8 Ми Септември 1991 година, Суверена и Самостојна Македонија!
... според конечните, официјални резултати од 1.495.626 гласачи, на Референдумот излегле 1.021.880 или 71,85% од граѓаните со право на глас, од кои 95,09 %гласале ЗА суверена и самостојна македонска држава.
Спроведен Рефендум за Самостојна и Суверена Македонија,
(лично не го прифаќам зборот „независна“, терминологијата ми асоцира на афричките колонии кои биле окупирани, па се избориле добиле независност и постанале „независни држави“, така да ние не бевме во таква ситуација во федерацијата на државата Југославија, впрочем во таа држава и се создаде званично таа Македонија која потоа се осамостои и стана суеверна, но никако „независна“ затоа што не била ниту под присила, ниту била малтретирана, па да сега станала „независна“.
*** затоа нека ти е честит празникот, 8 Ми Септември, Ден на твоја Сувереност и Самостојност мајко Македонијо!
(со оригинално име, знаме, амблем кога постана самостојна држава Македонијо, така треба и да се празнува, а не сите фотографии од тоа време первезно го имаат избришано или кропирано првото државно знаме, невидена работа на самоизбришување на македонската историја која си има свој тек и не може уназад да се измени).