- Член од
- 25 август 2019
- Мислења
- 263
- Поени од реакции
- 471
Тртка - израсток на кожа
Ме потсети на охриѓани и нивното „ево“ кое има многуслојно значење, како одговор на прашањето „како си, што правиш?“ и кое опфаќа сè од „добро, средно добро, очајно, за нигде, пред умирање сум и тотално сум капут и ево, тукушто испуштив душа“.Печен за оваа тема е најфамозниот кочански збор - „Те“.
Најблизок превод би било „Еве“ ама може да се употребува и како замена за цели реченици. На пример ова е сосема нормален муабет во Кочани:
- Шо праеш?
- Те. (значи „ништо“ или „гледаш што правам“)
Не мора да значи дека Солин и Солун немаат ништо заедничко од топографски аспект кога на пример го имаме топонимот Волин по кого има град во Полска, покраина во Украина, покраина во источна Германија, Волино село кај Охрид, Волиња село во Хрватска што очигледно е пансловенски топоним за место или околија.Солин =/= Солун
Едниот е град во Хрватска, другиот во Грција. Потеклото на името на вториов е од целото негово име Тесалоника - победа на(д) Тесалците.
Токмак на турски не значи чекан. Чекан на турски се вика çеkiç . Веројатно од таму и доаѓа кај нас чекан.Токмак, исто турски збор, изворно за чекан, кај нас со значење "глупак".
Секако. Џип, џунгла, чешел, чевел, чело, шини, штраф, штафцигер ...Во принцип повеќето зборови кои кај нас содржат џ/ч/ш се изведени/присвоени од турскиот јазик.
S'kldisan ili sak'ldisan mislam deka e nasekiran a ne zamislen. Ne se s'kldisvi - ne se sekirajС'клдисан -замислен
Сетне - после тоа, потоаСетне -?