Шах

Член од
10 мај 2020
Мислења
56
Поени од реакции
69
Не знам зошто би го фаворизирале Карпов. Двајцата беа од една држава.
Нормално дека Фишер изгуби со службен резултат. Сакаше да наметнува свои правила. Тој не требаше ниту да биде светски првак. Ако Спаски не се согласеше да игра надвор од протоколите, Фишер требаше да изгуби службено (од Спаски).
Карпов бил познат како миленик на Руската федерација (го сметале за советски шаховски херој), а од друга страна и самиот Каспаров бил харизматичен и бунтовен по природа (што му се гледа во годините кога станува првак (22) а и во самиот стил на игра :)). Тој ионака отворено застанува против ФИДЕ на многу наврати до крајот на неговата кариера. А за Фишер што знам... Дали бил најдобар шахист на свет во неговото доба? Според мене да. Дали имал проблеми со менталното здравје? Апсолутно да. Од друга страна пак Спаски не бил приморан да прифаќа ништо, туку тоа го прави поради тоа што е најголем џентлмен во историјата на шахот. Фишер победува на таблата со 64 полиња па така според мене и му е заслужена победата, мада многу аспекти има тука за анализа и муабет... Кога ќе видиш и денешните првенства се играат во ,,стаклена кутија'' далеку од гласовите на публиката и во тотална тишина, па може Фишер бил пред времето. :D
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.914
@Паланчански , @Zaptija Stojkov , @The confused kid , @Aleksandar91 @Botko @FilipMKD007 , @Bridger @stipsburg , @Сладоледџија , @Winston_Makedonski , @КиреТешкоМее , @kokoskar последниве 2 год. што пишале ги тагнав и ако се најде уште некој....може посебна тема да се отвори да стои подолго време. И така нема што да се прави после 9 :)
Има интересна серија, ја изгледав за 1 ден, The queens gambit,вреди да се погледне..
 
Сега 5 епизода ја гледам :D
Шахот ми е најомилената игра, никад не ми било досадно да ја играм. Кога немало со кого сам сум играл, пред термо печка. Имаше по весници партии позади. Ми текнува една партија Каспаров против Дип Блу 95 мислам кога ја изгуби у 20етина потези, колку сум ја анализирал. Не дека нешто ептен сум разбирал :D
Опен сицилијан ја имам колку толку разбрано од партии по весници. Нема нешто премногу шаховски фори, ама пак...моментот со Росолимо против Боргов е добра фора....заебана стратегиска варијанта. Ја плескаа Карлсен и Каруана на последново светско доста ако не се лажам.
 
Сега читам наназад, пишале за серијата.. Јас пак највише од се сакам 4 player chess и секој ден играм.. Не дека не го сакам и обичниот шах, секој ден го пратам Антонио а.к.а агадматор, па и Мато Јелич, Сурен па и така некои понепознати канали.. Онака поинтересен ми е со 4 :D
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Сега читам наназад, пишале за серијата.. Јас пак највише од се сакам 4 player chess и секој ден играм.. Не дека не го сакам и обичниот шах, секој ден го пратам Антонио а.к.а агадматор, па и Мато Јелич, Сурен па и така некои понепознати канали.. Онака поинтересен ми е со 4 :D
Даниел обавезно :)
И Магнус у задње време...претходно Накамура. Добри се и сите од chess.com овој Агадматор ми стана досаден а и Накамура го истрола малку и од тогаш некако не го сакам :)
 
D

Deleted member 12196

Гостин
@Паланчански , @Zaptija Stojkov , @The confused kid , @Aleksandar91 @Botko @FilipMKD007 , @Bridger @stipsburg , @Сладоледџија , @Winston_Makedonski , @КиреТешкоМее , @kokoskar последниве 2 год. што пишале ги тагнав и ако се најде уште некој....може посебна тема да се отвори да стои подолго време. И така нема што да се прави после 9 :)
Баш и не сум за турнир.
Како прво, не сум учествувал на турнири (само еднаш како средношколец, каде како резервен играч ја направив најголемата сензација, го скршив мајсторскиот кандидат, и тоа два пати). Јас сум „див“ играч, не сум ги проучувал почетните потези и тоа ќе ми биде голем минус. Како второ, брзопотезните партии не ми лежат. Отсекогаш сум играл на размислување (било која игра), не на рефлекси (брзина). Како трето, кога би можел да се вратам во мојот шаховски зенит, некои 45 години наназад, и со мојот начин на игра достојно ќе се спротивставам. Како четврто, во оваа моја Тунгузија интернетот е проблематичен. Се случува (доста често) сосема да забави, па дури и да падне. Како пето, јас сум утринска птица, не ноќна. После 20 часот имам други обврски.
Не сакам да бидам расипувач на забави, но дефинирајте ги правилата...
 
Околу правилата јас мислам дека Rapid контрола на време би била нај пригодна (само поради тоа што повеќето играчи не се навикнати на брзопотезен шах), иако јас радо би играл блиц. @Bodhidharma ти што мислиш? И другите изјаснете се што најмногу ви прилега. За сајт го предлагам lichess.org мислам дека е најдостапен за сите, а можеме и на chess.com.Инаку @Паланчански би сакале да учествуваш доколку најдеш саат, два слободни, сепак со поискусни играчи е секогаш поинтересно. :)
 
10 минути е мислам најбоље, евентуално 15 | 10 ама многу време ќе траат партиите и цел турнир. Не сум организирал турнир и ретко играм турнири, ако знаеш како што можеме на lichess.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom