Честит Ден на Армијата

Статус
Затворена за нови мислења.

Smoke_a_lot

НЕСОПИРЛИВ
Член од
16 март 2008
Мислења
707
Поени од реакции
63
Нека ни е здрава и жива армијата!Годпод нека ги чува тие македонски синови,да не бранат уште 100 години!
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Денот на Армијата на Македонија (АРМ) - 18 август, денеска свечено ќе биде одбележан со низа пригодни манифестации.

Централната свеченост ќе се одржи претпладнево пред зградата на Министерството за одбрана и Генералштабот (ГШ) на АРМ во присуство на државниот и армискиот врв, владини претставници, пратеници и на дипломатскиот кор во земјата.

Пригоден говор на свеченоста по повод Денот на АРМ треба да има претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Бранко Црвенковски.

На свеченоста е предвидена и церемонија на пензионирање и унапредување на генерали на АРМ.

По завршувањето на свеченоста од касарната „Илинден“ во чест на Денот на АРМ ќе се изврши почесна стрелба со испалување на десет плутони од 12 артилериски орудија.
По повод Денот на АРМ, делегација на ГШ, предводена од началникот, генерал – мајор Мирослав Стојановски, претпладнево ќе положи венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, како и на гробот на генералот Михаило Апостолски.

Церемонијата на полагање на венци со свежо цвеќе по повод Денот на АРМ, на градските гробишта во Бутел ќе биде организирана со воени почести, а се очекува свежо цвеќе да положат и делегации на: кабинетот на Претседателот на Македонија, Министерството за одбрана, Владата, Собранието, поранешниот претседател Киро Глигоров, Сојузот на борците од НОВ, Сојузот на резервните воени старешини и други.

извор
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Малку историја:

"...Тоа доведува до формирање на првите единици на Нароослободителната војска на Македонија, а како прва поголема воена единица е баталјонот “Мирче Ацев “ на Славеј Планина, формиран на 18 август 1943 година. Овој ден се смета за Ден на создавањето на организирана македонска војска и како таков е прифатен и за Ден на Армијата на Република Македонија..."

Извор
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
Господ нека ги чува сите Македонски синови нека ни е здрава и жива армијата:salut:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Честит ден на Армијата на Македонија, и вечно да го славиме!

Снимка од 50 годишнината од денот на армијата на Република Македонија:

 
P

Princ

Гостин
Ако некој присуствува пред ГШ, нека испрати фотографии.
 

THE_PIRAT

Avanti Formica atomica!
Член од
14 февруари 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
79
Честит ден на Армијата и уште многу години да не чуваат од сите душмани:helou:
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Нека се здрави, живи и добро платени Македонските бранители и успешно да не бранат од душмани.
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
честит Ден на Армијата, да го славиме уште многу години:salut:
 
S

SSS-Stolica

Гостин
Уште многу години вака да славиме и да не чуваат од душмани
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Честит ден на Армијата... Да не чуваат уште многу години.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Нека е честит денов, да се живи и здрави оние кои не чуваат од непријателот.
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Честит ден на армијата и на војниците кои треба да не бранат во секоја ситуација. На секој душман лошо што ни мисли да му направат како што Русија ги попари оние другине. Ај уште еднаш честито и војнички поздрав:salut:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Честит ден на армијата.
Ех што убао си поминав за денот на армијата 2004та :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom