Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.062
- Поени од реакции
- 24.974
"Нашата демократија е како Космодиск, изгледа шашаво, ама функционира" своевремено ќе каже поранешниот претседател на нашата мила Македонија, Ѓорѓе Иванов-Хорхе.
Во храната исто така има шашави комбинации кои функционираат. Вашите баби и дедовци сигурно сте ги виделе како јадат леб, лубеница и сирење или леб, грозје и сирење. Во средно доживљај ни беше комбинацијата смоки со јогурт. Мене лично прв пат ми беше чудно кога пробав пршута со диња и пршута со сува слива и мислев којзнае колку гадно ќе биде, ама за чудо убаво беше.
Во Охрид има една пицерија каде што специјалитет и најскапа пица им е со тартуфи, пршута, моцарела, мед, ореви и маслиново масло. Баш ме копкаше таа комбинација и морав да ја пробам и не се разочарав беше феноменална.
Која чудна комбинаторика сте ја јаделе што се покажала како вкусна и ако имате вакви нетипични рецепти, споделете.