Шах

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.053
Поени од реакции
12.936
Не бе, бландер напраил и сега пробува што знае и умее да се врати во игра, да те изненади со некој потег и да се збуниш. Мене ми се случува ова многу често, особено ако сјебам кралица на почеток, никогаш не се предавам, пробувам се што ќе ми текне жртвувам уште повеќе фигури и гледам кинг хант да почнам кај противникот. А обично ако не направма грешка или се оди на ендгејм (пион во дама промоција) каде што и не сум најсјајен, или пак се оди на гурање пиони напред да се отвори страната каде што направил рокада, тука само гледај да не може да затвори позицијата, мене секогаш ми е интересно на h6 да жртвувам ламферот за два пиони и да му е скроз отворена таа страна ако таму направил рокада. Треба ептен добро да игра одбрана за да избегне мат ако направиш ваков напад, а не верувам дека 700 рејтинг некој би знаел да се одбрани.
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Треба ептен добро да игра одбрана за да избегне мат ако направиш ваков напад, а не верувам дека 700 рејтинг некој би знаел да се одбрани.
Ама со 700 рејтинг таков напад никој не може да изведе.
 
Член од
10 мај 2020
Мислења
56
Поени од реакции
69
700 рејтинг? Па слаабо е тоа, што очекуваш да прави? :D

1900 качив на чес.ком, најмн до сега. 100 пати поинтересни се партиите од претходно :D
Браво, 1900 на chesscom е многу јако. Некој совет за нас послабите? Дали се работи за книги, тактики(puzzles) или талент? :)
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.053
Поени од реакции
12.936
Браво, 1900 на chesscom е многу јако. Некој совет за нас послабите? Дали се работи за книги, тактики(puzzles) или талент? :)
Јас сум 1500 па може Александар има некој подобар совет како со 1900 рејтинг, ама од мое искуство да ти споделам како напреднав, бидејќи мислам многу ја прават таа грешка јас што ја правев. Значи на почетокот гледав цело време traps некој и играта ја фокусирав на нив, учев на памет, и ако противникот не ги правеше потезите што претпоставував дека ќе ги прави во таа позиција (за да наседне на стапицата) па макар правел и многу полоши потези, јас се губев тотално и цело време грешев, пошто на памет сум учел. И така си почнав да играм сам како што ми доаѓа, гледав позициски цело време добро да сум поставен да можам да нападнам секогаш, да не го попречувам развојот на сопствените фигури со поставување на други мои фигури на тоа место (ова мн често го правев со пиун на трет ред и попречував развој на ламфери, а позицијата обично ќе беше ептен затворена за fianchetto), играв неколку отварања (кои тогаш не знаев како се викаат) ама потоа се фокусирав цело време на едно (подоцна дознав дека станува збор за italian game). Исто така на почетокот многу играв со глава во ѕид, секоја размена на фигури од иста вредност ја прифаќав, ако некоја жртва на фигури настанеше од противничка страна ја прифаќав без да калкулирам што би било после тоа, со грешките се учев и се научив дека не треба се да се прифати и дека треба да размислуваш што би играл противникот, а не само што ти би играл нареден потег. И уште еден совет, не играј премногу шах, на ден сум играл по 50 партии и да ти кажам искрено, колку и да ти тргне добро нема мозок коцентрација за толку, веќе почнуваш и да не гледаш фигури, па се што ќе стекнеш рејтинг ќе изгубиш од умор. Сега често знам да одморам и месец дена да не играм па пак да се вратам, супер е да играш, ама никогаш да се преиграш и да стане напорно за мозокот. Мислам дека ќе напреднеш и ќе станеш подобар играч и ќе ти тргнат победите, кога ќе престанеш да се замараш со рејтинг, теории, замки и ќе си фокусиран на анализа на играта што ја играш моментално, бидејќи претежно играме со слаби противници и многу често ако издржиш да не направиш грешка, противникот ќе направи пред тебе, само не секоја грешка е очигледна, за некои треба малку мислење да ги воочиш, затоа подобро е на почеток подолг формат да не се фокусираш на однапред научени потези (механички потези) туку кликерот да работи.
 
Последно уредено:

Јас не играм на ческом ама максимумот кој го достигнав беше околу 1700, а за повеќе не сум се потрудил бидејќи играм на lichess. Е сега вистина е дека има голема разлика помеѓу рејтингот на личес и ческом па затоа и го прашав Александар да ни даде малку знаење. Исто така долго време планирав да започнеме некој вид на серијал на форумов, дали ќе биде за отвори, средишници или завршници небитно, како би се подобрил секој кој сака да напредува. Поз.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.067
Поени од реакции
11.037

Појма немам како стигнав искрено. Пред една година бев околу 1500-600 и стигнав на краток период до 1700, па пак риквер 1550 :)
Во последно играм по сконцентрирано, и имам потрошено доста време на агадматор каналот, оннака си гледам од хоби. Ниш посебно. Може и да влијае тоа, али и порано сум гледал.
Се на се мислам дека концентрацијата е во прашање, и малце повеќе одиграни партии т.е искуство.
Се на се во последниве 2-3 месеци имам скок од 200-250 мислам. Се баш гледав моментално сум на 1940, +167 во последни 30 дена.
Да не го тупам, мислам дека претходно сум бил на реални 1700-1750, само што сум играл шах а во исто време и ФБ, работа и уште 100 др работи па ми бегала концентрацијата, и сум бил поради тоа на 1500-1600.

