Јас немам искуство со овие магнетни елиминатори на бигор, види прашај во продавницата или разгледај по странски форуми дали е ефикасно
Сетек | Сè од техника
setec.mk
уште на времето, пред 25 години, на работа, во Охис, во погонот ПВА купика електромагнетски уред италијански, преку фирма од Куманово, за голема цевка.
А минатата година, кога го купивме проточното бојлерче Клаге, најдов на ебау дузини електромагнетски уреди на батерии, за мала единица одеа цените од 25 евра па нагоре, се моташе соленоид околу бакерна или челична цевка пред влез во бојлерчето. Тогаш случајно најдов и фирма српска што работи големи единици, имаше представништво во Скопје, па разговарав со човекот да ги проучат малите единици и нека увезат, па преку нив ќе земеме. Но не се јави еве цела година.
Значи не верувам во некоја елиминација на каменецот, туку дали може да се намали фаќањето на каменецот, наводно поларизација на јоните....
Но има и други работи, не е секаде и водата иста, многу потврда била водата од изворите од Китка, а зависело и локално дали е мала цевка или голема, кај што има мал проток било полоша а и хлорот се таложел.
Има во Елипсо кај што го купивме Кончар проточното бојлерче уреди со 5/4 приклучок со кристали, за машина за садови, само влезот е од доле.ж, треба + 2 црева, ама да не гуши, ќе размислам...Имав на времето вградено тело од пластичен филтер за нечистотии во кое ставав кристали, се купуваа кај фирмата кај Француски центар, кај гимназијата Јосип Броз Тито..