Чернобил и Припјат

Дискусија во форумот 'Останати дестинации' започната од Nemorosus, 11 април 2010.

  1. Nemorosus

    Nemorosus

    Член од:
    5 ноември 2008
    Мислења:
    2.555
    Допаѓања:
    589
    Чернобил е подрачје во Украина, кадешто се случила најтрагичната нуклеарна несреќа.

    [​IMG]

    Нуклеарната централа била користена за произведување на струја, и сите работници живееле во блискиот град наречен Припјат. Екплозијата се случила на денот кога реакторите во централата биле тестирани. Инжинерот Анатолиј Степанович Дјатлов, препорачувал тестирањето да започне на помала енергија (200 Мегавати), а тестот требал да започне од 700-1.000 Мегавати. Се појавиле компликации, но Дјатлов сметал дека ништо не би требало да тргне наопаку, и све би требало да биде во ред. Но... не било така, имало компликации и пред почетокот. Имало две експлозии. Втората експлозија го изнела целиот кров на 4-тиот реактор. Радијацијата доаѓа од нуклеарното гориво што централата го користела. Горивото се раширило низ цела Европа, претворено во нуклеарни облаци (невидливи). Повеќето од децата и луѓето што се наоѓале поблиску до централата не преживеале, а децата што се раѓале по несреќата имале деформитети.

    Јас би ви препорачал да ги гледате овие видеа за да сватите што се случило:





     
  2. Бавча

    Бавча идол на младите

    Член од:
    25 декември 2007
    Мислења:
    10.667
    Допаѓања:
    8.516
    Сакам да го посетам градчево одамна...сигурно е морбидно, но и помалку авантура да се види таа празнина каде ни пиле не пее : )
     
  3. ^HITMAN^

    ^HITMAN^ Гостин

    Колку само ми е мака за 'ликвидаторите'(оние кои ги санираа последиците од хаваријата со голи раце изложени на радијација 300,000 пати повисока од нормалното). Сите починаа во рок од 7 дена после чистењето. Им беше кажано само дека е ризично за нивното здравје, но дека не постои опасност по нивниот живот. Колку сурово.
     
  4. Nemorosus

    Nemorosus

    Член од:
    5 ноември 2008
    Мислења:
    2.555
    Допаѓања:
    589
    Па два дена се чекаше да им кажат на граѓаните на Припјат дека експлодирала централата. Луѓето си шетаат низ градот, децата си играат, а тоа радијацијата се шири.

    Сурово, и не биле подготвени за тоа.
    Али ете... Инаку сеуште има радио-активни подрачја во Украина / Белорусија и Русија. А што е најинтересно трите реактори што не биле погодени (што не експл.) работеле до 2000-та година мислам. :S Поправете ме ако сум грешка.

    Инаку еве уште едно филмче во десет дела од Discovery, но ова е како продолжеток од случувањата горе. И се користени вистински снимки:



    Кога ќе заврши кликнете на part 2, итн.
     
  5. ^HITMAN^

    ^HITMAN^ Гостин

    Да така е. Работниците од нуклеарката биле преселени во новоизрадено гратче слично како Припијат, и гледав документарец за сиромаштијата во тој град после 2000 година откако се затворени сите 4 блока на нуклеарката. Не ми текнува само како се викаше градот.
    Не зборам за луѓето во Припијат, тоа е така дека после 2 дена започна евакуацијата. Зборам за луѓето од армијата и од рудниците кои ги чистеа последиците од хаваријата и кои го копаа подземниот тунел кој мораше да се ископа за да се постави цемент за да радиоактивната магма не дојде во контакт со вода и да предизвика експлозија 25 пати посилна од онаа во хирошима на лице место, без заштита, кои умреа во род од 7 дена а не им беше кажано дека ќе умрат со сигурност. Се работи за повеќе од 50,000 лица кои не влегуваат во ниедна статистика.
     
  6. Borg_Drone

    Borg_Drone Гостин

    Педесет тона нуклеарно гориво во воздух.И сето тоа благодарение на некој кој не го дизајнирал како што треба нуклеарниот реактор 4 од личен интерес и благодарение на еден заменик арогантен главен инжињер.Ми се гади од овие луѓе.
     
  7. Nemorosus

    Nemorosus

    Член од:
    5 ноември 2008
    Мислења:
    2.555
    Допаѓања:
    589
    Хммм, не не.
    Сето тоа грешка на тој што го спомнав во првиот пост.
    Сакал да стартува на 200MW, а требало од 700MW до 1.000MW (мегавати).
    Има разлика, водата вриела повеќе, и цевките неможеле да издржат.

    Инаку во првото видео е опишана експлозијата, а во второто што се случува после експлозијата. Многу убави документарни филмови.
     
  8. Supervisor

    Supervisor .

    Член од:
    28 јули 2008
    Мислења:
    10.785
    Допаѓања:
    3.520
    Има премногу интересни информации што може да се споделат на темава но од научен карактер и мислам дека треба да заврши во друг подфорум во спротивно ќе стане СТАЛКЕР.
     
  9. Borg_Drone

    Borg_Drone Гостин

    Па јас на кого алудирав? :)
    Анатолиј Дјатлов бил заменик главен инжињер во атомската централа.Колку што разбрав од видеото, потекнува од рибарско семејство, од Сибир и на 14 години избегал од дома.Бил еден од најценетите инжењери во СССР, за разлика од неговиот шеф он бил човек кој сакал да ризикува, а неговиот шеф играл „според книгата“.И човекот си криел своја црна тајна, работел на нуклеарни подморници во 60-тите и е виновен исто така за една хаварија која довела до тоа да го загуби и својот син. Затоа и кога ќе го прашале (ова се однесува за неговиот шеф) колкава е шансата да експлодира еден нуклеарен реактор, он често одговарал, колку што е можно да удри еден метеор во атомската централа.Тестовите се спроведени од страна на СССР поради, нападот на Израелците (не посочуваат која централа) врз ирачката атомска централа Озирак кој се случил во 1981 година.Колку за информација на останатите да знаат за која централа се работи.И нормално, сакале Советите да тестираат како би работела една централа во услови на напад и.т.н.
    А во другите делови и се говори за тоа дека дизајнот на нуклеарниот реактор 4 бил тотално погрешен, дури и КГБ издале неколку предупредувања за тоа, но нажалост и на нив не им било дозволено да се мешаат во енергетската политика.
    Вината се сведува на тие горе, и на арогантноста на заменикот главен инжињер Анатолиј Дјатлов.
    Да не пишувам понатаму, јас така разбрав сега ако сум грешка корегирајте.Запомнив доста работи, ги изгледав сите шест дела.
     
  10. Ilumious

    Ilumious Патник, педер, поет, администратор, масон

    Член од:
    29 јануари 2007
    Мислења:
    76.002
    Допаѓања:
    156.035
    Гледав дека уште 300 години ќе биде опасно да се престојува во градов поради опасност од радијација, страшно :(
     
  11. Nemorosus

    Nemorosus

    Член од:
    5 ноември 2008
    Мислења:
    2.555
    Допаѓања:
    589
    My bad, али сепак не те разбрав добро.

    Дап. И сега уште има луѓе таму што го градат тој втор поклоп да не се шири радиација. И сеуште има многу опасност.

    Инаку еве пикрч апдејтс:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  12. Borg_Drone

    Borg_Drone Гостин



    Корегирајте ме ако грешам, но мислам дека ураниумот (осиромашен) кој се користи во нуклеарните централи за гориво треба да отстои сто години за да дојде до безопасно ниво.
    Плутониумот е најјакиот радиоактивен елемент, за него треба петстотини години.
    Ова кога учев по хемија во средно, а може и да сум грешка.
    Инаку еве нешто интересно да прочитате:

    http://ataraxija.blog.mk/2008/06/26/uranium-vo-makedonija/

    Надополнување:Ги симнав сите делови од документарниот, навистина интересна тема.Поздрав!
     
  13. Nemorosus

    Nemorosus

    Член од:
    5 ноември 2008
    Мислења:
    2.555
    Допаѓања:
    589
    @Borg_Drone: Мислам дека скоро имаше на вести, ако не се лажам.
     
  14. smart ass

    smart ass Гостин

    Штета за советските војници...без опрема...ццццц

    Ама мислам ова историја ќе да е??

    П.С денес Нуклеарната енергија е Најеколошка!!
     
  15. MiroX

    MiroX

    Член од:
    28 март 2010
    Мислења:
    67
    Допаѓања:
    2
    а кај нас има ли нуклеарна база? знам дека има во бугарија, па ако таа пукне ко во чернобил готови сме и ние !
     

Сподели преку: