Порано пред 11-12 години одев на шах во Гамбит школата карши ЈБТ (сега веќе не постои), ама кратко беше тоа, дома немав со кого да играм и ми падна и интересот за шах. И сите овие години до скоро, кога некој ќе играше шах или ќе предложеше да играме, ќе му речев дај не зезај, ќе тупиме мозок сега блабла, ама интересот за шахот ми се врати од каналот на јутуб на Agadmator, и буквално не само што почнав пак да играм туку станав подобар од тоа што сум бил порано, еве сега секој ден некое клипче гледма. Кога ќе кажам на луѓе им е смешно мислат за во Бардовци случај сум, ама мене стварно ми е интересно да гледам други како играат шах, особено со коментар како на хрватов, кој кажува многу едукативни работи и секкој потег го коментира + сите алтернативни варијанти + интересни факти, право уживање ми е да гледам. Онлајн играм на chess.com, обично класичен формат да можам да седам на фб дур играм, а и да немам никогаш проблем со време, се почнува со 1000 рејтинг, бидејќи бев труба на почетокот паднав до 600/700 (секоја партија носи по 8 поени отприлика зависи од рејтинзите, што повеќе партии имаш мислам толку помалку носи победа и секако што подобро рангиран победиш толку повеќе добиваш), ама потоа почнав да победувам и да не правам грешки и еве сега се вратив на 1130, излегов во плус, отприлика 70-30% ми е однос добиени изгубени во последниве 2 месеци. Имам уште доста да учам, особено кога гледам како жртвуваат фигури, а јас никогаш не жртвувам ништо, таа храброст веројатно со тек на време со повеќе партии се добива.