Шарпланинец

Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Географската положба на Република Македонија, нејзините природни ресурси, убавите планински предели богати со вегетација, високите брдовити рамнини и големите пасишта, допринеле луѓето кои живееле и се населувале во овие краишта од дамнешни времиња се занимаваат со сточарство. Одлгедувањето на овци била една од најразвиените сточарски гранки во минатото која допринела и за развитокот на една од најхаризматичните раси на кучиња ШАРПЛАНИНЕЦ.
Историјата на оваа раса според многу сознанија и пратпоставки почнува уште во многу дамнешни времиња. Овие краишта се познати по многу археолошки локалитети. Археолошките локалитети се доказ на цивилизациите кои некогаш живееле на овие простори. Анализирајќи ги остатоците од овие стари населби од кои некои се неолитски, пронајдени се предмети, украси во форма на кучиња и тоа не било какви, туку со молосоидна форма, кои до некаде ја докажуваат тезата дека тука живееле кучиња, претци на денешиот ШАРПЛАНИНЕЦ.
Мислења и претпоставки на некои историски аналитичари се дека родоначалниците на денешните шарпланинци ги донел Александар Македонски (Велики), повлекувајќи се од Азија, што се надоврзува со пронајдените слики од опкружувањето на владетелот Александар Македонски (Велики), каде се прикажани молосоидни кучиња кои наликуваат на денешниот Шарпланинец. Некои претпоставки се дека предците на шарпланинецот се донесени со големите преселби на народите од Азија, но по новите истражување покажале дека тој води потекло од Балканскиот Полуостров, поточно од планинските масиви на Македонија (Шарпланина, Кораб, Стогово, Бистра и Маврово).

Во историјата од минатите векови од времето кога со Македонија владеела турската империја, се воделе таканаречени книги “Дветери” во кои се запишувала популацијата на домаќинствата: луѓе, стока и кучиња. Овие книги служеле за водење на евиденција за собирање данок во тоа време и тие се заштитени во историскиот архив во нив може да се прочита дека само во Галичник во 1901 година имало 12000 овци и 700 шарпланинци. Во дваесетите години од минатиот век кога Македонија припаѓала во Кралството СХС бил формиран и кинолошкот сојуз на СХС и од тогаш почнале првите кинолошки испитувања на тлото на Македонија во врска со тогаш се уште не признаената раса ШАРПЛАНИНЕЦ, се до 1939 година кога под бројот 41 шарпланинецот и официјално е признат од страна на FCI.
По завршувањето на Втората светска војна Македонија е една од шесте Југословенски републики во тогашна повоена Југославија кога кинологијата добива посериозни размери. Во тоа време полека и расата шарпланинец почнува да се одгледува помасивно, со тоа што многу елитни примероци од планините се симнати во урбаната средина, кадешто се направени обиди расата да се модернизира и урбанизира, што придонело за нејзина популаризација.
Популарноста на шарплнинецот допринесува за да од шеесеттите па се до деведесттите години многу шарпланинци од бачилата на планините се однесени во останатите републики во тогашна Југославија и земјите на Западна Европа. Многу елитни примероци завршиле во центрите на Југословенската народна армија каде биле одгледувани како службени кучиња. Армијата во тоа време била една од клучните фактори во одгојот на Шарпланоинецот.
По распаѓањето на Југославија во раните девдесетти години во Македонија и Србија се регистрираатв повеќе одгледувачници за Шарпланинци, овој тренд е пропратен и пошироко во светот. Југославија беше матична држава на Шарпланинецот и уште неколку раси на кучиња кои по распадот на државата од страна наFCI еа доделени на државите кои настанаа со распадот на Југославија. Така Србија и Македонија ја добиа матичноста на расата Југословенски овчарски пец ШАРПЛАНИНАЦ.

Високите институции во Македонија сметаа дека шарпланинецот е национална гордост па така решија куваницата од еден денар да ја посветат на Шарпланинецот кои заслужено се најде на оваа монета. Исто така ликот на Шарпланонецот се наоѓа и на поштенската марка издадена од Македонски Пошти. Битно е да се напомене мислењето на некои стручњаци кога се зборува за шарпланинецот од Македонија, притоа значајно е да се истакне: “Клучните својства се наследени од песот што на подрачјето на Македонија постоел пред многу години”. Оваа раса и ден денес изворно е присутна и распостранета во ареалот на високо планинските пасишта на планинските масиви од Македонија. Шарпланинецот најбројно бил застапен на Шарпланина по која го носи и своето име.
Шарпланинецот е силен е добро граден пес. Обраснат е со долги густи и груби влакна, со силна конструкција, мирен темперамент, доста добро ќуден, но по потреба многу остар.
--- надополнето: 12 август 2013 во 17:17 ---
Општ изглед и карактер: Шарпланинецот е снажен, со добри пропорции, со големина која е далеку над просекот и со дебело, долго, прилично грубо крзно . Со цврста конституција, добар темперамент, сигурен, заштитник, непоткуплив и верен на својот господар.

