Не знаев каде да го пишам прашањево Дали постои читална во Скопје што работи и во недела? Ако треба и за пари. Хмм, по можност да може со лаптоп и во најдобар случај со Интернет
Браќа само работи. Е сега, треба членска да имаш, која не може да се извади во недела (колку што знам). Опција 1, денеска да си извадиш, Опција 2-да праиш муабет со тој што е на рецепција. Инаку можеш комотно со лаптоп, мислам имаше и Интернет.
За навечер? Факултетите Тмф и Електро се отворени и во недела, работат до 10 часот вечерта, си учиш сам имаш многу слободни училни на Тмф, а во Електро сте во читалната
Браќа си работи 24/7. Интернетот е спор ако има гужва, а ако е празно таман си е, штекери за лап топ си имаш во сите читални.