Четири години спие на клупа и моли за помош

Член од
4 март 2014
Мислења
58
Поени од реакции
67

Четири години спие на клупа и моли за помош
Бидејќи нема дом, Гарп можете да го сретнете низ улиците на Пробиштип, Куманово и на Скопје.

Фокус 3 мар 2014, 11:46
Пишува
Валентина Стојанчевска

Дваесет и тригодишниот Мемиш Гарп веќе четири години живее под ведро небо. Неговата постела најчесто е некоја клупа во парковите, а само понекогаш има шанса да ја почувствува топлината на постелата кога познаниците ќе се сожалат и ќе му дозволат да преспие кај нив.

Судбината си поиграла со Гарп уште кога бил бебе. Се родил во Пробиштип во 1991 година, а само една година подоцна починала неговата мајка. Tаткото не го познава, слушнал само дека живее во Србија.

Иако не успеал да ја запознае мајка му сепак до 2006 година имал убаво детство. За него се грижеле баба му и дедо му, но кошмарот почнал по нивната смрт. Откако починале продолжил да живее во истата куќа, каде што живеел и вујко му.

- Прво останав сам на овој свет, а потоа и без покрив на главата. По смртта на баба ми и на дедо ми, животот ми се претвори во кошмар и повеќе не можев да го издржам притисокот од вујко ми. Ме избркаа од куќата, каде што законски ме следува барем една соба. Оттогаш спијам каде што ќе најдам. Најчесто преспивам на клупа во државната болница, вели Гарп, на чие што лице се видливи трагите кои ги оставил студот, но и жешкото сонце.

Гарп тропнал на многу врати, никаде не добил помош, но не бара социјална помош, бидејќи е способен за работа. За да застане на нозе потребна му помош од институциите и од хуманите луѓе.

- Ми требаат околу 2.000 денари за да аплицирам за добивње на социјален стан, како дете без родители. Дел од парите ми се потребни за да ги извадам потребните документи, а 750 денари должам за болнички трошоци во кумановската болница, каде што се лекував. Бидејќи немав пари, ми ја задржаа личната карта, објаснува Гарп, кој вели дека рокот за аплицирање му истекува за два дена.

За еднократна помош се обратил во Центарот за социјални работи, за да ги обезбеди потребните документи, но оттаму му одговориле дека помошта ќе го следува откако ќе заврши со апликацијата за станот.

Несреќното момче неколку пати својата тажна приказна ја раскажал во јавноста, но наместо помош, бил злоупотребен.

- По објавувањето на мојата сторија во еден медиум, се јави една приватна фирма која се понуди да ме вработи. Си направија реклама, а по две недели, ми реко дека им се намалила работата, па кога ќе имаат потреба, повторно ќе ме побараат. Исто така, од социјалното ми понудија место за живеење, но тоа беше една руинирана соба во Добрево, од каде што и глушец би избегал, вели Гарп.

Бидејќи нема дом, Гарп можете да го сретнете низ улиците на Пробиштип, Куманово и на Скопје. Вели дека патува со автостоп, во потрага по подобро утре. Не поседува ниту мобилен телефон, но замолува доколку некој сака да му помогне да го остави телефонскиот број во „Фокус“, а тој ќе најде начин да ги контактира.

- Се прашувам кога надлежните ќе ги отворат очите и ќе погледнат дека на нивните сограѓани им треба помош. Не барам многу, само шанса за живот, ја завршува својата приказна Гарп, со надеж дека сепак судбината ќе му се насмевне.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.960
Едно не можам да сватам ... Пишуваат вест за да им биде читан весникот , а дечково бара 2000 денари за апликации и за да плати во болница , колку пари земаат тие во Фокус ? Сигурно 2х или 3х повеќе од обичен работник , нека дадат 10 души по 200 денари што се ситница за нив нека му дадат на дечково , тие пишале доколку некој сака да му помогне нека остави телефонски број во Фокус ...
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.293
Греота. Се гледа дека е чесно детево, навистина ми е жал за него. Но, па и претходниов член е во право. Па и по 50ден да дале тие од Фокус сепак ќе му помогнеле, наместо вест дека бара барем 2000ден за да поднесе апликација за да добие покрив и да има барем едно свое катче. Тажно е што на младите им се случуваат вакви работи, а сите се глуви за овие случаи. Институциите наместо да помогнат само гледаат како да најдат начин да се изрекламираат. Страшно. Ова ли е дното? До каде ќе одиме вака?
Признавам, можеби дечково не е снаодлив како некои што би умееле да бидат, но ниту тој ниту никој друг чесен човек не заслужува да биде игнориран од страна на државните институции и да биде оставен на улица без никаква помош. Решение за него сигурно има, уште полошо е што тоа сигурно не е ниту скапо ниту тешко за надлежните, но едноставно никој не го интересира.
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Мене ова шо го зборите со "зар немале од Фокус да му дадат 2000 денари", ми звучи ко банализирање на работата. Зарем поентата на написот во Фокус е во тие ебени 2000 денари? Зарем преку оваа статија не ја гледате гнилоста на нашите центри за социјална работа? На "кој те ебе" политиката на нашиот систем? За жал, во Македонија никој (или ретко) од самопрогласените и новопечени бизнисмени не помага, ако не се направи медиумска фрка и уште повеќе ако не добие на репутација со тој потег. Така што, за мене написот на Фокус е сосем Ок. Друго нешто смрди во државата Данска, друго!
 
