Чија е оваа песна?

  • Креатор на темата cige
  • Време на започнување

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Македонска песна е, кај сте виделе вие турчинка Паца да се вика?
Шала настрана, документарецов ми е во топ 10 документарци само заради фактот што на моменти се опседнувам со етно музика. Филмчево е нешто ко The Balkan in a nutshell секој со своето "мое е и крај". Песнава е наша исто ко шо Солун е наш. :icon_lol: А бугариве кои нацистички турулејки се, а спомнеш турска песна одма те линчуваат... бугарска работа :facepalm: Ти ако сакаш и госпо симни им го да им објасни пак ќе тераат инает дека е нивна песната.
А реакцијата на србите кога им ја пушти муслиманската верзија?
Исто ко бугарите дека е турска. Дури и бетер беа, според мене. Страшно еј!

Мене ми е интересна тематиката. Е сега зависи како ќе ја интерпретираш. Дали како провокација, како историска гатанка, дали како можност за да ти ги отвори очите дека не сме така различни како што си мислиме или ќе успејш да ја согледаш очигледноста на постоењето на иронијата за грабањето на сопственоста врз песната? Само затоа што е препеана на твојот јазик и аранжирана малку поинаку од верзијата на другиот народ кој ја пее оваа песна? Од една страна ми е така трагично, а од друга ми е да умриш од смеа.
Како и да е, интересно филмче, те тера да подразмислиш што се влечиме позади нас историски, а ни е така блиско со другите балкански народи.
 
Член од
8 јануари 2019
Мислења
1
Поени од реакции
1
Случано зборувајќи со баба ми.. кажувајќи ми за нејзината баба Паца (моја пра пра баба), дознав дека оваа песна е напишана токму за неа. Била многу убава жена, која останала вдовица на многу рани години бидејќи маж и отишол на печалба во Романија и таму починал. Ја прашав баба ми зошто не се премажила, испадна дека несакала да им донесе друг татко на децата и тој да им вика кога ќе е потребно за воспитување."Кај смее друг човек што не им е вистински татко да им вика на моите деца"-гласи нејзиниот став. Па затоа решила да остане немажена. Според раскажувањето, имала многу стројници и шанси за да се премажи бидеќи била многу убава и лична жена, а песната е напишана за неа.
На вас останува дали ќе ми верувате, јас сепак ќе се потпрам на раскажувањето на баба ми. :)
Се регистрирав на форумов само за да го споделам сознаниево со вас, видов дека има заинтересирани за потеклото на песната. Пријатен ден.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom