Шекил О'Нил објави крај на кариерата

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
По 19 години кошаркарска кариера во која освои сè што можеше да се освои, во 39-та година од својот живот Шекил О'Нил објави дека става крај на својата кариера.

Целата вест тука.
 
Н

'Никола'

Гостин
Шек остави голема трага во NBA и општо во кошарката. Можеби не беше техничар, дриблер или шутер како например МЈ, но мислам дека немало подобар и подоминантен на центарската позиција од него.
Исто така човек со големо срце, одличен карактер, секогаш расположен за некоја шега, за да ја дигне атмосферата во соблекувалната.
Нека си ужива сега во пензијата која ја заслужи и повеќе од заслужено е во Hall of Fame.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.626
Поени од реакции
81.466
Еден од најдобрите играчи во НБА. За човеков кога и да го видам на ТВ секогаш ми доаѓа некоја смеа :). Ај нека ужива во пензијата и нека прави сеа филмчиња ( Од типот на SCARY MOVIE, а може и во некој Хорор да се појави :) )
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
:(
Омилениот играч заедно со Коби, заради кои почнав да навивам за Лејкерс и да пратам НБА. Поим за центар, доминантен, духовит на и вон теренот... perfect sportsman што би рекле америве.

а го биваше и за ова...


Good luck Shaq, we will miss you!
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
Време му беше . Од кога памтам за нба ,памтам и за Шек .
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Баш пред 10 минути ја прочитав оваа вест, и навистина штета. Последниве 2 - 3 год веќе беше далеку од тоа што сме навикнати да го гледаме од него, но сепак атракција каде и да се појави и надвор од терените. Сепак како што пишува еден новинар на yahoo, дури и да не се предомисли па да се врати, дефинитивно ова не е последниот збор на Шек, постојано ќе биде тука некаде во медиумите.

Лично мој омилен кошаркар, заедно со МЈ на времето. Заради него ги засакав Лејкерси и постојано сакав да го следам, иако најчесто бековите и крилата се омилени на повеќето гледачи.
 
P

Peaceful Anger

Гостин
Добар беше Шек ама и време му е више за пензија последниве години беше многу паднат од времето у Лејкерс коа беше најдоминантен
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Мислам дека повеќе пати имаше откорнато кош, ама не сум сигурен.
А иначе се имаше случено и ова

:):):)
Да да, повеќе пати се имаше истурано на рекетот. Шоу на две нозе е човекот... последниве сезони имаше јаки моменти против Нејт Робинсон...




:ROFLMAO:
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Атракција, на теренот и надвор од него... Му посакувам се најдобро у животот.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511

Збогум Супермен !
Единствениот Супермен во НБА.
Ја однесе кошарката на ново ниво, со играта и со шоуто кое го приредуваше.
Беше уживање да се гледа Шек, посебно во времето кога играше во Лејкерс, кога сите други
покрај него изгледаа како мали деца.
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
:(
Омилениот играч заедно со Коби, заради кои почнав да навивам за Лејкерс и да пратам НБА. Поим за центар, доминантен, духовит на и вон теренот... perfect sportsman што би рекле америве.

а го биваше и за ова...


Good luck Shaq, we will miss you!
Исто. По Мајкл Џордан... што како многу мал го следев не ни паметам многу убаво... баскет продолжив да следам а со тоа и да навивам за Лејкерси поради 2 играчи а тоа се... Шек и Брајант. !!!
ЕПа честито нека му е на легендава ... нека си чила сега малку ;)
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Тој што се пали на Шек као кошаркар нема појма од кошарка. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom