Кажи го за пример Спаски или Таљ, мислам дека Накамура не е достоен за овој пример хахахах. Има его Хикару и за извоз... На секој втор стрим негативно критикува играчи инфериорни кон него. Завчера мислам дека гледав негов стрим, и кога изгуби партија од руски велемајстор, нормално четот почна да го спама и да пишува како е лош играч и што ти ја знам. Чоекот толку се налути што се фати за еден гледач и му вика ,,не сум лош играч, доколку кажеш уште еднаш дека сум лош играч ќе те банирам", и идентични примери како овој има нон-стоп на негов стрим. А околу односот кон Магнус, и самиот знае дека е инфериорен кон Магнус во поглед на класичен шах па и брз. И јас да сум инфериорен кон некого ќе немам ништо друго освен почит.
Кога сме веќе кај темава погледни и за елитизмот во шахот. Тука веќе може да го фалиме малце Накамура. Имаше лани случај каде Бен Фајнголд го прекоруваше Хикару заради тоа што го популаризирал шахот и внесол многу нови љубители на играта. Според мене елитизмот е една од најглупите работи што можат да се случат на шахот, јас долго време го чувствував тој елемент во играта кај најдобрите играчи и незнаев како да го опишам, ама елитизмот како збор најдобро го опишува тоа чувство. Мислам дека е ова видеото каде збори Хикару за проблемот:
https://www.youtube.com/watch?v=LKaRcYVULpo