Висина и тежина:

Висина до гребенот:
Мажјак: 62 cm
Женка: 58 cm
Мажи под 56 см и женки под 54 см не треба да се пуштаат во приплод.

Тежина:
Мажјак: 35-45 kg
Женка: 30-40 kg.

Должина на телото: Должината на телото е малку подолго од висината до гребенот; односот е околу 8: 10 за мажјак, 10: 12 за женка.

Глава:
Главата е пропорционална со телото. Нејзината тотална должина е околу 25 cm, што кореспондира со 40% од висината до гребенот. Черепот е нешто подолг од муцката (односот е 57: 43%). Черепот има благо испакната горна линија. Носната коска е права. Линиите на двата профила се конвергентни.

Череп (горен дел на главата) : Широк со добро означена бразда. Гледан во профил, како и одозгора, черепот треба да изгледа благо испакнат и малку заоблен. Веѓите се само малку означени. Тилот е незабележлив, невидлив.

Стоп: Благ.

Муцка: Пократка е од черепот, широка и длабока во основата, леко се стеснува кон носот. Носната коска е широка и права.

Нос: Широк и црн.

Усни: Умерено дебели и стегнати; горната усна само малку надвиснува врз долната усна.

Заби: Маказаст загриз, сите заби на број.

Очи: Бадемасти, ниту големи, ниту длабоко поставени, темно или светло кафеава боја, со тивок, но продорен поглед кој никогаш не покажува страв. Капаците и видливото сврзно ткиво треба да се црни.

Уши: Поставени се на линија која иде од врвот на носот до внатрешниот агол на окото или нешто подолу. Тие се во облик на буквата ,,V’’ и паѓаат, блиску до образот, покриени се со густо, кратко влакно.

Врат: Гривата е благо испакната или права. Линијата на грлото е права. Вратот е средна должина, но поради големината и дебелината на крзното изгледа помал од неговата вистинска големина. Широк, длабок и мускулест, се спојува рамно во главата и рамениците. Да се носи во одреден степен над грбната линија. Кожата е дебела и без висечка кожа. Влакното е густо, долго и грубо, со означен набор на спојот на вратот и главата.

Тело:

Општ изглед: Грбната линија е хоризонтална или леко наклонета кон сапите. Кучињата одгледани во планините може да имаат сапи кои се поставени повисоко од гребенот, но ова не е пожелна карактеристика. Вкупната должина малку ја надминува висината до гребенот.

Гребен: Средно развиен и широк. Припојот со вратот е моќен, а преминот тешко забележлив.

Грб: Прав и широк, не премногу долг. Кај слабината е пократок, широк и мускулест.

Задник: Средна должина, наведнат и мускулест.

Гради:
Длабоки, достигнуваат до лактите, средна должина, со благо заоблени ребра. Предградите се широки и мускулести. Обемот на градниот кош треба да ја надминува висината до гребенот за најмалку 20%.

Стомах:
Вовлечен и мускулест. Долниот профил нежно се подига од предниот кон задниот дел. Слабините се прилично кратки со нагласена вдлабнатина.

Опашка:
Опашката е долга и достига барем до скочниот зглоб. Горната линија на задникот е наклонена постепено и рамномерно во опашката. силна во основата, се зашилува кон врвот, со перја по долната страна. Се носи во блага крива како сабја. Кога кучето е возбудено, кривата е нагласена и опашката може да биде подигната над линијата на грбот.

Екстремитети:

Предни:
Општ изглед: предните нозе се прави и добро пропорционални со телото. Лактите се околу 55% од вкупната висина до гребенот. Различните делови на нозите се добро пропорционални едни со други и со телото. Рамењата се прилично долги и широки, рамни, наведнати и формираат агол од 65° со хоризонталната линија. Надлактицата ( хумерусот или рамената коска) е во одреден степен покосо поставена од лопатката, аголот со хоризонтална линија е од 55 °. Се присоединува со предните нозе во агол од 145°. Зглобот на лактот е широк, ниту надвор, а ниту навнатре и е поставен на само мало растојание од градниот кош. Подлактицата е рамна, долга, со добро развиени мускули и перја долж задната страна. Дошапјата се широки и јаки, малку коси. Нозете се цврсти, овални со добро заоблени и затворени прсти. Ноктите силни и црни. Стапалата се тешки, но еластични, црна боја.

Задни:
Гледани од назад, нозете треба да се поставени еднакво, маку пошироки од предните екстремитети. Гледани од страна, треба да се мошне добро аглувани. Бутот е мускулест, заоблен, косо поставен, аглот со хоризонталната линија треба да биде ист со тој на рамењата. Коленото е нешто помалку аглувано од зглобот меѓу лопатката и хумерусот (околу 125°). Коленото е силно и широко.
Потколеницата е косо поставена, силна, со долги мускули и многу густи перја.

Движење: Чекорот е долг и еластичен. Највообичаеното движење е касот со високо и умерено испружување. Во галоп кучето се чини дека е малку тромаво но скоковите се долги и покриваат многу на теренот.

Кожа: Кожата е умерено дебела, еластична и затегната на целото тело. Без висечка кожа. Сите видливи слузокожи се црни или длабоко пигментирани.

Крзно: Главата, ушите и предната страна на нозете, се покриени со кратко влакно. Околу вратот, на бутот, на задната страна на нозете и на опашката влакното е долго, скоро рамно и малку грубо. Под надворешниот слој, изобилното подвлакно е кратко, густо и со фина текстура. На гребенот влакното треба да биде помеѓу 10 и 12 см; тоа не треба да биде пократко од 7 см.

Боја: Шарпланинецот е солидно обоено куче. Сите бои се прифатливи, од бела до темно кафена што изгледаат речиси црни. Посакуваната нијанса е зеленкасто сива (железо сива боја) и темно сива боја. Бели ознаки не се дозволени. Пигментираните кучиња можат да покажат ситни бели ознаки на градите и прстите, но тие се непожелни. Горниот дел на главата, вратот и телото е во потемна нијанса која се губи во валкана бела или жолтеникаво сива кон екстремитетите. Промената мора да биде постепена.
Грешки: Секое отстапување од горенаведеното се смета за грешка и се зема во обзир во зависност од интензитетот на отстапувањето.

Мали грешки:
• Недоволно широк череп
• Предолга муцка
• Недоволна ширина и длабочина на градите
• Рамни или претерано заоблени ребра
• Секое мало отстапување на усните од правилната позиција
• Влакното нешто пократко од посакуваното, се додека перјата се во ред
• Бели ознаки на градите и стапалата
• Пократка опашка
• Зајачки нозе и други незначителни физички отстапки
Сериозни грешки:
• Предолга муцка или заострена
• Уши поставени премногу високо или не висат доволно близу до образите
• Клештовиден загриз
• Седлест грб
• Опашка странично свиткана
• Лимфатична конституција и други физички отстапки (дефекти)

Елиминациони грешки:
• Агресивност или претерана плашливост
• Недостик на предкатник
• Воочлива нескладност помеѓу должината на телото и висината до гребенот
• Недоволна висина до гребенот
• Влакно пократко од 7cm
• Депигментирана видлива слузокожа и очи

**Мажјаците мора да имаат два очигледно развиени тестиси спуштени во скротумот...
--- надополнето: 12 август 2013 во 17:21 ---

Еве го гани корабски,доста добар претставник на расата,мислам дека некој првак беше.
Што мислите за расата,да си размениме некое мислење овде :)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Прекрасна раса, само едно не ми е јасно, до 45кг? сум видел доста поголеми...(60+)
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Прекрасна раса, само едно не ми е јасно, до 45кг? сум видел доста поголеми...(60+)
Расата е целосно изменета и според мене помалце осакатена.Прав шарец од планина мноогу е поразличен од овој урбаниот.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Шарпланинецот ми е во топ три раси, едноставно врв, само е греота да го чуваш во урбана средина, природна и здрава средина му се планини и широки простори.
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Сон ми е еден ден да купам куќа на село и да имам шарпланинец,хаска и германски овчар у двор.:)
 

Блаугранец!

mes que un club!
Член од
28 август 2009
Мислења
785
Поени од реакции
176
Сон ми е еден ден да купам куќа на село и да имам шарпланинец,хаска и германски овчар у двор.:)
Па ти само за кучињата ќе работаш ако ги имаш свите три :)
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Сон ми е еден ден да купам куќа на село и да имам шарпланинец,хаска и германски овчар у двор.:)
Незнам само што ќе ти е хаска ако сакаш да чуваш прави кучиња.

Инаку,изворен шарпланинец е помал,со пократко крзно,послаб и реално понеубав за разлика од овие урбаните.

Сум видел прав шарпланинец од оној изворниот и сум правел муабет со луѓе што прилично добро се разбираат во оваа раса.Секако дека на изложба се бара едно,а на бачило се бара сосема нешто друго.

Урбаниве шарковци имаат муцки како бернандинците-виснати.Во случај на борба со волк,кога волкот ќе го угризе тоа има да му ја расцепи фацата.Друга работа е тежината и брзината на кучето,нашиве по дворовите се многу големи и многу дебели,што додатно ги уназадува за на планина.

Има многу разлики помеѓу шарпланинците овие дворскиве и тие на планина.
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Работата со шарковците кај нас е што тоа воопшто не е издефинирана и уедначена раса. Постоењето на толку драстични разлики помеѓу „урбаниот„ и „изворниот„ шарко само кажува колку расата е млада и колку одгледувачите не се придржуваат до стандардот па така секој прави свој тип и затоа ниедно куче не личи на друго. Факт е дека урбаниот шарко не може да си ја заврши работата за која шарпланинецот бил створен и користен, со што по автоматизам значи дека не е вистински претставник на расата според стандардот. Денешните високи, крупни кучиња со толку долга длака на изложби изгледаат убаво и полнат око, ама за мене тоа не е прав шарко.

И кај лабрадорот постоеше поделба на ловни и изложбени кучиња. Меѓутоа таквата поделба одамна е отфрлена. Денес ни еден пес што има топ екстериер, не е достоен претставник на расата доколку нема желба за работа, и не исполнува некој минимум на работните испити.
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Работата со шарковците кај нас е што тоа воопшто не е издефинирана и уедначена раса. Постоењето на толку драстични разлики помеѓу „урбаниот„ и „изворниот„ шарко само кажува колку расата е млада и колку одгледувачите не се придржуваат до стандардот па така секој прави свој тип и затоа ниедно куче не личи на друго. Факт е дека урбаниот шарко не може да си ја заврши работата за која шарпланинецот бил створен и користен, со што по автоматизам значи дека не е вистински претставник на расата според стандардот. Денешните високи, крупни кучиња со толку долга длака на изложби изгледаат убаво и полнат око, ама за мене тоа не е прав шарко.

И кај лабрадорот постоеше поделба на ловни и изложбени кучиња. Меѓутоа таквата поделба одамна е отфрлена. Денес ни еден пес што има топ екстериер, не е достоен претставник на расата доколку нема желба за работа, и не исполнува некој минимум на работните испити.
Не е само кај Шарпланинецот тој проблем со неидентичност и голема разлика во расите.Пример да го земеме и Кане Корсото.Нареди повеќе кучиња од оваа раса се гледаат огромни разлики.Истото е и кај Стафорд,Шарко....

А пак од спротива Волчјакот,Ротот,Доберманот за мене се одлично селектирани раси.Шаркото не е млада раса,туку има луѓе што сакаат шарппанинците да им бидат што поголеми,а не ја припазуваат воопшто пишаната висина и тежина за тоа куче.Се е до кинолошката култура во Македонија па и на Балканот.

Се станува јасно кога на изложба во Мк еден Германски офчар го оценуваат со 5,а истото куче на изложба во Германија доаѓа до едвај 3ка. И тука почнува тоа дека имам куче со одличен пет,па ќе се пари со кучки за да се спечалат пари,а воопшто не се запазува на селекцијата.

Истиот проблем го имаме и со Македонскиот офчар.
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Не е само кај Шарпланинецот тој проблем со неидентичност и голема разлика во расите.Пример да го земеме и Кане Корсото.Нареди повеќе кучиња од оваа раса се гледаат огромни разлики.Истото е и кај Стафорд,Шарко....

А пак од спротива Волчјакот,Ротот,Доберманот за мене се одлично селектирани раси.Шаркото не е млада раса,туку има луѓе што сакаат шарппанинците да им бидат што поголеми,а не ја припазуваат воопшто пишаната висина и тежина за тоа куче.Се е до кинолошката култура во Македонија па и на Балканот.

Се станува јасно кога на изложба во Мк еден Германски офчар го оценуваат со 5,а истото куче на изложба во Германија доаѓа до едвај 3ка. И тука почнува тоа дека имам куче со одличен пет,па ќе се пари со кучки за да се спечалат пари,а воопшто не се запазува на селекцијата.

Истиот проблем го имаме и со Македонскиот офчар.
Е видиш и КК е млада раса како и Шаркото, а кога велам млада(нормално во однос на другите раси) велам според тоа кога е излезен првиот валиден стандарт според ФЦИ. Од овие три раси ја заборави единствената раса на светот што можам да кажам дека е најчиста, кај која нема типови, туку има само крвни линии кои носат специфични ситници, но старите одгледувачи добро ги познаваат - Боксерот. Нејсе, сите раси што ги спомена се германски раси, а германците имаат многу строга селекција. Во Германија, на специјалка, кучињата се оценуваат најмногу со 4ка до нивната 18годишна возраст. Таму е чест да ти пишат 4ка, а нешто повеќе, тоа значи си вечерал со Господ.

Ние и селекција - небо и земја, за да се стигне до моментот за парење, треба многу други предуслови да бидат исполнети, почнувајќи од здравствена гледна точка. Порано условите за СН беа построги, денес отиди на овие охридскиве изложби, плати, ќе добиеш не само СН туку дури и мулти СН :facepalm:Колку што слушнав оваа година таму македонци слабо...додуша вистинските такмичари со правите кучиња веќе не се појавуваат на ниедна македонска изложба.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
76
Поени од реакции
43
Е видиш и КК е млада раса како и Шаркото, а кога велам млада(нормално во однос на другите раси) велам според тоа кога е излезен првиот валиден стандарт според ФЦИ. Од овие три раси ја заборави единствената раса на светот што можам да кажам дека е најчиста, кај која нема типови, туку има само крвни линии кои носат специфични ситници, но старите одгледувачи добро ги познаваат - Боксерот. Нејсе, сите раси што ги спомена се германски раси, а германците имаат многу строга селекција. Во Германија, на специјалка, кучињата се оценуваат најмногу со 4ка до нивната 18годишна возраст. Таму е чест да ти пишат 4ка, а нешто повеќе, тоа значи си вечерал со Господ.

Ние и селекција - небо и земја, за да се стигне до моментот за парење, треба многу други предуслови да бидат исполнети, почнувајќи од здравствена гледна точка. Порано условите за СН беа построги, денес отиди на овие охридскиве изложби, плати, ќе добиеш не само СН туку дури и мулти СН :facepalm:Колку што слушнав оваа година таму македонци слабо...додуша вистинските такмичари со правите кучиња веќе не се појавуваат на ниедна македонска изложба.
Морам да се надоврзам со тебе и за расата што јас ја чувам.Сите викаат дека азијатот требало да биде многу подебел од мојот дека требало не знам како да изгледа,тука ги пукаат со свашта само за да им бидат поголеми за борби.Една жена која ја чува и одгледува расата одамна,од Русија,имаше пишано некаде по фејсбук на нашиве,дека ја изобличиле расата и тоа со следните зборови.Вие од нив сте направиле ѕверови,ова не се тие овчарски кучиња.И земав разгледав некои клипови од русија од 2000 година некоја изложба,да ги видите таму азијатите,а видете какви ѕверови навистина направиле од нив.Додуша не се замарам веќе,мене на ветеринар ми рекоа дека не е слаб,туку напротив добро што не сум претерувала со глупости и е правилно израснат,само ме нервира што претеруваат и ги прават по 100 кила како диви животни,со сила ги клукаат,а после тоа им се појавуваат проблеми.
Имаше кај мене во населба огромен шарпланинец,едно 20-30 цм повисок од тоа што треба да биде и по крупен како мечка беше,немаше ни две години почнаа проблеми по здравјето и на крај го евтаназираа.Мислејќи дека ќе имаат поубав примерок,им го уништуваат здравјето
 
Член од
23 ноември 2013
Мислења
2
Поени од реакции
0
Moze li nekoj da mi kaze kako so sarplaninec e naj dobro da se postavis za da zadrzis dominantnost nad nego??
 
L

Lu

Гостин
Moze li nekoj da mi kaze kako so sarplaninec e naj dobro da se postavis za da zadrzis dominantnost nad nego??
Исто како и со секоја раса, нема тука некоја логика.
Во што е проблемот, во кои ситуации осеќаш дека те доминира ?
Објасни и опиши ситуации подетално, ако сакаш конкретен одговор.
 
Член од
23 ноември 2013
Мислења
2
Поени од реакции
0
Eve na primer ne dozvoluva da mu bides u blizina dodeka jade so ne e isti slucaj so predhodnoto kuce so go imav i toa od rasata pitbul takvi problemi so nego sum nemal nikogas so ovoj ne znam kako da postapam da prestane da bide agresiven dodeka ima koska ili jadenje pred nego???
 
Член од
1 декември 2013
Мислења
2
Поени од реакции
1
Sarplaninecot e Rasen pes opisan vo Standardot na Rasata,nema Urban,Izvoren-ima samo eden Sarplaninec,toa sto go pisuva vo Standardot i nisto povekje niti pomalku!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

Kajgana Shop

На врв Bottom