Можеби и не е. За првите две места е очекувано, само Штулов зад Европски ми е малку чудно.
Тоа рангирање (цитираното) е посредно. Исклучиво од web-site анализи и објавени трудови. За у МК е тотално нерелевантно.
Ова рангирање, што се збори деновиве по ТВ, што Министерот вети дека
денес ќе го објави пошто било „готово“, ама баш и не е (пошто не знаат како св. Апостол Павле да го качат погоре или на Бојо „универзитетот“ како да му го приближат на Фиат), рангира според запишани, завршени студенти и вработени студенти во првите 6 месеци по дипломирањето.
Ова рангирање, што е „готово“ ама не го соопштуваат,
не рангира квалитет на настава, содржина на студиски програми (што е тоа што се поучува), компетентност и ангажираност на професори, не анкетира студенти, работодавци... Ова рангирање, што е „готово“, ама не било баш готово, има за цел
само една работа: Да покаже дека државните универзитети се подобри од приватните универзитети. Толку.
На оваа листа (која била готова, ама, еве, не била баш готова) се рангираат
на една ЗАЕДНИЧКА листа:
(1)
државни универзитети со по 35-6 факултети и 1000-и кусур студиски програми + 10 институти и
2-3000 професори, со
(2)
приватни универзитети со 5 (пет) факултети и 5 (ПЕТ) студиски програми - било каков институт и некои 6 професори
(3)
приватни високи стручни школи (без научно-истражувачка дејност) со
една до две студиски програми и 10-15
предавачи.
Оваа ранг листа нема да има
никаква употребна вредност за идниот (или тековниот) студент, пошто нема да му даде
никаква квалитетна информација која ќе му помогне во изборот на институцијата каде ќе студира. Го боли к*рот идниот студент колку професори има на факултетот или колку студенти се запишале пред две-три години. Него/неа ги интересира
каква настава има, што ќе научат на факултетот и каде има шанси да се вработат по дипломирањето.
Оваа ранг листа
воопшто не се занимава со овие показатели.