Чудо во црквата Свети Димитрија- фреските „крвават“ и сами се чистат

  • Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Ајде малку околу темава. Денес разговарав со еден пријател кој црта. Имало се мешале хемикали за златната боја и ако ја намачкаш денес по 2-3 години се осветлува. Ова укажува каква е мпц. Срамота.? Во манастирите низ Македонија има останатпо прави верници.Црквите се срашен материјализам за жал.Но има кој да им суди

Прашај го и за другите бои како се осветлуваат
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Значи една недела пред Велигден во црквата имаме фрески кој крварат.. Некој тоа го протолкуваа како добар знак од Господ.
Но меѓутоа самата симболика на крварењето е болка, страдање, очај.. Во Македонија после ова се случи масакар на деца пред најголемиот и најсвет празник за Христијаните, кој ја стави Македонија во жал и црнина. Значи направија грешка во толкувањето, не е ова добар знак.. Претпоставив уште одма кога видов дека нешто вакво ќе се случи или пак војна..
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Значи една недела пред Велигден во црквата имаме фрески кој крварат.. Некој тоа го протолкуваа како добар знак од Господ.
Секој поп си го протолкува на различен начин. Некој претходно праша, но заслужува пак да се постави прашањето: Постои ли во православието нешто како „Канонски толковник за чудеса“?

Но меѓутоа самата симболика на крварењето е болка, страдање, очај.. Во Македонија после ова се случи масакар на деца пред најголемиот и најсвет празник за Христијаните, кој ја стави Македонија во жал и црнина. Значи направија грешка во толкувањето, не е ова добар знак.. Претпоставив уште одма кога видов дека нешто вакво ќе се случи или пак војна..
Си требал веднаш да ги известиш надлежните :)
Ја го протолкував како безсрамна и подла намештајка - на исто ниво со „чудото“ на рускиот патријарх: http://www.vest.com.mk/?ItemID=5B5A321CCF021340A9FF492BCA37F9CD&arc=1
Секако оставив малку простор тоа да е и директно дело на ѓаолот. Ѓаолот користејќи луѓе индиректно прави секакви ујдурми, но понекогаш и директно може да замеша прст. Со него тикви не се сади.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Значи една недела пред Велигден во црквата имаме фрески кој крварат.. Некој тоа го протолкуваа како добар знак од Господ.
Но меѓутоа самата симболика на крварењето е болка, страдање, очај.. Во Македонија после ова се случи масакар на деца пред најголемиот и најсвет празник за Христијаните, кој ја стави Македонија во жал и црнина. Значи направија грешка во толкувањето, не е ова добар знак.. Претпоставив уште одма кога видов дека нешто вакво ќе се случи или пак војна..
Кога Бог сака да опомене некој народ за неговото беззаконие или бељата која му следи, Он му дава чудо (чудо=знак).

Така беше и со бељата која им се случи на петмината, кои беа збришани без никаква видлива причина!

Така беше и со косовските икони, кои просолзеа па веднаш следеше антихристовото бомбардирање на Србија, а така беше и кај нас, после кое ни‘ се случи војната од 2001-та г.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
27
Поени од реакции
22
Морам да признаам дека на почетокот и јас бев прилично воодушевен од божјото чудо,но потсвесно за сето време се прашував,зошто Бог би направил неговите ангели да крварат?што пак ме наведе да помислам дека можеби и не станува за божјо чудо,туку чудо на...:cautious:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Значи една недела пред Велигден во црквата имаме фрески кој крварат.. Некој тоа го протолкуваа како добар знак од Господ.
Но меѓутоа самата симболика на крварењето е болка, страдање, очај.. Во Македонија после ова се случи масакар на деца пред најголемиот и најсвет празник за Христијаните, кој ја стави Македонија во жал и црнина. Значи направија грешка во толкувањето, не е ова добар знак.. Претпоставив уште одма кога видов дека нешто вакво ќе се случи или пак војна..
:facepalm:

Нема борба...
 
В

влијателен

Гостин
Кога Бог сака да опомене некој народ за неговото беззаконие или бељата која му следи, Он му дава чудо (чудо=знак).

Така беше и со бељата која им се случи на петмината, кои беа збришани без никаква видлива причина!

Така беше и со косовските икони, кои просолзеа па веднаш следеше антихристовото бомбардирање на Србија, а така беше и кај нас, после кое ни‘ се случи војната од 2001-та г.
Господ знаел што ќе одлучат убијците и не го спречил тоа?
Господ знаел што ќе одлучат убијците и сакал да ни помогне да ги спречиме со тоа што ни покажал чистење на икони со кои ќе нѐ залаже и ќе ни го одвлече вниманието од вистинскиот проблем и доведе до тоа да се подели тој истиот народ кој сакаше да го спасува и едниот дел да се возгордее затоа што има внимание од Бог лично. Затоа мислам дека, ако е од некој, чудово е од ѓаволот лично.
Господ знаел што ќе одлучат убијците и не го спречил тоа ниту сакал ние да го спречиме туку сакал да се курчи дека му се може да дава нелогични знаци кои ги делат луѓето?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Господ знаел што ќе одлучат убијците и не го спречил тоа?
Господ знаел што ќе одлучат убијците и сакал да ни помогне да ги спречиме со тоа што ни покажал чистење на икони со кои ќе нѐ залаже и ќе ни го одвлече вниманието од вистинскиот проблем и доведе до тоа да се подели тој истиот народ кој сакаше да го спасува и едниот дел да се возгордее затоа што има внимание од Бог лично. Затоа мислам дека, ако е од некој, чудово е од ѓаволот лично.
Да, Ѓаволот ви направи тактичка измама, ги остави децата небранети.

Не знам која интерпретација е поглупава, жестока дилема...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
--- надополнето: 18 април 2012 во 15:40 ---

Ако чудото е од Бога, зашто е од Бога?
Ако чудото е од лукавиот, зашто е од лукавиот?

По што ги разликуваш тие чуда?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
--- надополнето: 18 април 2012 во 15:40 ---

Ако чудото е од Бога, зашто е од Бога?
Ако чудото е од лукавиот, зашто е од лукавиот?

По што ги разликуваш тие чуда?
Мики, дали убиството на децата е дел од Божјиот план, запишан пред почетокот на времето?

Сакам едноставен одговор, да или не.
 
Ти рече дека е од Бога, јас реков дека може и да е од ѓаволот.
Како, ти, ги разликуваш тие чуда?
--- надополнето: 18 април 2012 во 15:43 ---
Да, Ѓаволот ви направи тактичка измама, ги остави децата небранети.

Не знам која интерпретација е поглупава, жестока дилема...
Мојата интерпретација и имаше намера да биде глупава.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Мики, дали убиството на децата е дел од Божјиот план, запишан пред почетокот на времето?

Сакам едноставен одговор, да или не.
Убиството на петмината е дел од Божјото допуштање-Он допуши да се случи злото.

Бог не „планира„ нечии убиства, особено не без причина, како кај петмината.

Најкраткиот одговор е: не.
--- надополнето: 18 април 2012 во 15:51 ---
Ти рече дека е од Бога, јас реков дека може и да е од ѓаволот.
Како, ти, ги разликуваш тие чуда?
.
На поставено прашање, се дава одговор, а не враќање на прашањето до поставувачот на прашањето.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Убиството на петмината е дел од Божјото допуштање-Он допуши да се случи злото.

Бог не „планира„ нечии убиства, особено не без причина, како кај петмината.

Најкраткиот одговор е: не.
Која е разликата помеѓу знаеше дека ќе се случи и дозволи, и така беше запишано во Божјиот план?

Мене се ми се чини дека е истата работа формулирана на два различни начини.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom