Баш и не сум за турнир.
Како прво, не сум учествувал на турнири (само еднаш како средношколец, каде како резервен играч ја направив најголемата сензација, го скршив мајсторскиот кандидат, и тоа два пати). Јас сум „див“ играч, не сум ги проучувал почетните потези и тоа ќе ми биде голем минус. Како второ, брзопотезните партии не ми лежат. Отсекогаш сум играл на размислување (било која игра), не на рефлекси (брзина). Како трето, кога би можел да се вратам во мојот шаховски зенит, некои 45 години наназад, и со мојот начин на игра достојно ќе се спротивставам. Како четврто, во оваа моја Тунгузија интернетот е проблематичен. Се случува (доста често) сосема да забави, па дури и да падне. Како пето, јас сум утринска птица, не ноќна. После 20 часот имам други обврски.
Не сакам да бидам расипувач на забави, но дефинирајте ги правилата...