Мислам дека да прочитам некои книги и да посветам повеќе внимание на отворањата (особено со црни), решавање на проблеми и особено енд гејм патернс и тактики, би се качил до кај 2100
 
Член од
15 февруари 2010
Мислења
410
Поени од реакции
598
50 партии на ден не се нишо, посебно ако играш bullet chess. Или пак, наједноставно, играш додека си фокусиран и не ти опаѓа концентрацијата. Помислете дека постои некој лудак кој изиграл blindfold симултанка против 48 противници одеднаш, додека вртел на точак.

Иначе, играм повеќe на lichess него ли на chess.com, претежно bullet, највисок рејтинг ми бил 2150-2200. Кој е за некоја партија, бујрум.

Sent from my LYA-L29 using Tapatalk
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.067
Поени од реакции
11.037
Може да ми направи споредба некој на рејтинг на чес вс бличес?
Соодносот кој е?
 
Огромен скок за краток период, браво. Доколку имаш слободно време вреди да пробаш, со оглед на тоа дека брзо напредуваш. Инаку не сум многу запознаен со разликите во рејтинзите на двете страници, ама знам дека диференцијата се должи на тоа што користат различен рејтинг систем, на ческом се викаше Glicko и е најверодостоен до вистинскиот односно ФИДЕ рејтингот иако сепак со голема разлика. Исто така на личес почнуваш со 1500 а на ческом со 1200(ако не се лажам).
Автоматски споено мислење:

50 партии на ден не се нишо, посебно ако играш bullet chess. Или пак, наједноставно, играш додека си фокусиран и не ти опаѓа концентрацијата. Помислете дека постои некој лудак кој изиграл blindfold симултанка против 48 противници одеднаш, додека вртел на точак.

Иначе, играм повеќe на lichess него ли на chess.com, претежно bullet, највисок рејтинг ми бил 2150-2200. Кој е за некоја партија, бујрум.

Sent from my LYA-L29 using Tapatalk
Ова беше главна причина поради која ми стажираше напредокот неколку години. По штетна работа од булет не постои...
 
Член од
15 февруари 2010
Мислења
410
Поени од реакции
598
Зависи кое ниво си и колку сакаш да напредуваш. Верувам дека на почетник и не толку искусен играч ќе му штети у развој.
Плус можеш да фураш некое невообичаено отварање, разни гамбити и замки бидејќи противникот нема толку време за калкулирање.
Не дека не играм и блиц и 5/10 мин.

Sent from my LYA-L29 using Tapatalk
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.067
Поени од реакции
11.037
Муабетов ми беше, ако на чес.ком стигнеш до 2200 да речеме, колку би била + - реалната? 1800-900?
 
Член од
10 мај 2020
Мислења
56
Поени од реакции
69
Муабетов ми беше, ако на чес.ком стигнеш до 2200 да речеме, колку би била + - реалната? 1800-900?
Тоа неможе никој да ти го каже, зависи од форматот што го играш. Секако сметај дека 99% од игрите во живо се играат сериозно и компетитивно. Истото неможе да се каже за онлајн шахот бидејќи нормално и бројот на играчи е многу поголем.
Автоматски споено мислење:

Зависи кое ниво си и колку сакаш да напредуваш. Верувам дека на почетник и не толку искусен играч ќе му штети у развој.
Плус можеш да фураш некое невообичаено отварање, разни гамбити и замки бидејќи противникот нема толку време за калкулирање.
Не дека не играм и блиц и 5/10 мин.

Sent from my LYA-L29 using Tapatalk
Без разлика од кое ниво си, булетот нема да ти помогне на ниедно ниво. Тоа е повеќе игра на инстинкт отколку шах. Врвните играчи како Хикару и Магнус си го дозволуваат поради тоа што го постигнале пикот. Како забава одличен, ама за сериозен шах треба мислење. И зборовиве доаѓаат од човек кој изиграл илјадници булет партии после кои остануваш со лоши навики и без принципи...
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.053
Поени од реакции
12.936
Огромен скок за краток период, браво. Доколку имаш слободно време вреди да пробаш, со оглед на тоа дека брзо напредуваш. Инаку не сум многу запознаен со разликите во рејтинзите на двете страници, ама знам дека диференцијата се должи на тоа што користат различен рејтинг систем, на ческом се викаше Glicko и е најверодостоен до вистинскиот односно ФИДЕ рејтингот иако сепак со голема разлика. Исто така на личес почнуваш со 1500 а на ческом со 1200(ако не се лажам).
Автоматски споено мислење:

Ова беше главна причина поради која ми стажираше напредокот неколку години. По штетна работа од булет не постои...
Прилично сум сигурен дека ми беше 800-900, а не 1200. Единствeно што памтам е за турнир 100% дека ми беше 800 почетно, а за другите 3 формати што ги имам играно булет, рапид и блиц не памтам, ама 100% не беа 1200. Е сега мислам ова зависеше во поднесување на старт дали ќе наместиш како почетник или слично. Јас само на chess com играм, и омилени ми се 3+2 инкремент блиц и 10 рапид, друго послабо играм, булет ич не ми прави мерак.
 
Последно уредено:
Член од
10 мај 2020
Мислења
56
Поени од реакции
69
Јасно, затоа пишав "ако не се лажам" бидејќи немам многу искуство со платформата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom