Шарпланинец

Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Барав од караман слика, цел во профил, нема...се е странично сликан, а нацртан го нема...многу малку арт има и од шарпланинци на нет....било која раса да напишаш на гугл, пример булдог паинтинг или дровинг на анг. излегуваат многу резултати, што значи дека уметниците на запад ги сликаат...од нашиве раси ништо нема...а треба да има. Тоа се национални богатства. Цртеж од шарпланинец,автор непознат...
 
Член од
18 август 2013
Мислења
59
Поени од реакции
16
Инфо за квалитетни шарпланинци во Македонија?
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Инфо за квалитетни шарпланинци во Македонија?
Манастир Свети Атанасиј Журче

Инаку имаш одгледувачници кои можеш да ги најдеш на интеренет. Знам дека има во Тетово. Има една се вика Јасен. А и Миленко Неделковски одгледува шарпланинци.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Дико од Македонија- најубав шарпланинец во Европа!

30.10.2014 10:57

За најубав шарпланинец во Европа пред неколку дена е прогласен Дико од Македонија-и не само сега-тој за своите две и пол години ги освои сите можни награди на сите домашни и меѓународни изложби...





Две и полгодини стариот шарпланинец Дико, чиј сопственик е Владо Каравилоски од Прилеп, пред неколку денови ја доби титулата најубав шарпланинец во Европа, на европскиот шампионат кој се одржа во Чешка. Каравилоски вели дека е многу горд на тоа што има најубавиот шарпланинец на целиот континент. На Дико ова не ми била прва изложба.

„Во Македонија има учествувано на над 20 изложби, во Грција во Солун има учествувано на голема цацип изложба, а лани на европското првенство во Женева исто ја освои првата награда каде стана млад европски првак“, истакна Владо Каравилоски, одгледувач на шарпланинци.

Љубовта на Каравилоски кон кучињата е огромна, освен Дико тој има и своја одгледувачница на шарпланинци кои ги продава дома и во странство. Вели дека за да се освои ваква награда потребно е голем труд околу кучињата.

„За подготвување за еден ваков настан е потребно многу работа. Потребна е голема физичка подготовка, потоа треба да се научи кучето да се покажува, на кинолошки јазик тоа се вика хенд лијнк или водење на кучето, кое што е најважна работа од се. Затоа што ако едно куче незнае да се покажува, тоа колку и да е убаво судијата нема да може да ги види убавите страни. Исто такам многу битна е и исхраната која треба да биде богата со минерали и витамини, без која не може да се извлече максимумот од едно куче“, додаде Владо Каравилоски, одгледувач на шарпланинци.

Ова е единствениот шарпланинец во македонската кинологија кој за само 2 години освоил две вакви значајни награди, малд и зрел европски првак.

За наредната година на светското првенство кое ќе се одржи во Милано, Италија, Каравилоски планира освен со Дико да настапи со уште неколку други свои шарпланинци.



Дарко Штаргоски
http://mrt.com.mk/node/16130
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Од русија е дошел и е направил видео-репорт за нашата гордос. Ќално е што толку малку медиуми дале принос за овој гест.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom