Часовници

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.288
Поени од реакции
9.830
- не ни погледав на линковите што напишал продавачот, точно знам дека се работи за акрил - лесно се гребе ама и лесно се полира, за мене лично тоа е подобро од - тешко се гребе ама кога ќе се изгребе (а ќе се изгребе) не може да се полира во домашни услови
- 10 години е сервисен период, тоа е само декларација дека за тој период нема потреба од редовен сервис, си работат часовниците и децении подолго (и без редовен сервис), погледај го видеото подоле од ликот што го утепал од користење 10 години во секакви услови
- дизајнот на изгледот е ретро е пошто се работи за стар дизајн, за мене тоа е дел од шмекот

Toчка 4 ќе ја игнорирам, пошто глупаво е да се конфронтираме без потреба. :)
На крај купишта корисници на брендот (од кои многумина се од запад), го ценат и го користат брендот.

Следново заслужува цитирање и осврт:
2. Автоматски механизам "сделано в роосија" со животен век од десет години некако не ми кажува дека се работи за механизам кој е висококвалитетен плус со 30 до 60 секунди да бега дневно сметам дека е премногу за еден часовник. Швајцарските автоматици "бегаат" 60 секунди на месец.
Првиот Восток што го земав, бегаше ~1.5 секунди на ден. Вториот ~30 секунди. На крај се работи за часовници со цена од ХХ евра. Сериозно ќе споредуваме часовници за двоцифрена цена, со „швајцарци“ кои коштаат висока четирицифрена па и петтоцифрена цена изразена во евра?

Ајде. :D

Прво за каснењето/брзањето: Лесно се подесуваат/корегираат со алатчиња од неколку долари (или само со дрвена чачкалица за заби).
Второ нуркачки часовници, држат неколку рекорди за издржливсто на длабочина.
Трето, дизајнирани се за употреба во војска. Многу поробусни се од нежните швајцарци.

Како што реков, првиот Восток што го земав, бегаше ~1.5 секунди на ден. Не е лошо за „лд копија на мејнстрим часовниците" а?

Ајде неколку интересни видеа за побивање на предрасуди. :)

За издржливоста:

За историјата и за брендот:

Има илјадници ривјуа, и повеќето (скоро сите) се пофални:

И за крај, кога со швајцарец ќе се осмелиш да направиш вакво нешто? :D

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
4.075
Поени од реакции
3.210
- не ни погледав на линковите што напишал продавачот, точно знам дека се работи за акрил - лесно се гребе ама и лесно се полира, за мене лично тоа е подобро од - тешко се гребе ама кога ќе се изгребе (а ќе се изгребе) не може да се полира во домашни услови
- 10 години е сервисен период, тоа е само декларација дека за тој период нема потреба од редовен сервис, си работат часовниците и децении подолго (и без редовен сервис), погледај го видеото подоле од ликот што го утепал од користење 10 години во секакви услови
- дизајнот на изгледот е ретро е пошто се работи за стар дизајн, за мене тоа е дел од шмекот

Toчка 4 ќе ја игнорирам, пошто глупаво е да се конфронтираме без потреба. :)
На крај купишта корисници на брендот (од кои многумина се од запад), го ценат и го користат брендот.

Следново заслужува цитирање и осврт:

Првиот Восток што го земав, бегаше ~1.5 секунди на ден. Вториот ~30 секунди. На крај се работи за часовници со цена од ХХ евра. Сериозно ќе споредуваме часовници за двоцифрена цена, со „швајцарци“ кои коштаат висока четирицифрена па и петтоцифрена цена изразена во евра?

Ајде. :D

Прво за каснењето/брзањето: Лесно се подесуваат/корегираат со алатчиња од неколку долари (или само со дрвена чачкалица за заби).
Второ нуркачки часовници, држат неколку рекорди за издржливсто на длабочина.
Трето, дизајнирани се за употреба во војска. Многу поробусни се од нежните швајцарци.

Како што реков, првиот Восток што го земав, бегаше ~1.5 секунди на ден. Не е лошо за „лд копија на мејнстрим часовниците" а?

Ајде неколку интересни видеа за побивање на предрасуди. :)

За издржливоста:

За историјата и за брендот:

Има илјадници ривјуа, и повеќето (скоро сите) се пофални:

И за крај, кога со швајцарец ќе се осмелиш да направиш вакво нешто? :D

Пробај со акрилното стакло да го ставиш да се пржи :) и ќе бидиш што ќе остане од него.

Сафирното стакло не се гребе! Имам ефен тисот и веќе 4 години стаклото е како ново а толку е ударан, паѓан итн.

За 10 години гаранција подобро си земи кварцен касио. Имам еден и го користам 12 години. Батерија држи 2 години по 200 денари и тоа е се од одржување. Минерално стакло кое далеку потешко се гребе. Сеа да не го стругаш од карпа. "Бега" 2 секунди на месец (fire and forget) и сето тоа за ХХ евра. А кога би нуркал под 400 метра? :)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.288
Поени од реакции
9.830
А ти као демек твојот Тисот го пржиш во тавче? :P

Не го виде видеото погоре, власникот својот Восток го вареше/вриеше во зовриена вода, потоа со водата го замрзна во лед. Или по обратен редослед беше? :LOL:
Ај сега ти пробај такво нешто со Тисотот! (мала шала)

Сафирното стакло не се гребе! Имам ефен тисот и веќе 4 години стаклото е како ново а толку е ударан, паѓан итн.

За 10 години гаранција подобро си земи кварцен касио. Имам еден и го користам 12 години. Батерија држи 2 години по 200 денари и тоа е се од одржување. Минерално стакло кое далеку потешко се гребе. Сеа да не го стругаш од карпа. "Бега" 2 секунди на месец (fire and forget) и сето тоа за ХХ евра.
Сакаш да кажеш дека Тисотот не го користиш како dress watch, туку го користиш како часовник за секој ден?
Пошто Востокот повеќе е за секојдневно носење, и тоа и за надворешни активности, планинарење, нема гајле ни во вода (или под вода). Доволно е евтин да не паднеш во очај ако го изгубиш, оштетиш, ако ти го украдат, итн... Од истите причини скап часовник како Тисот повеќето луѓе нема да го користат во такви „ризични“ ситуации. Башка што е нежен и многу полесно оштетлив.

Восток акрил употребуваат заради механичките својства. Акрил не е крут (како стаклата - сафирно или минерално, крути се). Акрил под притисок (под вода) се деформира, не се крши... И не мора за нуркање да зборуваме. Шансите од паѓање/удар да се скрши стаклото се многу поголеми кај сафирно или минерално стакло. Акрил е многу поотпорен на кршење. Да се гребе, ама и лесно се полира.

Се работи за индивидуални избори. Ти можеш да преферираш скапи швајцарски аутоматски часовници. Тоа не е проблем, секому неговото. Проблемот е кога за совршено функционални и добри часовници, ќе кажеш дека (цитирам): „не се работи за квалитетни часовници“.
Не си во право. Восток се добри часовници, со своја историја, со свој уникатен in-house дизајн... Едноставно докажано се добри и квалитетни.

Касио се своја приказна. Одличен бренд за кварцни часовници. Имам два, едниот (DW 5600E) го користам често - Восток Амфибија и тој Касио ми се дневни часовници. Ама Востокот ми е подраг, имам дузина каишчиња кои често ги менувам, платнени/нато/зулу, перлон, гумени, метална нараквица, итн.

Дури и ако не се согласуваме, интересни се ваквите муабети. :)
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
2.779
Поени од реакции
4.413
Восток беше мојот прв часовник, негде '71 си го порачав од Политикин Забавник :facepalm: го носев едно 10 години, па му го дадов на татко ми! Не се сеќавам уште колку време он го има малтретирано:D. Дефинитивно долго живееше часовникот, многу подолго од да речеме Цитизенот кој скапо го платив.
Од сите овие 50 години што се бафтам со часовници, најголем впечаток ми остави еден T.Hilfiger кој не го оставав едно 15 години. Сега сум на Garmin, све одлично, ама понекогаш ме нервираат тие негови броења на катови и стрес левел.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
4.075
Поени од реакции
3.210
А ти као демек твојот Тисот го пржиш во тавче? :P

Не го виде видеото погоре, власникот својот Восток го вареше/вриеше во зовриена вода, потоа со водата го замрзна во лед. Или по обратен редослед беше? :LOL:
Ај сега ти пробај такво нешто со Тисотот! (мала шала)

Сакаш да кажеш дека Тисотот не го користиш како dress watch, туку го користиш како часовник за секој ден?
Пошто Востокот повеќе е за секојдневно носење, и тоа и за надворешни активности, планинарење, нема гајле ни во вода (или под вода). Доволно е евтин да не паднеш во очај ако го изгубиш, оштетиш, ако ти го украдат, итн... Од истите причини скап часовник како Тисот повеќето луѓе нема да го користат во такви „ризични“ ситуации. Башка што е нежен и многу полесно оштетлив.

Восток акрил употребуваат заради механичките својства. Акрил не е крут (како стаклата - сафирно или минерално, крути се). Акрил под притисок (под вода) се деформира, не се крши... И не мора за нуркање да зборуваме. Шансите од паѓање/удар да се скрши стаклото се многу поголеми кај сафирно или минерално стакло. Акрил е многу поотпорен на кршење. Да се гребе, ама и лесно се полира.

Се работи за индивидуални избори. Ти можеш да преферираш скапи швајцарски аутоматски часовници. Тоа не е проблем, секому неговото. Проблемот е кога за совршено функционални и добри часовници, ќе кажеш дека (цитирам): „не се работи за квалитетни часовници“.
Не си во право. Восток се добри часовници, со своја историја, со свој уникатен in-house дизајн... Едноставно докажано се добри и квалитетни.

Касио се своја приказна. Одличен бренд за кварцни часовници. Имам два, едниот (DW 5600E) го користам често - Восток Амфибија и тој Касио ми се дневни часовници. Ама Востокот ми е подраг, имам дузина каишчиња кои често ги менувам, платнени/нато/зулу, перлон, гумени, метална нараквица, итн.

Дури и ако не се согласуваме, интересни се ваквите муабети. :)
Друже, акрилот се гребе и со нокт бе. Кој квалитет, кои 2 денара?

Саат у денешно време не се носи за гледање на саат, за пржење, нуркање за да глеаш у матната тиња колку е саатот ,замрзнување итн.
Мобилниот е сосема доволен за да знаеш колку е саат.
Се работи за statement.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.288
Поени од реакции
9.830
Toa се екстремите кои часовникот може да ги поднесе - мислам Востокот може, а Тисот не. Никој не вика дека ти часовникот мора така да го користиш, туку дека е дизајниран да го издржи тоа. А штом може тоа да го издржи, сѐ друго како паѓања/удари подобри ќе издржи од нежен часовник кој служи само за дотеровка и за како што велиш „statement“.

За мене лично, уникатноста на Восток е „statement“. :)

Јас баш првенствено за гледање време ги користам часовниците, пошто мобилен телефон се обидувам што помалку да користам. Тоа значи дека телефонот ми е во рака за да се слушнам со некој, не за да гледам време, и не за да денгубам.

Најпосле кој модел на Тисот го имаш, дај некоја фотографија.
Еве го мојот Восток, со црн бејзел и црно нато каишче:

Vostok-Amfibija.jpg
 
Прегледај го приврзокот 278614
Тисотот има сафирно стакло, stainless steel. Водотпорен и швајцарски механизам, за која нежност правиш муабет? Акрилното стакло на восток?
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
2.779
Поени од реакции
4.413
Тисотот има сафирно стакло, stainless steel. Водотпорен и швајцарски механизам, за која нежност правиш муабет? Акрилното стакло на восток?
Ништо против твојот фаворит, јас имам еден Тисот веќе 11 години, никако не се здруживме! И од сите него најмалку го бендисувам иако е убедливо најскап во друштвото!
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
4.075
Поени од реакции
3.210
Ништо против твојот фаворит, јас имам еден Тисот веќе 11 години, никако не се здруживме! И од сите него најмалку го бендисувам иако е убедливо најскап во друштвото!
Ствар укус, тоа е
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.288
Поени од реакции
9.830
Тисотот има сафирно стакло, stainless steel. Водотпорен и швајцарски механизам, за која нежност правиш муабет? Акрилното стакло на восток?
На пример, одиш на планина и се дешава невнимателно со раката странично да удриш ВО КАМЕН/КАРПА.
Или Х други ситуации... Муабетот е дека Тисот е dress watch. Да го ставиш на рака кога ќе се дотераш, за во ресторан, за такви прилики, можеби и за на работа ако имаш white collar job (во твојов случај одговара, иако не си баш во тој опис).

Но не ми одговори на прашањето, кажи кој модел на Тисот го поседуваш. Дај и фото ако не ти е проблем.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
4.075
Поени од реакции
3.210
На пример, одиш на планина и се дешава невнимателно со раката странично да удриш ВО КАМЕН/КАРПА.
Или Х други ситуации... Муабетот е дека Тисот е dress watch. Да го ставиш на рака кога ќе се дотераш, за во ресторан, за такви прилики, можеби и за на работа ако имаш white collar job (во твојов случај одговара, иако не си баш во тој опис).

Но не ми одговори на прашањето, кажи кој модел на Тисот го поседуваш. Дај и фото ако не ти е проблем.
downloadfile.gif
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.288
Поени од реакции
9.830
Кварц?
Јас па мислев дека за механички часовници зборуваме, и тоа со автоматско навивање.

Како тој горе е твојот, црно лице/бројчаник со црн бејзел?
Естетски не изгледа лошо, иако тој цилиндричен облик не ми е кеиф. Бејзелот претпоставувам е за украс, не се врти? Површината на бејзелот изгледа дека е боја, сигурно лесно се гребе?

Безвезно е што се решиле да идат со нестандардна 19мм ширина за каишчиња, тие од 20мм нема да ги собира (не без да ги стискаш, може да изгледа набрано и лошо), а 18мм каишчиња за претенки за машка рака - не ми изгледаат убаво. Веројатно идејата е да се иде со кожни каишчина, потенки, некоја шминкерска шема ваљда, за дотерување.

Се на се, допадлив часовник (кој е по таков дизајн), ама очигледно нежен. Иако е кварцен механизам, не изгледа робусно и претпоставувам не го носиш секојдневно или било каде. Малку видеа најдов со добри ревјуа за Тисотов, во контраст за Востоците има стотици видеа, од описи и ревјуа до модификации и сервисирање... Гледано како бренд очигледно е кој е попопуларен меѓу љубителите на часовници.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
367
Поени од реакции
479
Друже, акрилот се гребе и со нокт бе. Кој квалитет, кои 2 денара?

Саат у денешно време не се носи за гледање на саат, за пржење, нуркање за да глеаш у матната тиња колку е саатот ,замрзнување итн.
Мобилниот е сосема доволен за да знаеш колку е саат.
Се работи за statement.

Другар востокот го користам нешто слично као g-shock не му се замарам го сменив бидејќи ми здосади да носам кромидка на рака.
За разни актиновсти во природа го користам и едноставно не се замарам со часовникот,немам навика ниту да вадам ниту пазам часовникот,исполнува основни услови да не треба да се замарам со батерија,да не пушта вода и да трпи разни удари без да се скрши на 100 делови и не е превише скап бидејќи го гледам како алатка,а изгледот е индивудуален некаде поназад имам постирано слика.

Извини но фрлање пари на давање изјави со часовник ми изгледа како нешто што би го правел некој што има превише пари,а премалку акл.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom