Се менува самиот концепт на меѓучовечките и меѓуполовите односи.
Мажот не е повеќе доминантен, во традиционален смисол, сепак ако постои маж кој сака да го прима, каков маж е тој и какво пример за останатите може да биде?
Нападот врз нуклеарното семејство, заедно со феминизмот и давањето на моќ на самостојноста на жената и ослабување на примарно поставените општествени вредности, е една цела спрега која се обидува да го помести стандардниот тек на функционирање.
Признавањето на постоењето на хомосексуалноста не е нешто безазлено, тоа со себе носи бран други промени.
Ако не можеш да ги приметиш и ако не гледаш што се случува на запад конкретно од аспект на фамилија, однос машко-женско и ако мислиш дека никаква промена нема да има или си наивен или си со поинаква агенда.
Нема агенди. Не сум геј. Само гледам дијалектички.
Промени ќе има затоа што се неизбежни. Неможеш да го игнорираш тоа што веќе постои. Хомо-бракови постојат фактички. Прашањето сега е формализирање/озаконување на врската. Ако мислиш дека можеш да го спречиш ова, think again.
А тоа дека децата во хомо-бракови ќе имаат шитови - е смешно! Сите шитови за децата се во хетеросексуалните бракови, нели?
Неможеш да сопреш дијалектика - колку и да те плаши.
И повторно, истото прашање:
Кој си дава за право на двајца луѓе да им забрани да се сакаат и да живеат заедно онака како што им е кеиф?!?
Замисли тебе некој ти дое и ти каже дка неможе да го поминеш остатокот од животот со некој/а кој/а го/ја сакаш?
Или ти каже - Оп, немате деца више 5 години - ај развод - не сте „продуктивни“ за општеството?!?
...а она со доминацијата... мислиш дека мажот треба да е доминантен во бракот ли, што?