Шангајско Рангирање - УКИМ прв?

Staufer

Cogito ergo sum
Член од
17 јануари 2008
Мислења
14.808
Поени од реакции
19.325
За жал екстремно лош резултат, иако ваквите ранглисти можат да бидат само индикатор пошто секоја си има своја методологија. Но и без овие листи јасно ни е на сите дека универзитетите во Македонија имаат големи дефицити.

Мито е само еден дел но има доста други. Кадарот ни квалитативно ни квантитативно може да ги задоволи потребите, иако секако има исклучоци на квалитативен план. Наука скоро да нема кај нас, научни трудови се ретки, неквалитетни и во многу случаеви плагијати. Не студирам во Македонија но су видел како тн. ph.D. продава скрипта односно копирана книга од друг професор а ја сменил само насловната страна со своје име а внатре на страните го пишува вистинскиот автор. :facepalm: Во други земји за ова ќе фрчат пријави и одма добиваш одказ пошто РЕПУТАЦИЈАТА како професор ти е веќе на нула. Од ова произлегува проблем со снабдувајне на литература. Нема доволно литература, странски уште помалку. Се прашувам дали е можно владата парично да мора да ги мотивира Македонските Академци да напишат научен труд и да го објават во некоје реномирано списаније? Од што се плашат нашите Академци? Дека мора да конкурираат со научници од цел свет? Дека секој гаф кој кај нас би поминал ќе биде забележан?

И една работа што може да го уништи високото образование е спуштајнето на квалитетот. Значи почнаа средно да го прават основно. 97% одат на факс и со тоа и дипломата од факс станува нормална работа. Па веќе и магистратурата кај нас нема вредност и прашајне на време е кога Македонија ќе стане земја со најмногу доктори на науки према жител. Ова е двостранен проблем. Дипломата не значи веќе ништо, за џабе ти е и да имаш знаејне и да немаш. И секако секој бара најлесен начин да стане академски граѓанин и затоа приватните универзитети имаат таков прилив.

Жал ми е за вистинските таленти кој секако постојат во Македонија кој најмногу страдаат од ваквите слабости а со тоа на долгорочен план губиме и како држава и општество.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
10.343
Поени од реакции
14.071
Европски подобро рангиран од УЈИЕ :pos:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.084
Поени од реакции
8.222
Гледам мојот Универзитет не е добро рангиран,но барем не земаат пари за оценка,500 ден. за минус и професорите не се ѓубриња како на прворангираниот УКИМ.
Сакаш да ти набројам неколку што зимаат пари за оценка? :)
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
256
Нормално дека УКИМ ќе биде прв кој друг !? Нема друг факултет другото е нула за уким тоа е реалноста . ФОН ? оној за туризам кај лептокарија ?! Гоце Делчев не е лош ама е мн помал па веројатно е втор на листава .... тие у тетово не ги ставам ни под разно тоа не е факултет можеби од приватниве американскиот е нешо по така-така ама другото не заслужува да биде факултет
Забораваш еден Битолскиот, или тоа за тебе не е факултет, ги дискриминираш студентите што студираат таму или што?
Кога сте глупави и кога не размислувате зошто пишувате мислења, само да се брои.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.084
Поени од реакции
8.222
Не би било соодветно да ги кажувам по име и презиме, би требало да се сетиш кои се. На чело е шефот на катедрата, 400 евра е 6ка.
Тебе не ти предаваше мојот професор по физиологија, и асистентката, исто така.
Статистика, исто така...
Сексологија, исто така.

За тие знам со сигурност - а според неодамнешните настани, нашиот професор земал пари за приватни часови, зарем не? Според негов колега (од иста канцеларија) држел приватни часови уште од 2005 година.
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Не би било соодветно да ги кажувам по име и презиме, би требало да се сетиш кои се. На чело е шефот на катедрата, 400 евра е 6ка.
Тебе не ти предаваше мојот професор по физиологија, и асистентката, исто така.
Статистика, исто така...
Сексологија, исто така.

За тие знам со сигурност - а според неодамнешните настани, нашиот професор земал пари за приватни часови, зарем не? Според негов колега (од иста канцеларија) држел приватни часови уште од 2005 година.
А дали им биле барани пари на студентите за 6ка или тие нуделе пари да им пишат 6ка.Ако професорот бара пари за 6ка,на кој начин избира студенти на кои ќе им бара пари?Ако студентите нудат пари за 6ка,кој им је крив што се дрва и не знаат да научат за 6ка.Повеќе ме интересира првото прашање.

Патем,за професорот што држел приватни часови и земал пари за тоа,го оправдувам.Кој е глуп и не сваќа на предавање ќе иде на дополнителни приватни часови.Како на некои им е доволно и саат ипол предавање ?
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Забораваш еден Битолскиот, или тоа за тебе не е факултет, ги дискриминираш студентите што студираат таму или што?
Кога сте глупави и кога не размислувате зошто пишувате мислења, само да се брои.
не е на тоа ниво ама океј ете нека биде и битолскиот и охридскиот за информатика не го спомнав ете веке ако се правиме паметни
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
256
не е на тоа ниво ама океј ете нека биде и битолскиот и охридскиот за информатика не го спомнав ете веке ако се правиме паметни
Јас немам многу контакт со Македонските универзитети ама пријателе Битолскиот постои 60 години половина од академиците и од професорите во Скопскиот универзитет се од Битолскиот, заклучно со премиерот. Скопскиот е прв ама за втор нема дискусии.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Јас немам многу контакт со Македонските универзитети ама пријателе Битолскиот постои 60 години половина од академиците и од професорите во Скопскиот универзитет се од Битолскиот, заклучно со премиерот. Скопскиот е прв ама за втор нема дискусии.
ok
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.084
Поени од реакции
8.222
А дали им биле барани пари на студентите за 6ка или тие нуделе пари да им пишат 6ка.Ако професорот бара пари за 6ка,на кој начин избира студенти на кои ќе им бара пари?Ако студентите нудат пари за 6ка,кој им је крив што се дрва и не знаат да научат за 6ка.Повеќе ме интересира првото прашање.

Патем,за професорот што држел приватни часови и земал пари за тоа,го оправдувам.Кој е глуп и не сваќа на предавање ќе иде на дополнителни приватни часови.Како на некои им е доволно и саат ипол предавање ?
Давањето и примањето мито претставува корупција, без оглед дали студентот бил труп или професорот бил лаком. Од било која гледна точка - корупција е.
А професорот може слободно да држи приватни часови, ако плаќа данок за истите, односно, студентите можат да посетуваат курс кој го плаќаат, но легално, или професорот да држи дополнителни часови - без да наплаќа.

И од тој аспект, законот баш го боли дали некој му е доволно саат ипол или не.

Што значи, нашиот универзитет е далеку од тоа дека немаме корумпирани професори.
Да не зборуваме колку имаме само незаинтересирани професори, за кои се прашуваме на кој начин воопшто стигнале до диплома, а не докторат.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Шангајското рангирање има за цел да ги утврди научно-истражувачките капацитети на високообразовната установа. Ова рангирање воопшто не се занимава со квалитет на наставата, квалитет на наставни програми, услови за студирање, задоволство на студентите или работодавците или предавачкиот капацитет на професорот.

The ranking compares 1200 higher education institutions worldwide according to a formula that took into account:
1. alumni winning Nobel Prizes and Fields Medals (10 percent),
2. staff winning Nobel Prizes and Fields Medals (20 percent),
3. highly-cited researchers in 21 broad subject categories (20 percent),
4. articles published in the journalsNature and Science (20 percent),
5. the Science Citation Index and Social Sciences Citation Index (20 percent) and
6. the per capita academic performance (on the indicators above) of an institution (10 percent).

Ниту еден од критериумите не се однесува на наставата - ниту еден!

Клучниот проблем со македонското високо образование не е научно-истражувачката дејност на универзитетите (иако е оваа многу важна, а кај нас практично никаква) туку очајната состојба со квалитетот на наставата (кур-ме-боле и плати-па-клати предавачи), просторно-техничките услови (ама немаме училница за колоквиумов, па дојдете задутре) и квалитетот на материјата која се поучува (застарени студиски програми).

Ова рангирање (шангај) воопшто не вклучи никакво анкетирање (ни студенти - ни работодавци), ниту една студиска програма не беше разгледана, ниту еден професор евалуиран, ниту една училница проверена во поглед на просторно-технички услови.

Сите податоци кои беа побарани од институциите беа една excel табела со седум (7) полиња со бројки. Значи, 7 (седум).

Доколку намерата на рангирањето навистина беше да се види каде има квалитетно образование, требаше да се користат Берлинските принципи на рангирање кои се сосем поинакви од Шангајските.

...ама тогаш ќе требаше да се евалуираат професорите, а они (од 4-те државни универзитети) тоа никако не го дозволија пошто им се стресоа гаќите дека студентите ќе даваат мислење.

Вака, власта си доби тоа што сакаше - да прикаже дека државните се подобри универзитети од приватните.

Епа, честито бескорисна ранг-листа.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.084
Поени од реакции
8.222
Нормално дека УКИМ ќе биде прв кој друг !? Нема друг факултет другото е нула за уким тоа е реалноста . ФОН ? оној за туризам кај лептокарија ?! Гоце Делчев не е лош ама е мн помал па веројатно е втор на листава .... тие у тетово не ги ставам ни под разно тоа не е факултет можеби од приватниве американскиот е нешо по така-така ама другото не заслужува да биде факултет
Беше и виде, или слушаш муабети, или гледаш К-15...?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom