Честит 8ми Септември

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.792
Поени од реакции
29.260
,,, видов дека темата за честитање на празникот 8ми Септември е затворена , мислам дека е време повторно да се отвори но со коректни коментари
,,,Македонијо честит празник на државноста,,,:oeoeoe:
 
Член од
4 јануари 2020
Мислења
476
Поени од реакции
863
Честит ден на осамостојувањето, независноста, суверенитетот и стремежот за своја држава, наша држава, држава на сите.
Длабоки се корењата твои, си била, си и ќе бидеш Македонијо. :oeoeoe:

П.С 8ми септември е ден на Македонија, 17ти јуни е ден на она на С. Да нема забуни во честитките.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.611
Поени од реакции
34.800
- според мене, независни НЕ сме, тоа е друг поим на сите Македонци во една држава!

... што знам што сме веќе, дали воопшто имаме независност односно што подразбираме под „независност“ или „независна“ ?

referendum.jpg

...кога се прогласи независноста сите „тие“ кои беа на бина и се радуваа,

196473-0.Basic-Vlada.jpg

повеќето гласале на референдумот против иземање на МКД од Југославија и нејзина независност, плашејќи се дека не сме способни сами да водиме сопствена држава,

slavenjeeee_original.jpg prv-sostav-pratenici.jpg

но, уште тогаш ја увидов дволичноста, да се радуваш пред другите за нешто што си гласал против и знаев дека нема да ја биде со вакви водачи,

и во право, бев

Komisioni-i-përzier-1024x585.jpg Комисија.jpg
денес две комисии наша и бугарска се расправаат чив е Гоце Делчев и Илинденско востание што го славевме исто на 2ри август, Македонците се избришани и во Грција и во Бугарија, Македонија нема веќе македонски народ туку само граѓани и други граѓани Албанци, Турци...итн, само Македончето го избришале,

maxresdefault.jpg 44261158_303.jpg

независноСТА треба да важи за сите, но ние зависиме тука од три работи од три различни страни на МКД, од Муртино (индиректно од желбите на Грција, Бугарија)

alinuland.jpg a1d4532f-resize-820x0x100.jpg

од Зајац, и се разбира главниот наш зависник кој се наоѓа на Кале_то!

Republika-Severna-Makedonija-3.jpg republika-severna-makedonija-vikipedija.png

...под инерција да се слави нешто што веќе не сме, не знам колку е здраво, сега сме во други услови, не сме Македонија туку Северна Македонија, а Македонците веќе не се македонски народ туку се граѓани на Северна Македонија, не знам дали има смисла ваков празник,

Orden_8_septemvri.jpg 8-septemvri-den-na-nezavisnosta-231581.jpg

ама ако подобро размислам овој празник, за мене, е едно минато што не е веќе сегашница, барем уште годинава ќе се слави, ако не ни го земаат и ова празнување догодина внесувајќи во календарот нови празници, како Рамковиот договор,
makedonija.jpg North_Macedonia_flag_with_emblem.gif

ама денес ќе кажам гласно - Среќен празник Македонијо, каде и да си !
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
Ама што да честитаме?
Република Македонија веќе не постои. Во 1991 година со успешен референдум се воспоставија темелите на независна Република Македонија. Во 2018 година со НЕУСПЕШЕН референдум ја уништија Република Македонија.
Ако некој нешто слави и сака да честита, тоа ќе биде после три недели. :uzi:
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
А ова говедо муртинско (простете ми северџани).....како и по обичај М од Македонија не изустува ниту сега....ниту во други говори што ги држел откако ни го продаде името.....како он, така и претставниците од неговата Шипуро-Северна творевина.
....да се потсетиме за истиот што велеше......за жал некои му поверуваа.

Македонци каде и да сте.....имајте убаво празнично попладне
 
Член од
4 јануари 2020
Мислења
476
Поени од реакции
863
Република Македонија постои. Смешно е кога читам постови дека не постоела или била умрена. Неможеме да се помириме со фактот дека некој бесправно ни наметнал нешто и тоа е толку.
Тоа ти е исто како кога ќе те окупираат, и окупаторите и узурпаторите не гледаат закон и правила и бесправно ти наметнуваат власт,без твоја волја, и си дел од друга држава,затоа се окупатори и узурпатори. Ти не го сакаш тоа, и се бориш против тоа. Тоа е аналогно на истово.

Под турско владеење сме биле 5 века, но идејата и стремежот за сопствена држава останал и живеел, како тогаш, така и денес. Споменот за Илинден и идејата за држава живеел и 1903та и 1944та, живее и денес, и ќе живее уште долго.

Еврејскиот народ 2000 години опстоил,претрпел холокауст и уништување, за да има своја држава денес, Израел.

Тој погоре на сликата, писарот на првото заседание на АСНОМ 1944, кој ни ја честита суверената држава во '91, имаше сенс, кога и какви мудри потези да повлече. Ќе се најде пак таков.

Долг и трновит е патот, ама ќе се успее. Најбитно е визија!
 
Последно уредено:
Член од
12 мај 2020
Мислења
91
Поени од реакции
55
А ова говедо муртинско (простете ми северџани).....како и по обичај М од Македонија не изустува ниту сега....ниту во други говори што ги држел откако ни го продаде името.....како он, така и претставниците од неговата Шипуро-Северна творевина.
....да се потсетиме за истиот што велеше......за жал некои му поверуваа.

Македонци каде и да сте.....имајте убаво празнично попладне
Шо не гласаше против референдумот ко мене. Туку бојкотираше
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Шо не гласаше против референдумот ко мене. Туку бојкотираше
Прво и основно.....ти поима немаш јас дали сум гласал на референдумот.
Второ....не сум офарбана политичка палка на форумов и не сум од вчера тука......а искрено ниту пак работата ми зависи од политика.....ама воопшто.
Едноставно и просто......патриот сум во душа отсекогаш и си ја сакам сопствената држава, мојата татковина Република Македонија.....чиста.
Трето и последно....темата не ти е тука за да мешаш баби и жаби.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom