Часовници

Член од
30 јануари 2009
Мислења
309
Поени од реакции
203
Fossil брендот за часовници дали е ок? Имал ли некој искуство?
Автоматски часовници од поефтините брендови кај се наоѓа? ( Swatch, Tissot) ?
Не,
За поевтини барај seico, citizen, но механички, има еден добар во б њатцх а ако бараш нешто поевтино тогаш гледај casio i citizen соларни.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.735
Поени од реакции
4.382
Последниве години наизменично носам два часовника:



Фотографиите не се мои, но моделите се идентични, со исклучок на ремчето на Tissot, кој е доста стар спомен.
Имам еден Citizen, и неколку советски „Ракети“ кои треба да се поправат, и еден древен џебен часовник зрел за реставрација.
 
Член од
27 јули 2012
Мислења
67
Поени од реакции
57
Ме интересира кај можи да се најди Casio Royale кај нас?
 
Член од
27 јули 2012
Мислења
67
Поени од реакции
57
Последниве години наизменично носам два часовника:



Фотографиите не се мои, но моделите се идентични, со исклучок на ремчето на Tissot, кој е доста стар спомен.
Имам еден Citizen, и неколку советски „Ракети“ кои треба да се поправат, и еден древен џебен часовник зрел за реставрација.
Tissot изгледа многу интересно, што година е?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.735
Поени од реакции
4.382
Tissot изгледа многу интересно, што година е?
Мислам дека е од 70-тите години. Не знам точно, бидејќи ми го даде дедо ми по долгогодишно носење. Се' уште добро работи.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
506
Поени од реакции
66
Fossil брендот за часовници дали е ок? Имал ли некој искуство?
Автоматски часовници од поефтините брендови кај се наоѓа? ( Swatch, Tissot) ?
Имам купено Fossil часовник уште во 2012 година и сум презадоволен, нема никаква мана.
 

banne1

попај
Член од
24 април 2012
Мислења
136
Поени од реакции
64
Знае ли некој каде можам да најдам Orient Ray II во македонијава?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
9.425
Поени од реакции
8.693
Мијота и Ета се најзастапени на пазарот, не зборувам јас за патек филипе од 200 000 евра и ред други ултра луксузни часовници кои имаат ин хаус мувмент.

А во денешно време на монопол, чисто се сомневам дека руските се руски или дека америчките се амерички часовници пошто тие во поголем дел од нив во зависност од цената или материјалот имаат или ета или мијота.
Kaкo што кажа и @bojadva Русите користат ин-хаус механизми. Уште од времето Русите биле единствените кои покрај Швајцарците и Јапонците, имале сопствен аутоматик механизам за часовник. Америте по форуми се зафркаваат како Сталин им дал задача на часовничарите да направат добар нуркачки часовник со домашен механизам или „стрељот“. ;)
Вистина или не, овие направиле аутоматик механизам кој бил (и сеуште е) евтин, поотпорен од конкуренцијата на удари, робусен часовник (куќиште) со уникатен дизајн кој е отпорен на големи притисоци како за повеќе стотици метри длабочина (има видеа со луди рекорди на јутјуб), и сето тоа евтино за производство.

Прецизноста не им е јака страна на Русите, но можат успешно да се синхронизираат на помалку од секунда/ден офсет - и за тоа не требаат некои посебно скапи алатки. Всушност главниот appeal за руските часовници, покрај робусноста и специфичниот ретро изглед, се мноштвото DIY зафати кои можат своерачно да се направат со нив. Тука посебно се познати Восток часовниците. Со неколку евтини алатки од ибеј може да се менуваат dial-ите (лицето), сказалките, бејзелите, секакви ремчиња и нараквици, итн. И се е доволно евтино за грешките да не бидат катастрофално скапи.


Еве ја мојата Восток Амфибија, со сменет афтермаркет бејзел, афтермаркет ремче, и благо ишмирглано тело (ова последново некогаш ќе го преработам да биде со понагласен brushed-look).
Vostok01.jpg Vostok02.jpg

Инаку имам во фиока уште еден Восток, кој чека некогаш кога ќе ми биде досадно па да го „преуредам“ во ретро изглед (телото е од хромиран месинг кој планирам хемиски да го одстранам а потоа месингот/телото механички да го обработам, па да го оксидирам и потемнам). Имам и неколку ремчиња кои би требало да изгледаат добро со таков часовник.




Дали да се има автоматик или кварц е субјективна ствар, и едниот и другиот механизам има предности и недостатоци.

Јас лично не би земал никад автоматик, пошто се понепрецизни од кварцовите дури и ултра најскапите брендови, автоматиикот бара внимание, може да ти откаже кога ти треба, треба да го корегираш, бара профилактика и подмачкување на часовничар од време на време, кое еднакво колку и еден нов кварцен часовник.
Субјективна работа, точно, ама ајде да разграничиме дали зборуваме за часовник за секојдневно носење или нешто што се вади еднаш неделно/месечно за да се разбие монотонија. Пошто јас така ги гледам часовниците, механички часовници за кога ќе добијам желба да ги носам и за специјални прилики, а за секојдневна употреба часовници како ретро Casio G-Shock (мојот DW-5600E има окулу ~2 секунди месечно изместување) кој е пери-носи часовник, буквално, повремено го перам под чешма со сапун за раце. :)

Голем плус за механички часовници е што не морам редовно да се замарам со менување батерии, а тоа додека не научив сам да го правам и не беше баш евтина работа - во поголемите дуќани батерија со работна рака за менување иде од 300 до 500 денари, а батеријата може и да не биде „свежа“ па за помалку од една година да треба пак да се менува, сеедно што часовникот бил несен само неколку пати од тогаш. Тоа чинење пута Х часовници, секои пар години, не е баш мала давачка.

За контраст, механички часовници само треба да ги навијам или неколку пати да ги затресам, да го наместам времето, и да ги ставам на рака.

Во врска со сервисирањето мислам дека на автоматиците не им треба повеќе од еден сервис на 10 години, ако се користени во нормални услови. Дури и за Восток се декларираат 5 до 10 години сервисен период. Со тоа што треба да се нагласи дека Швајцарците и Јапонците имаат понежни механизми и за луѓе што не работат во канцеларија не се доволно робусни за да бидат daily driver часовници.
 
Член од
27 јули 2012
Мислења
67
Поени од реакции
57
Ме интересира дали има некој порачано Восток од сајтов?
 
Член од
9 март 2011
Мислења
116
Поени од реакции
86
Ме интересира дали има некој порачано Восток од сајтов?
Да, сигурен е, и порачувај во рубљи, поефтино излегува.

Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk
 
Член од
27 јули 2012
Мислења
67
Поени од реакции
57
Гледав има доста модели на класичните востоци. Фала
Да, сигурен е, и порачувај во рубљи, поефтино излегува.

Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk
Супер. Има доста што да се одбери. Фала
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
11.329
Поени од реакции
12.057
И јас планирам да си земам една амфибија, многу ми се допаѓа што има милион начини да ги кастомизираш овие саати
 
На врв Bottom