- Член од
- 10 јануари 2011
- Мислења
- 1.658
- Поени од реакции
- 3.322
Чудатa се ретки и Чикаго ги потврди очекувањата. Се покажа дека политиката која се спроведува према Македонија, веќе 20 години, не е случајна, туку е резултат на интересите на главните меѓународни фактори, кои не кореспондираат со нашите. Се виде и дека улогата на Атина е маргинална.
Ристо Никовски
Ако сме одговорни за судбината на државата, мораме да покажеме незадоволство од третманот што го имаме. Изборот е тежок и поради притисокот кој ќе следи од Вашингтон и Брисел, и поради отпорот кој ќе се манифестира дома. Не е сериозно некој да те блокира и уценува, а ти да му помагаш! Не е нормално да се правиш дека не забележуваш кога некој ти го попречува патот. Нема логика за таков однос се додеке не постои цврсто ветување дека ќе се реализираат и твоите интереси. A тоa не е на повидок.
Во меѓувреме, нелегалните блокади и уцени го продолжуваат процесот на повеќестрано поткопување на државата. Сценариото за наша капитулација немилосрдно се реализира. Преку разни модалитети се заострува ситуацијата во земјата и така ќе продолжи се додека не ги прифатиме нивните уцени. Дека е така, има доста потврди. Поздравот на Мендух Тачи, на Топи – “добродојдовте наш претседателе, дома”, звучи како дел од истото. Пред две, три години, Тачи немаше да се осмели да оди со таква провокација. Дали некој му дал ишарет или самиот е лисец, и не е многу важно. Тој ги отвори картите. И петкратното убиство лесно може да биде дел од истата игра. Ако не се тропне на маса и каже – доста беше, ескалацијата ќе продолжи.
Ножот дојде до коска. Понатамошната толеранција на ваквите состојби може да биде историска грешка. Може да се стигне до момент на неповрат. Земјата лесно може да навлезе во безизлезна политичка криза бидејќи на тоа упорно работаат некои меѓународни фактори. Нивна цел е еднаш за секогаш да го затворат македонското прашање. Финалната разрешница на пост-југословенската криза се ближи. Македонија е најранливиот сегмент, намерно оставен долго време на работ од бездна, за полесно да се манипулира.
Затоа, логично е прашањето – што после Чикаго?
Бидејќи главните фактори не покажуваат усет за нашите универзални аспирации, да останеме тоа што сме, имаме силни аргументи за макар привремено прилагодување на нашата надворешна политика. Да прекинеме со веднење глава и толерирање на непринципиелни политики, чија жртва сме 20 години.
За почеток, рационално, без емоции и без никакво прејудицирање, заради најширока и најдлабока анализа и преиспитување, на маса треба да се стават сите аргументи кои се на наша страна.
Тоа значи:
Оценување на опортунитетот на наше понатамошно учество во мисиите на НАТО.
Согледување на потребата од Привремената спогодба.
Барање до Советот за безбедност на ООН за казнување на Грција за непочитување и на Привремената спогодба (која е склучено токму под патронат на светската организација), и за игнорирање на пресудата на Судот од Хаг.
Покренување на процедура во ООН за враќање на нашето уставно име во редовна употреба, бидејки проблемот се покажа како нерешив.
Покренување на постапка за оценување на легалноста на нашиот прием во ООН.
Утврдување на релевантноста од покренување на нова апликација пред судот во Хаг…
Ова се само набројани теми кои можат да бидат значајни делови на новата стратегија која треба да се формулира. Секоја од нив треба детално да се скенира, со максимална објективност, за да се оцени што е опортуно да се преземе, а што не. Каде имаме изгледи за успех, а каде не. Каде можеме да поентираме, каде не. Што можеме да ќариме, а што да загубиме. Без никакви предрасуди.
Покрај тоа, треба да се преземат следните активности:
Јавно, на највисоко официјално ниво да се прашаат НАТО и ЕУ дали меѓународното право за нив важи генерално или само селективно? Според потребите?
Да им се стави до знаење дека без никаква основа, без било каков мандат се мешаат во спорот околу името кое се води во рамките на ООН. На крајно едностран и нелегитимен начин, ја поткопуваат позицијата на Македонија.
Да ги потсетиме дека НАТО го прифати советодавното мислење за Косово на Судот во Хаг, а ја негира пресудата против Грција.
Исклучително е важно, на Вашингтон, Брисел и сличните да им се нагласи дека проблемот е интернационализиран од самиот почеток и после се што се случи (со наметнување на референцата, блокадите и уцените за членство), не може Македонија да се присилува да бара билатерално решение. Тоа не соодветствува на меѓународните норми.
Повеќе од било кога, сега ни се потребни странски експерти. И во Хаг немаше да успееме без нив. Заедно со нив, треба да се донесат клучните одлуки – што понатаму. Тие подобро од нас ги знаат меѓународните механизми, пракси и принципи, сцили и харидби, низ кои треба успешно да поминеме. Парите за тоа, колку и да се, не смеат да бидат проблем. Во прашање е иднината на државата.
Силата само сила признава. Веднењето глава или, не дај Боже, виткањето ‘рбет, не водат никаде освен во пораз. Покажувањето заби нe е привилегија само на моќните. Иако само привремено, тенковите на Тиен ан мен, во 1986 година, ги запре еден ненаоружан поединец. Кога одлучно ќе се истопориш и тоа со аргументи кои се неспорни, секој ќе се замисли. И најсилниот. Дојде моментот кога мораме да играме на таа карта. Друга и немаме. Времето веќе не работи за нас.
Дојде и моментот кога мораме максимално да поработиме на внатрешното единство. Длабоката поделеност е нашиот најголем хендикеп. Поради неа и вака не третираат.
Толеранцијата, која упорно је демонстрираме, се претвора во наша голема слабост. Приказната за истепаното дете е многу поучна. Кога, плачејќи и објаснило на мајка си кој го истепал, таа му рекла дека, според христијанството, треба да му врати со добро. Да му однесе – колаче. Детето одбивало ама немало избор. Брзо се вратило со уште покрупни солзи. Колачето му се бендисало на тепачот и сакал уште.
Дали случајов има врска со стапот што ние го јадеме две децении, проценете сами.
Ристо Никовски
Крајната неизвесност околу нашето членство, останува и понатака. Таа е најлошиот пријател. Бидејки нема никакви шанси за брзо решение, така може да остане до недоглед. Затоа, мора да се преземат сериозни мерки за надминување на статус квото. Оценката дека сме практично членка, а само формално не, не вреди пет пари. Тоа е класично самозамајување. Во 1999 година, НАТО немаше да успее на Косово без користење на македонската територија. И тогаш се однесувавме како членка на алијансата. И што добивме? Ништо. Истото се повторува и со нашето учество во мисиите. Пофалбите за тоа, немаат никаква употребна вредност.Ако сме одговорни за судбината на државата, мораме да покажеме незадоволство од третманот што го имаме. Изборот е тежок и поради притисокот кој ќе следи од Вашингтон и Брисел, и поради отпорот кој ќе се манифестира дома. Не е сериозно некој да те блокира и уценува, а ти да му помагаш! Не е нормално да се правиш дека не забележуваш кога некој ти го попречува патот. Нема логика за таков однос се додеке не постои цврсто ветување дека ќе се реализираат и твоите интереси. A тоa не е на повидок.