Последно уредено:
А

Антоние

Гостин

А како точно би покажале центрите за социјална работа дека не се гнили? Со тоа што ќе си земат на грб магаре од 23 години што иако физички се наоѓа во најспособните години од животот, тој сепак избира да не работи ништо и да спие по клупи? Или со тоа што ќе му дадеш покрив над глава и он ќе го одбие заради изгледот иако со малку алати и многу труд можеш било која дупка да ја направиш да изгледа пристојно? Или можеби со тоа што на готово ќе му ветиш работа што нема да му ја дадеш, и он од што му е жал нема ни да побара друга?

Џабе е Форест да дадеш пари на ваков човек. Човеков гледа од утре за денес и ако му дадеш 2000 денари јас ти гарантирам дека ќе ги спичка во истиот ден. Човеков кренал раце од себе и очекува општеството да го тинтра како да е мало дете на 23 години. Трошачките навики се диктирани од интелигенција и од способноста да уствари мислиш на иднината. Без разлика колку многу пари имаш, ако си глупав, ќе ги спичкаш.

Има еден документарец од 2006 што го даваат на Showtime, со наслов "Reversal of Fortune." Ист ваков бездомник го снимаат додека му подметнуваат да најде актовка со 100.000 долари, додека гњури во контејнер. Му кажуваат дека може да ги задржи парите. Продуцентите му нудат легитимно банкарство, солидни финансиски советници, луѓе што можат да го научат итн. Ги одбива сите, и си ги чува парите во дупка под мостот каде што спие. Си купува нов камион, неуспевајќи да сфати дека возачката дозвола му е суспендирана пред 12 години. Им купува работи на лузери кои се неодговорни исто како него. Фрла пари по хотелски соби за себеси, и дури и за другарите, само за да биде фин. Фамилијата го моли да прекине со трошењето, на крајот одби да им каже на продуцентите колку пари му останаа. Немаше останато скршен денар во џеб. Тоа беше човек на кого му беше дадена "once in a lifetime" шанса - и ја поеба на глупости. Си ја уништи сопствената иднина, и тоа е типично за вакви луѓе.
 
Член од
4 март 2014
Мислења
58
Поени од реакции
67
а зошто не отвори кајгана сметка за социјална и хуманитарна помош каде ќе може сите да донираме пмош за ваквите социјално незгрижени наши граѓани и деца ?? прашање дирекно до администраторот на форумов
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не ме сфаќајте погрешно но Ромиве имаат толку привилегии да потребно е само да прикажат желба да работат. Другар работеше во Веро долго време и само им носеа Роми за да работат на утовар/истовар на роба во магацин кои од 8 часа работно време седеа само 2 и потоа си заминува по месец дена. Причина поради заминување - „ааа јас за 10,000 ќе перам коли не кревам пакети“. Кој работи во Веро, може да потврди. Така да се согласувам до негде со Антоние зошто кажува и дека ја одбил таа куќата или собата што му ја дале, па за почеток колку да не седи на улица, и таа е доста. Милион организации и владини и невладини имаат Ромиве ама знаеме нив што им е сонот, за Белгија да се иде.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.418
Сите плаќаме даноци со кои се собираат средства за да работат социјалните служби. Кривицата е во нив, зошто не само што не работат совесно туку воопшто и дали работат нешто.
Јасно ти е дека ние на форумов не можеме да им помогнеме на сите, така?

Ќе се нафатиш ли ти @Todorov Vladimir да ги проверуваш и селектираш случаите кои најмногу заслужуваат помош, и така со свое лично залагање да ја овозможиш идејата која ја предлагаш?
 
vo sodejstvo so socijalnite organi, moze da se doniraat sredstva od bilo koja priroda (obleka, hrana . ili paricni sredstva ) zosto toa sot ni e visok i ne ni treba da go frlame po gubre mesto da go dadem na onoj na koj najmnogu mu treba
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.418
Да ама ете социјалните служби не си ја работат работата, а ние од форумов помош можеме да пружиме само на одредени изолирани случаи. Ќе ги одбереш ти тие на кои најмногу им треба помош? По кој критериум ќе ги одбираш?
 
infoto za nesrejkniot pogre ti e soopsteno, ako si zelen i volen da pomognes pruzi mi pomos , za mudruvanje si zgresil treba vo sobranie da odes
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.418
Нема врска, џабе се трудам. Ајде поздрав и секое добро.
 
Член од
2 април 2012
Мислења
144
Поени од реакции
133
А како точно би покажале центрите за социјална работа дека не се гнили? Со тоа што ќе си земат на грб магаре од 23 години што иако физички се наоѓа во најспособните години од животот, тој сепак избира да не работи ништо и да спие по клупи? Или со тоа што ќе му дадеш покрив над глава и он ќе го одбие заради изгледот иако со малку алати и многу труд можеш било која дупка да ја направиш да изгледа пристојно? Или можеби со тоа што на готово ќе му ветиш работа што нема да му ја дадеш, и он од што му е жал нема ни да побара друга?

Џабе е Форест да дадеш пари на ваков човек. Човеков гледа од утре за денес и ако му дадеш 2000 денари јас ти гарантирам дека ќе ги спичка во истиот ден. Човеков кренал раце од себе и очекува општеството да го тинтра како да е мало дете на 23 години. Трошачките навики се диктирани од интелигенција и од способноста да уствари мислиш на иднината. Без разлика колку многу пари имаш, ако си глупав, ќе ги спичкаш.

Има еден документарец од 2006 што го даваат на Showtime, со наслов "Reversal of Fortune." Ист ваков бездомник го снимаат додека му подметнуваат да најде актовка со 100.000 долари, додека гњури во контејнер. Му кажуваат дека може да ги задржи парите. Продуцентите му нудат легитимно банкарство, солидни финансиски советници, луѓе што можат да го научат итн. Ги одбива сите, и си ги чува парите во дупка под мостот каде што спие. Си купува нов камион, неуспевајќи да сфати дека возачката дозвола му е суспендирана пред 12 години. Им купува работи на лузери кои се неодговорни исто како него. Фрла пари по хотелски соби за себеси, и дури и за другарите, само за да биде фин. Фамилијата го моли да прекине со трошењето, на крајот одби да им каже на продуцентите колку пари му останаа. Немаше останато скршен денар во џеб. Тоа беше човек на кого му беше дадена "once in a lifetime" шанса - и ја поеба на глупости. Си ја уништи сопствената иднина, и тоа е типично за вакви луѓе.
Не е он крив што таков му бил ксметот.
Уште од дете има последици,ја губи мајка му,па бабата и дедото...протеран е од вујкото...
па искрено размисли малце свесно и стави се во негова кожа како би ти било ?! Лесно е да осудуваме...
Нормално дека ти и момчето, не можете да размислувате исто.Тој не е образован,ти имаш образование и не гледаш на животот на краткорочен план,а тој кутриот живее од денес за утре,со огромни трауми и последици.
Друго,2000 ден викаш ќе ги потроши одма,па да наведено е дека должи во кумановската болница и треба да ги врати и да си ја земе личната карта од таму. А што се 2000 ден?! Едно искачање на Леон у дискотека!
На ова момче потребно му е помош,кој има можност да му помогне нека го стори тоа без осудување и онака животот доволно го осудил.....
 
Знаеш што? - ме убеди. Готово. Убеден сум. Твоите идеали се навистина вредни за восхит.
Слушај
Не мора да бараш од други да му помогнат - токму ти можеш да му помогнеш. Можеш да дојдеш кај мене дома и да ја икосиш тревата, да го искорнеш плевелот и да го исчистиш дворот, четири пати месечно, и јас ќе ти платам 2000 денари за ова. Потоа ќе те однесам кај државна каде што се мотка бездомникот и таму ќе можеш да му ги дадеш овие 2000 денари за ги употреби за болнички сметки и храна.
Може така?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom