден и среќен што некој му дошол дома и што може да поразговара со некого, зашто, како што вели, Прилеп е голем град, а се чувствува како да е во затвор. "Од Плетвар нагоре е поинаку, бидејќи не ме познаваат, не ме покажуваат со прст", вели Стојан.
- Таков е менталитетот кај нас. По загубата на најмилите, и се посветив на борбата против сидата, помагам во кампањата да сфатат луѓето дека има многу поопасни вируси од ХИВ-вирусот. Не обвинувам што луѓето бегаат од мене, што, освен во една продавница во градов, на ниедно друго место не можам да пазарам, што кога имав најголем проблем со децата, кои, како покосени од сидата, ми починаа в раце и што ниту гробарите не сакаа да ги допрат ковчежињата или кој било да ми даде шише вода кога беше кризата или да ме услужат да се јавам на телефон.
Стојан вели дека од трибините и од семинарите научил се за лошата болест и за последиците што ги носи: "Мака ми е што се уште не сум успеал да влијаам на околината и да ги убедам луѓето дека, како носител на ХИВ- вирусот, сум безопасен и дека сидата не се пренесува преку индиректен контакт".
"Ваков однос кон ХИВ-позитивните со вирусот на сида, освен кај нас, нема на друго место. Тоа го видов во Бугарија, а и од искуствата од земјите од Западен Балкан и од некои азиски земји, кои се презентираа на конференцијата што ја организираше невладината организација 'Партнерство за здравје' од Скопје во Маврово. Секаде во светот инфицираните живеат нормално, не се обележани како во Македонија".
Конев е упорен во својата намера и нема да се откаже. Тој е член и на соодветната комисија во Министерството за здравство и е во позиција да преговара и да бара помош од невладините организации. Тој е првиот и засега единствен во Македонија кој јавно проговорил за ХИВ-вирусот што го носи. "Сакам да убедам и други инфицирани јавно да ја кажат својата мака за потоа да можеме, обединети, институционално да ги оствариме своите права. Ако не проговорев јавно, немаше да ја добијам помошта што доаѓаше, без која децата уште порано ќе ми умреа од глад. Француската хуманитарна организација 'Еквилибар', 'Даре Џамбаз', невладини здруженија, поединци од земјава и од странство направија премногу за семејството. Ако не беа тие, немаше да живеам во овој стан, за кој ми бараа да платам 11 илјади евра, ниту, пак, ќе го имав овој мобилен телефон за комуникација. Со нивна помош ги надминав и другите проблеми и сега живеам со 5.000 денари од институцијата каде што се водам како да сум на боледување. Телевизорот ми е најголемото богатство, зашто без него си и глув и слеп. Се што имам во станот е донација од хуманите луѓе од земјава и од странство. На сите искрено им благодарам, но им забележувам на оние другите, кои дозволија лебот од хуманитарната пратка од Виница да мувлоса, наместо моите деца да се најадат, оти никој не сакаше да ни го донесе пакетот. Умреа гладни", раскажува Стојан низ солзи.
Од лани Конев прима антивирусна терапија. Тажна е приказната на Стојан, кој го донесе вирусот на сида во семејството од странство, а беше откриен во 1993 година, кога почина неговата сопруга. Случајот тогаш одекна во јавноста како прв случај на ХИВ-позитивен во Македонија и покажа дека државата неподготвена го пречека убиствениот вирус. Ни кампањите на невладините организации тогаш не помогнаа семејството на Стојан нормално да функционира. Несреќниот татко дури мораше сам да ги искова сандаците во кои сам ги закопа најмилите откако ги покоси сидата. Тој и денеска сам и пеш ги посетува нивните вечни домови, иако се неколку километри оддалечени од неговиот дом. Негова желба е откако ќе умре, да биде погребан тука, до нив, во специјална вреќа, а не преку десет гробови, каде што пред многу години купил гробно место за себе. Дотогаш прибира материјали и сака да почне да пишува книга за себе и и за се што преживеал како прв ХИВ-позитивен Македонец.
[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]изовор: он лајн издание на ВЕСТ од 14.07.2007

Прочитајте го текстов внимателно, и очекувам ваше мислење.

Јас приказнава ја знам од дамна, но не во детали. После ова што го прочитав морам да признаам дека сум “шокиран“.
[/FONT]
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Шокирана сум и јас од злобата и неинформираноста на луѓево. Незнам што повеќе да кажам ...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Тоа едноставно е македонскиот менталитет. Што ке беше значи бре еј... Султанот кај нас сеуште владее. Да го покажуваат човекот со прст. Резил. На што личи тоа? Кај си има мака, ги испратил сите пред него на “оној“ свет уште го третираат како... Па таа болест не се пренесува преку воздух.
 

Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
Голем резил е за прилепчани што така се однесуваат кон овој човек...нека се изјасни некој прилепчанец на што се должи таквиот однос кон нивниот сограѓанин?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Премногу е потресна приказнава,а мене не ми се верува дека има луѓе кои се толку лошо информирани и што така се однесуваат со човекот.
Без разлика што го има ХИВ вирусот и он е човек и никој нема право така да се однесува со него.Човекот има право како и сите нас да си го живее својот живот најнормално,без разлика што ете му се случило тоа.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Да ви кажам најискрено имам желба да одам да си попраам муабет со него. Да умрат децата гладни... :( тоа ме погоди највеќе. Сандакот да не сакаат гробарите да го фатат??? Боже...
И мене ми е шубе да бидам искрен да се поздравам со него, ама тоа е нормално. Сепак сум доволно свесен дека не може да ми се случи ништо и немам проблем. Првиот пат ќе го загледам сигурно да не се исекол некаде, ама не е болен од смртоносна шуга. Ах Прилепчани...
 

rich_bitch1

~DARLING~
Член од
15 март 2007
Мислења
744
Поени од реакции
5
mnogu zalno stvarno.nemozev nas da razebarm kako se inficiral valda imal nezastiten seks so nekoja koja veke bila bolna(neli pisuva od stranstvo go donel virusot),i tuka e negovata greska koja go cinela mn,ali sepak da bide vaka napusten i ostaven od site pa duri i sopstvenoto semejstvo e krajna bezobrazna rabota.pa sto imaat nekoi luge vo sebe,kamen mesto srce,i dupka mesto mozok.zarem mislat deka ako mu doniraat paricna ili bilo kakva pomos deka ke se zarazat i tie?deka so samoto doblizuvanje do nego ke se inficiraat?c,c,c pa ako ne za nego mozele barem zaradi decinjata da pomognat
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
ej greota... kolku samo mu e tezok zivotot! kolku skapo moze da te cini edna greska!
 

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Да ви кажам најискрено имам желба да одам да си попраам муабет со него. Да умрат децата гладни... :( тоа ме погоди највеќе. Сандакот да не сакаат гробарите да го фатат??? Боже...
И мене ми е шубе да бидам искрен да се поздравам со него, ама тоа е нормално. Сепак сум доволно свесен дека не може да ми се случи ништо и немам проблем. Првиот пат ќе го загледам сигурно да не се исекол некаде, ама не е болен од смртоносна шуга. Ах Прилепчани...
Та да беа само Прилепчаните...Поради нашиот зафркнат менталитет на луѓето им е страв да се прегледаат, па така се шири вирусот...
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Јас сум имал мал контакт со човеков, но тоа беше од дамна пред околу 5 години.
Организацијата во која работев организираше добротворна ревија за Стојан. Позната манекенки носеа креации на познати креатори кои после тоа беа продавани. Целата сума што беше собрана беше дадена за Стојан, помеѓу другото му беше купено и телевизор и други потребни работи. Едноставно кажано, тогаш човекот беше пресреќен и звучеше ептен поразлично од она како што звучи сега.

Инаку мислам дека до скоро официјално беше човек кој во светот најдолго го носел во себе ХИВ вирусот. На сите други по волку поминато време за жал им доаѓал крајот.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Инаку мислам дека до скоро официјално беше човек кој во светот најдолго го носел во себе ХИВ вирусот. На сите други по волку поминато време за жал им доаѓал крајот.
Незнам точно, ама има луѓе кои се само преносители. Незнам дали е тоа ХИВ негатив, кој знае стручно нека објасни го молам.... Болни се, ама не им влијае на организмот. Плус со ХИВ се живее сосема нормално, ама не дај боже да фатиш грип. СИДАта е таква болест да не напаѓа органи, туку го онеспособува одбрамбениот механизам на организмот, па така и најмалата болест може да те доведе до смрт.
Има ли бре доктор овде????
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Јас ке ви се придружам...душичка...
...навистина македонецот е суров и малограѓански..
Мислам дека ќе е навистина радосен и посебен ден за човеков ако го изненадиме вака поголемко друштво ... планирајте кој сакате и сте во можност Септември да се организираме ... е баш ми е мило!
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Само да кажам јаз’к за Прилепчани шо се однесуваат вака кон човекот.

За чоекот, за греота, изолиран од сите, сам на светов, и морал сам да прави ковчези за децата и да ги погреба. Жално.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom