Шангајско Рангирање - УКИМ прв?

M

Mario Gómez

Гостин
Поентата е едноставна, без разлика на тоа на кој универзитетски факултет ќе завршиш на крај се цени индивидуалниот квалитет, дипломата ти е насока.
Тоа у некоја идеална држава со идеален систем, или ако одиш во странство. Никој неможе да ме убеди дека у Македонија најголеми шанси на интервју немаат на УКИМ студентите. Имам и примери за да докажам, но глупо би било да наведувам.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
Тоа у некоја идеална држава со идеален систем, или ако одиш во странство. Никој неможе да ме убеди дека у Македонија најголеми шанси на интервју немаат на УКИМ студентите. Имам и примери за да докажам, но глупо би било да наведувам.
Читај ми го уште еднаш претходниот пост, конкретно за Економски и Правен. Ако мислиш дека ќе се вработиш само ради дипломата на УКИМ што си ја земал грешно се лажеш... Се оди на кванитет а студентите после немаат појма откако ќе завршат факултет, моментално тоа е најголемиот проблем што државата си прави ќар од се поголемиот број на студенти на овие факултети. А за технички науки тоа е веќе друга тема на разговор.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Јас пред месец дена завршив на Машински, и она што можам да го кажам генерално е дека научив многу, иако не читав многу.
Кога би ги споредил Машински и Економски на УКИМ, според мене, на машинскиот многу повеќе ке знаеш, и по спремен ке бидеш да стартуваш на некое место со работа,или пак сам да си отвориш фирма, додека на економски кај ке се утепаш од бубање, немаш пракса, и имаш многу голема конкуренција на твои колеги кои имаат исти знаења исти струки и сл.
На мојот смер Индустриски Дизајн, од 60 луѓе кои бевме во прва година 2007ма, до сега завршија 20, од кои 20 се откажаа, а другите 20 имаат уште неколку предмети. Така да конкуренцијата е мала, а знаењата и можностите се големи.
Јас сега спремен сум да работам,моделирање во графички софтвер, графички дизајн, веб дизајн, анимации, технички цртежи, и да да дизајнирам нови производи, значи иновации (кои носат најголем профит, ако се успее да се произведат, бидејки со иновацијата автоматски создаваш монопол, само ти тој производ го поседуваш, а сите знаеме дека во монополот лежат паричките, пример ОКТА, ЕВН, Мобимак на времето и тн).
Исто така можам и да работам во фабрики од разни индустриски гранки.
Сега планирам да отворам свое дизајнерско студио, и да изработувам проекти за разни клиенти како на пример, дизајн на интериери и мебел, дизајн на амбалажи, дизајн на логоа и рекламен материјал и тн.
И за сето тоа ми треба една канцеларија, столчиња и деловна маса за прием на клиентите, добар компјутер со јака графика, и додатна канцелариска опрема (хартија, пенакала, фломастери, интернет приклучок телефон и уште нешто ситно.
Значи со релативно малку пари ке одпочнам бизнис во мојата струка.
Не викам дека од старт ке ми биде лесно, ке биде тешко, секој почеток е тежок дури се пробијам, и им станам познат на клиентите кои ке имаат потреба од моите производи, но потоа ако успешно работам, ке можам да си дозволам и да вработам уште некој и да создадам тим од дизајнери, со што ке можам повеќе проекти за пократко време да ги изработувам а со поголем квалитет, бидејки во проектирањето ке бидат вклучени повеќе умови. Но тоа со тек на време сега за сега целта ми е да си ја вратам инвестицијата во факултетот со отпочнување на свој бизнис.
Истото е и со електро факултетот на пример, или градежен и тн.
Тешки се техничките факултети не викам не, ама според мене од економски и правен не се потешки, напротив полесни се а се стекнува многу поквалитетно знаење, и спремност за работа во својта струка.
Ок, секој не е роден за математика и физика, или пак секој не може да буба по 200-300 страни за испит, но на крај битното е кој повеќе ке знае, кој ке биде поспремен за работа и најбитното кој ке има посиплатлива работа.

На приватните факултети мислам дека имаат створено услови за модерни студии, но факт е дека повеќето што одат на приватен се студенти кои сакаат да се стекнат со диплома не со знаење и чии родители имаат надпросечни финансиски примања.
Сепак проесечно семејство во македонија има приходи од 4000-5000 евра годишно, и од тие 4000 треба да издвои 2000 за чланарина на фак, + семинари,превоз, јадење,сместување. Тешко дека ке им остане за леб и кисело млеко. Така да побогатите само може да си дозволат приватен фак.
Можеби и моите да имале толку пари да фрлат на ФОН би отишол таму но сега откако завршив, знам дека би се покајал доколку сум го направел тоа.
Сега имам другар кој лани дипломираше на ФОН на правен факултет, и сега е на посдипломски. И го прашувам што планираш после посдипломските да работиш, и ми вика, не знам ке најдам нешто, во смисла бидејки неговите имаат малку повеќе парички, ке најде некоја врска преку нив пошто они се на добри работни места. Но реално штом некој магистрира, и после тоа бара врски за да се вработи, џабе му е титулата. Дипломата нека си ја урами и нека ја искористи како материјал за фалење по гости.
Еден магистар треба да биде спремен да работи како адвокат, да ги знае уставот на рм законите и членовите, да знае да брани случај. А не да ми дава такви фушарски одговори, мама ке ми најде работа... кој е тој одговор молимте...
Сите сме биле во ситуација да бараме некаква помош од некој во смисла на врска,јас го разбирам тоа, ама другаров барем една идеја да имаше, некаква визија, нешто што го влече.
Мислам дека ако постојат студенти на приватниве факултети што навистина сакаат да научат, дека можат да го сторат тоа, бидејки имаат модерна настава и јаки професори, но бидејки лесно може да се помине на испит, мнозината ја одбираат полесната опција, и тука се заебуваат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom