Шиба Ину (Shiba Inu, Shiba Ken)

Член од
10 јуни 2013
Мислења
176
Поени од реакции
232
ШИБА ИНУ

Стандарс FCI Група 5(Шпиц и Примитивни видови),Секција 5 Азиски Шпицеви и слични видови, 257
Класификација ловџиско куче за мал дивеч и домашно милениче
Други имиња : Shiba Inu/Shiba Ken/Shiba
Земја на потекло Јапонија
Хипоалергично Не
Животен век 12 до 15 години
Темперамент активни, внимателни и весели
Тежина 6 - 11кг
Висина 33 до 41 см
Бои црвена, сасаме и црно-шолта(во некои земји прифатена е и белата,крем),но исто така постои и urajiro-ги има сите бои на крзното или дамки од боите

Земја на потекло - историјат
Постојат пет раси кои потекнуваат од Јапонија, а се од фамилијата на артички шпицови. Сите три раси го имаат
суфиксот 'Inu' во своето име кој на јапонски значи куче. Тоа се Akita,Kishu,Kai Ken,Hokkaido Inu и Shiba Inu.
Shiba Inu е најмалата раса. Shiba во превод значи мал, па името Shiba Inu означува мало куче. Оваа раса е древна раса на кучиња која одсекогаш се користела за лов на мал дивеч.
Тело
Телото е цврсто и мускулесто со кус и прав грб. Градите се длабоки и достигаат до зглобовите. Ушите се мали, подигнати и наведнати малку нанапред. Опашката е високопоставена и се носи над грбот свртена кон страна.

Крзно
Крзното е кратко, право и со мек внатрешен слој. Најчестите бои на крзното се црвена, црвено-бела, сасаме, црно-жолта и црно-бела варијанта.

Карактер
Шиба се активни, внимателни, весели и послушни кучиња. Знаат да бидат самостојни, но и многу се приврзуваат со фамилијата и сопственикот. Убаво се сложуваат со децата, други домашни миленичиња и други
кучиња. Внимателни се со туѓинци и се одлични кучиња-чувари. Не се бучни кучиња и не лаат многу. Иделани се за живот во стан и се одлични миленици за децата.
Дресура
Најдобро решение е дресирањето да изгледа на игра.

Неопходна грижа
Крзното на Шиба кучињата не треба да се тимари многу, бидејќи влакната се кратки и не се валкаат лесно. Од време на време чешлајте ги со погруба четка со двоен ред на метални забци за да ги отстраните мртвите влакна.

Тренинг
Овие кучиња се адаптираат на фамилијарните активности и така ја задоволуваат својата потреба за движење.Како и да е, со задоволство ќе оди на прошетки надвор. Способни се да шетаат со часови и воопшто не се
неспокојни и немирни.

10557202_355692267912528_2306472951900211664_n.jpg 10610564_355676074580814_8148693149939135467_n.jpg
Screen Shot 2013-02-09 at 6.18.15 PM.png
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.985
wow such thread much doges wow very cute

Ептен ми се кјут кученцава.

Чисто некој ако го интересира еве лајв стрим 24/7 од животот на едни шиба ину кученца.....

http://www.ustream.tv/sfshiba
 
E

Epsilon

Гостин
Колку пари чини вакво куче и дали ги има во Македонија?
 
Член од
10 јуни 2013
Мислења
176
Поени од реакции
232
Колку пари чини вакво куче и дали ги има во Македонија?
Во Македонија има само три Шиба Ину , но нема ниту едно легло. Најблиску можеш да најдеш во Грција и Србија, а цените се движат од 800-1500 евра. Во грција има само едно легло,прво легло во грција на Шиба ину,а во србија мислам има две одгледувачници, а можно и три да има не сум сигурна.
Во државите како Германија,Италија и Франција цените се движат до 2000 евра.
 
E

Epsilon

Гостин
Во Македонија има само три Шиба Ину , но нема ниту едно легло. Најблиску можеш да најдеш во Грција и Србија, а цените се движат од 800-1500 евра. Во грција има само едно легло,прво легло во грција на Шиба ину,а во србија мислам има две одгледувачници, а можно и три да има не сум сигурна.
Во државите како Германија,Италија и Франција цените се движат до 2000 евра.
Можеби е офтопик прашањето, но овие Akita Inu кучињата?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom