Часовници

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.944
Дали страницава е релевантна и продаваат оригинални часовници?
Има голем избор на Casio за добри цени...

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.552
Поени од реакции
2.129
Дали страницава е релевантна и продаваат оригинални часовници?
Има голем избор на Casio за добри цени...

Нешто на кирилица, нешто на латиница, нешто преведиле, нешто не... Не само што од авион се гледа дека продаваат фејк часовници, туку се сомневам и дека воопшто продаваат нешто друго освен воздух.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.471
Поени од реакции
5.474
Дали страницава е релевантна и продаваат оригинални часовници?
Има голем избор на Casio за добри цени...

Mногу сомнителна. Јас искраено не би нарачувал од тука.
Ако сакаш да земеш Касио мислам дека MyTime ти е најдобар избор, мислам дека имаат најдобри цени, а и ако не се лажам генерален застапник се.

Швајцарски саати можеш да си видиш во Божиновски. Знаат да имаат и они често попуст. Иако за овие страната не им е толку стабилна, не може многу многу да се подесува и да се пребарува асално, ама пак сепак продаваат претежно ептен скапи саати.

Иначе ајде повторно да си пробам среќа,
Дали некој знае каде може да се најде нов Восток саат кај нас? По можност Скопје и по која цена се движат? Има некаде и онлајн да се разгледаат модели и цени?
 
Член од
8 ноември 2020
Мислења
30
Поени од реакции
9
Некој искуство со creationwatches дали се плаќа царина и ако се плаќа колку проценти е?
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
Иначе ајде повторно да си пробам среќа,
Дали некој знае каде може да се најде нов Восток саат кај нас? По можност Скопје и по која цена се движат? Има некаде и онлајн да се разгледаат модели и цени
Збореа дека часовничар Омега во чаршија продавал Восток.
*не проверено инфо.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Mногу сомнителна. Јас искраено не би нарачувал од тука.
Ако сакаш да земеш Касио мислам дека MyTime ти е најдобар избор, мислам дека имаат најдобри цени, а и ако не се лажам генерален застапник се.

Швајцарски саати можеш да си видиш во Божиновски. Знаат да имаат и они често попуст. Иако за овие страната не им е толку стабилна, не може многу многу да се подесува и да се пребарува асално, ама пак сепак продаваат претежно ептен скапи саати.

Иначе ајде повторно да си пробам среќа,
Дали некој знае каде може да се најде нов Восток саат кај нас? По можност Скопје и по која цена се движат? Има некаде и онлајн да се разгледаат модели и цени?
Другар порачај си од meranom.com и не се замарај :)
 
Член од
9 март 2011
Мислења
160
Поени од реакции
117
Другар порачај си од meranom.com и не се замарај :)
Пошто и да има некаде во Скопје ќе бидат поскапи и веројатно купени од мераном. А модели има многу и ќе си одбереш ти што сакаш а не што има на залиха.

Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Додатно можеш да порачаш различни делови и за некоја смешна цена како 2 долари или слично ќе ти сменат од таму поклоп,каишка едно друго.
 
Член од
29 март 2019
Мислења
29
Поени од реакции
27
dokolku nekoj ima za prodavanje ili znae kade mozam da go kupam Raketa big zero 39mm, neka mi pise. Pozz.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
239
Поени од реакции
544
Ако некој го има часовникот од линкот, нека каже искуство, како стои, уште поважно, како работи, дали му се функциите ко што е рекламиран или не, и воедно, ако не сте задоволни од него, дајте некоја алтернатива, но нека не е на Apple, зашто сум решил да имам пари и за храна до крај на месец.

Вака на сликата изглеа елегантен, мислам дека цената укажува на квалитет, но не секогаш е пресудна, па затоа ме интересира што би рекол човек со искуство, да се зима или не.

Член од
5 август 2016
Мислења
312
Поени од реакции
221

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.823
Поени од реакции
10.551
Здраво, имам стар Tanis Automatic 25 Gold Spring часовник со оштетено стакло и други физички оштетувања, механизмот работи добро. Дали некој некаде реставрира вакви стари часовници?

20220117_173459.jpg
 
Kajgana Shop

На врв Bottom