Шампон за сува коса...

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Се накотивме експерти во државава ММЕ
Тажно е тоа што има луѓе што се лажат заби да белеат во козметичко студио наместо на стоматолог или микропигментацијата да ја прават кај фризерот/шминкерот наместо во центар за микропигментација. Уште потажно е тоа што ние немаме клиника/центар за микропигментација како што има во соседните земји, па да можеш да направиш микропигментација на скалп, веѓи или пак со микропигментација да го прекриеш витолигото, па луѓето одат тоа да го направат кај фризерот во нестерилни услови или кај мајсторот за тетоважа кој им става трајна боја, а не привремена.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Што бидна со стариот рецепт, мајонез на глава или чичково масло, кеса на глава и така седиш неколку саати а после ја измиваш косата без шампон?
 

Ѕид на плачот

Намќорка
Член од
7 септември 2016
Мислења
143
Поени од реакции
68
Дадар нели беше стилист, да не кажам шминкер или грешка сум?

Мене од хлорот ми се тенчи и никаква ми станува ама и ставам кератин и добро се држи, препорака.
И мене од хлорот ми се тенчи исто така, ми влијае, ама ова Глисот шо го користам е со кератин и малце подобра ми ја прави, да, Дадар е стилист, меѓутоа работи и со надградба на коса и ВООПшто со коса, така што ми помогна околу тоа прашање. Инаку ја бев кај него само за да се информирам на волку ретка коса, дали можам да ставам надградба. :) Не ми е којзнае што значи многу ретка, не сум ќелава, ама ќе бидам. :)[DOUBLEPOST=1500639009][/DOUBLEPOST]
Што бидна со стариот рецепт, мајонез на глава или чичково масло, кеса на глава и така седиш неколку саати а после ја измиваш косата без шампон?
Јас сеуште го го практикувам :) и тој...
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.938
Поени од реакции
35.344
Сега гледам станал и мајстор за микропигментација на скалпот. Чисто ме интересира од кај му е обуката, со оглед на тоа што професионалната микропигментација ја прават луѓе кои бар малку повеќе се разбираат во тоа и во медицината..
Ако е ова точно , во нормална држава е кривично дело. Микропигментацијата сепак спаѓа во некој вид "естетска медицина" да ја наречам , и никаде во светот не ја извршуват бербери и шминкери. Кога бев активен по странските форуми за косопад баш читав искуства и за микропигментација , и таму сите препораки за МП беа да се прават во медицински центри за пресадување коса. Имаше и некои ликови кои имаат направено МП , и баш го опишаа процесот како медицински со сите потребни салтанати ... испитување крв пред процесот , состојба на кожата на скалпот итн.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Што бидна со стариот рецепт, мајонез на глава или чичково масло, кеса на глава и така седиш неколку саати а после ја измиваш косата без шампон?
Најдобро е со модар патлиџан, и кисели краставички.















:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
 
Член од
20 декември 2013
Мислења
201
Поени од реакции
108
Си се распрашал по фризери?
нопе

Имаш суво влакно. :) Јас би ти препорачала да си користиш масла за коса. И да си земеш глисче 180 ден, со масло. Не од оние без масла, за да ти биде косата секогаш малце помрсна. Нема да ти се приметува дека е мрсна. Летно време е, затоа се суши влакното премногу, и јас имам таков проблем. Ама користам масла за коса, моментално кокосовото масло, во ДМ го купив, 300 ден. И глисот го имам. Убаво е и она Арганското масло, тоа е 900 ден. 30 мл. до 1000 се движи, ми го препорачаа од Диор. Шампон користи си некој поблаг, зошто со самото она што ти се суши косата може да настане нејзино опаѓање. Така да, со среќа пријателе! Се надевам, доколку ме послушаш, ќе ти помогнат овие раб.

Пс: Немој многу да веруваш во шампоните за сува коса, повеќе ќе ти наштетат на коренот.
моментално овој што го користам е со ампули б1,б6 и б12 што ги ставам додатно ама мислам дека не е до нив тоа што ми се суши косата,можеби треба да го сменам шампонот...и да веќе почна да ми се проретчува ама можно е и да е генетски зошто само горниот дел од косата ми паѓа...
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ако е ова точно , во нормална држава е кривично дело. Микропигментацијата сепак спаѓа во некој вид "естетска медицина" да ја наречам , и никаде во светот не ја извршуват бербери и шминкери. Кога бев активен по странските форуми за косопад баш читав искуства и за микропигментација , и таму сите препораки за МП беа да се прават во медицински центри за пресадување коса. Имаше и некои ликови кои имаат направено МП , и баш го опишаа процесот како медицински со сите потребни салтанати ... испитување крв пред процесот , состојба на кожата на скалпот итн.
Тука поконкретно напишав за микропигментацијата.....

Мој совет ти е да си откажеш што побрзо, затоа што еден ден ќе се каеш за стореното. Еве и поопширно ќе ти објаснам во неколку точки, затоа што и јас еден период мислев да го направам тоа за да ја прекријам келавоста.

1. Обичната тетоважа премногу се разликува од микропигментацијата, па одтаму и се разликува и начинот на правење на трајната тетоважа од начинот на правење на микропигментацијата, како и обученоста на мајсторот за тетовирање и обученоста на оној кој ја работи микропигментацијата.

2. Ни најмалата игла од машинката за тетовирање не одговара на иглата од машинката за микропигментација. Меѓу другото, длабочината на навлегување на иглата за обична тетоважа и длабочината на навлегување на иглата за микропигментација е различна.

Машинката за тетовирање личи вака.......


А машинката за микропигментација личи вака.........


3. Пигментот за трајна/обична тетоважа и пигментот за микропигментација не е ист вид на пигмент, како по трајност, така и по функција. Пигментот за трајна тетоважа трае цел живот, а пигментот за микропигментација ќе се изгуби во рок од некои 3 години (може и помалку, може и повеќе, се зависи од изложеноста на сонце и од активноста на лимфниот систем врз пигментот). Тоа што ти рекол мајсторот за тетоважа дека со тек на времето ќе избели е точно, но избели и исчезне не е исто. Се надевам дека не сакаш после одреден број години да имаш избелени зелени точки во главата, туку нешто што визуелно ќе наликува на тоа дека имаш коса. Кога пигментот од микропигментацијата ќе исчезне ти ќе можеш повторно да направиш микропигментација, но и тешко дека сите избелени точки од тетоважата ќе ги повториш идентично и истото ќе изгледа природно. А ако се решиш на ласерско отстранување на трајните точки/тетоважа, најпрво ќе минеш низ еден болен и подолг процес кој не ти гарантира дека целосно нема да се познава избришаната трајна тетоважа.

4. Потоа гледано и од медицинска страна, за која најверојатно голем број од љубителите на тетоважа ќе ја промрчат. Трајниот пигмент поретко, но сепак знае и да направи проблем при правење на магнетна резонанца, за разлика од пигментот за микропигментација кој најчесто e на растителна база и најважното од се е антиалергисики.

5. Дебелината на обичната игла за тетовирање, нејзината длабочина на навлегување во кожата, како и бојата и квалитетот на пигментот се поразлични од оние за микропигментација. Оние кои се наменети за тетовирање служат за создавање уметност, да не речам цртање, за разлика од оние на микропигментацијата кои се наменети во естетски, па и во медицински цели. Сега можеби некои мајстори за тетоважа ќе речат дека и они знаат да ја работат микропигментацијата, но верувај дека не е тоа тоа. Се надевам дека со овој потег сакаш да ја подобриш естетиката, а не да ја нарушиш.

Веројатно сакаш да добиеш со микропигментација ваков ефект........


..., а не ваков.....................



Тоа ти е истиот пример за кој ти рече дека тетовираните веѓи ти изгледаат одвратно. Има разлика помеѓу тетовирани веѓи кои изгледаат вака.......



........ и веѓи изработени со микропигментација, кои изгледаат вака..........


6. Исто така сите луѓе немаат ист праг на болка. Некои од мајсторите за тетоважа користат анестетици во вид на креми, но некои и не користат. За разлика од обичното тетовирање при микропигментацијата се користат и ефикасни анестетици во вид на креми, но може да се користи и блага локална анестезија.

7. Точка за кој мислам дека е и најбитна. Микропигментацијата е нешто кое се прави исклучително кај професионалци. Веѓите ги работат многу козметички студија, но само од неколку козметички студија можеш да видиш веѓи за кои неможеш да препознаеш дали е нешто правено на нив или не. А конкретно за микропигментацијата кај нас тоа е нешто невидено и несигурно. Мое студио Дадар почнале да го работат, но јас лично незнам колку е добро да направиш микропигментација на скалпот кај фризер. Колку и професионално они да работат сепак е тоа нешто ново, па донекаде и неиспробано и невлезено во секојдневна пракса, за разлика од некои земји во соседството. А и цената е доста голема кај него. Мој совет ти е да се распрашаш и консултираш со Micro Hair Clinic од Србија. Јас веќе еднаш дојдов во контакт со нив и добив повратен одговор дека цената за микропигментација за тип на келавост како мојата изнесува околу 600 - 700 евра.



Се надевам дека колку толку ти помогнав и дека ќе го направиш вистинскиот избор и ќе не известиш што си направил:)
Моето прво искуство, т.е. контакт со ,,микропигментација" беше пред околу една година кога дознав дека жена која има салон за убавина во источна Македонија прави микропигментација на скалпот и на веѓите, т.е. јапонска метода за исцртување веѓи. Жената беше многу коректна, ми објасна што и како прави, ми прати слики од изработеното, не беше толку лошо изработено, но имам среќа што сум перфекциониста, па окото ми фаќа што е идеално, а што не е. Такво нешто не би се осудил да го носам на глава/кожа. Жената ми кажа дека пигментот е на растителна база и не предизвикува алергии, што значи дека најверојатно тоа е оној пигмент што се користи за исцртување на веѓи.

Потоа дојдов во контакт со tattoo мајстор кој беше навистина реален и ми кажа дека до сега само еднаш правел микропигментација и дека тоа не било тоа. Станувало збор за тетоважа со траен пигмент кој имитира влакна, т.е. низ главата се нацртани цртички. За такво нешто незнам кој се осудил.

По отприлика пола година после тоа дознав за Дадар и слушнав (што не значи дека е точно) дека кај него е доста скапа микропигментацијата. Но никогаш не би сум се осудил да правам микропигментација кај некој кој е фризер. Веѓите гледам дека ги прават и низ целиот свет во студија за убавина, но микропигментацијата на скалпот исклучително во места специјализирани за микропигментација. Јас лично не би правел микропигментација кај фризер од проста причина што знам дека условите за работа не се стерилни, а и самото место нема апарат за стерилизација на иглите, како и соодветно одржување на апаратите.

На крајот контактирав клиника/установа во Србија која е специјализирана за микропигментација на скалпот и ми кажаа дека се работи со растителни пигменти кои се антиалергиски, во стерилни услови и дека цената е околу 600 евра за отприлика половина келава париетална/темена површина. И што е најинтересно ако пациентот чувствува болка, микропигментацијата може да се изведе со анестезија во вид на крема или во вид на медицински лек.


И да, жалосно е што ние немаме центар за микропигментација, па тоа треба да го правиме кај фризерот. Замисли додека некој со витолиго во светот шета слободно, без срам, затоа со микропигментација/медицинска тетоважа го сокрил депигментираното место на кожата, кај нас најголемиот дел од луѓето со витолиго се чувствуваат како шугави или истите така се гледани од општеството, затоа што неможат никако да го решат проблемот. Истото важи и за оние што имаат проблем со опаѓање на косата или веѓите. А не е ништо страшно, не мора да си трихолог за тоа. И еден општ доктор, и една сестра, и еден логопед и било кој друг медицински кадар може да ја изведува микропигментацијата, само доволно е да заврши вистинска обука за тоа и да поттикне отварање таков центар во земјава.
 
Последно уредено:

Ѕид на плачот

Намќорка
Член од
7 септември 2016
Мислења
143
Поени од реакции
68
нопе



моментално овој што го користам е со ампули б1,б6 и б12 што ги ставам додатно ама мислам дека не е до нив тоа што ми се суши косата,можеби треба да го сменам шампонот...и да веќе почна да ми се проретчува ама можно е и да е генетски зошто само горниот дел од косата ми паѓа...
Знам и кај мене е така, да, у реду го знам тоа со шампонот и ампулите, апсолутно помагаат, али мораш на неколку време да го менуваш шампонот бидејќи го губи својот ефект на помагање. :) И мене ми паѓа само горниот ден, и тоа повеќе од десната страна. :) Затоа и ти реков... Ист проблем имаме, иста сувост, само што си го кажа проблемот јас се пронајдов. :) Затоа пријателе, земи послушај ме. Ќе ти помогнат тие природни маски, решение е тоа. Барем да го зачуваш ако е генетски, она што го имаш не дозволуај да ти опадне. :)
 
Член од
20 декември 2013
Мислења
201
Поени од реакции
108
Знам и кај мене е така, да, у реду го знам тоа со шампонот и ампулите, апсолутно помагаат, али мораш на неколку време да го менуваш шампонот бидејќи го губи својот ефект на помагање. :) И мене ми паѓа само горниот ден, и тоа повеќе од десната страна. :) Затоа и ти реков... Ист проблем имаме, иста сувост, само што си го кажа проблемот јас се пронајдов. :) Затоа пријателе, земи послушај ме. Ќе ти помогнат тие природни маски, решение е тоа. Барем да го зачуваш ако е генетски, она што го имаш не дозволуај да ти опадне. :)
мислам дека си го најдов чарето а и цврсто бев убеден дека ми паѓаше од што бешее сува...вчера со поладна вода малку шампон и после тоа субрина...денес ем погуста ми изгледаше ем помека.и не ми паѓаат ич влакна,а инаку кога ја миев само со шампонот одма штом се исушеше и поминев со раката низ темето имаше по неколку влакна сега нема ништо...ќе видиме понатаму
 

Dr. Wish

Outstanding Сasual Dating Authentic Maidens
Член од
23 септември 2013
Мислења
2.393
Поени од реакции
2.794
Може да преставува и здравствен проблем. Иначе моја препорака е да внесуваш повеќе намирници кои имаат Витамин А во нив. Витаминот А може да се најде во морков, спанаќ, диња...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom