ЧИСТЕЊЕ НА ВЕШ МАШИНА

Дискусија во форумот 'Дом и семејство' започната од најубав, 9 јуни 2019.

  1. најубав

    најубав

    Член од:
    16 март 2019
    Мислења:
    81
    Допаѓања:
    25
    Значи вака ме интересира како најубаво да се исчисти внатрешноста на машината за перење алишта ( веш машина ) на интернет прочитав дека најубаво е да се стави 50 гр сода бикарбона и 5 лити алкохолен оцет и да се вклучи машината на 90°C без програм на предперење
    МЕ ИНТЕРЕСИРА ДАЛИ Е ТОЧНА ОВАА ИНФИМАЦИЈА ?
     
  2. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol

    Член од:
    3 мај 2019
    Мислења:
    162
    Допаѓања:
    102
    Јас имам сменето три машини за перење и сите првото перење беше без алишта, само со малку прашок за перење, за вриење што е, сода бикарбона и околу 100 гр.алкохолен оцет...па и не мора ни тој да го ставиш
     
  3. најубав

    најубав

    Член од:
    16 март 2019
    Мислења:
    81
    Допаѓања:
    25
    Машината ми ја донесоа од сервис ( ми беше на сервис поради дефект ) и затоа сакам да ја дезинфецирам внатрешно со сода бикарбона и оцет но незнам која количина да ја ставам прашањето ми е дали 5 литри оцет и 50 гр сода бикарбона е многу или е ок дали ке има нус појави машината од таа количина на оцет и сода бикарбона .?
    --- Споено дупло мислење, 9 јуни 2019 ---
     
  4. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol

    Член од:
    3 мај 2019
    Мислења:
    162
    Допаѓања:
    102
    Премногу е пет литра, можеш и со прашок или оние таблети за машините за перење садови, со лимонтус..
    Ајде уште еднаш, премногу е пет литра.
     
  5. најубав

    најубав

    Член од:
    16 март 2019
    Мислења:
    81
    Допаѓања:
    25
    Значи ако е премногу 5 литри тогаш да ставам најмногу 1 литар оцет алхохолен и 50 гр сода бикарбона ?
     
  6. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol

    Член од:
    3 мај 2019
    Мислења:
    162
    Допаѓања:
    102
    Така де, ете стави и 200 гр.сода ако сакаш.
     
    На Govinda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DenaM

    DenaM

    Член од:
    15 април 2019
    Мислења:
    75
    Допаѓања:
    57
    и после секое перење остави ја вратата отворена некое време да се исуши внатрешноста пошто од тоа мириса, и плус има разни средства за во алиштата што се ставаат дали капсули дали марамчиња и сл. во дм ги има купи си и тоа е тоа.
     
    На TrendS му/ѝ се допаѓа ова.
  8. најубав

    најубав

    Член од:
    16 март 2019
    Мислења:
    81
    Допаѓања:
    25
    Fala za sovetot inace da posle sekoe perenje ja otvaram vratata od ves masinata prirodno da se isusi i da nema vlaznost vo vnatresnosta od bubanjot.
     
  9. Ron Burgundy

    Ron Burgundy

    Член од:
    29 јуни 2014
    Мислења:
    8.974
    Допаѓања:
    9.028
    што ќе дезинфецираш? таа пере на 90 степени, све што има ќе се уништи
     
    На pozdrav eden topol му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TrendS

    TrendS Work Smart, Not Hard

    Член од:
    14 декември 2018
    Мислења:
    30
    Допаѓања:
    36
    Прво соодносот ти е потполно погрешен.
    50гр сода нема ни да го допре допре бигорот, а 5 литри алк. оцет е премногу. Јас знам за два проверени начини од лично искуство повеќе пати до сега и резултатите се ОДЛИЧНИ!

    Првиот начин е со лимонтус (поскапа опција, зошто треба да купиш цело пакетче со врекички од маркет :))
    за машина до 5 кг =350 грама
    за машина од 7 кг =450 грама
    и 8 кг = 500 грама
    Го сипаш лимонтусот во бубањ и пушташ програм на температура од 90/95 степени (без предперење) да го заврши целиот циклус. Пред тоа исчисти го филтерот а истото повтори го и по завршувањето на програмот. За да го видиш резултатот стави го цревото за одвод од машина во када, затни ја кадата со чеп и ќе видиш што ќе излезе. Ке си речеш па тука ли ми се переа алиштата :(.

    Вториот начин е со сода бикарбона и алк оцет.
    Просто..прво истури 250 грама сода бикарбона во бубањ па додај 1 литар алкохолен оцет. Пушти ја машината на програм 90/95 степени (без предперење) да го заврши целосниот циклус.
    Пред тоа исчисти го филтерот а истото повтори го и по завршувањето на програмот.

    Верувај успешно се докажани овие методи во целосно чистење на заостанат прашак, бигор, сите останати бактерии, габички, фекалии.. како и се останато што се наоѓа во системот. Правиш комплетна дезинфекција и чистење на наталожениот бигор на греачите. Не троши пари на маркетиншки трикови како што се Калгонит и сл кои се +- базирани на овие супстанци.
    Исто така извади го и темелно исчисти го садот каде што се внесува прашок/омекнувач (можеш да употребиш стара четка за заби и раствор од сода и оцет) бидејки тоа е гнездо за габички и бактерии. Дихтунг гумата на врата пребриши ја со алкохолен оцет.
    И како што ти кажаа во иднина оставај ја вратата подотворена за да се вентилира и исуши бубањот. А после секое перење со сува крпа избриши ги остатоците од вода на гумата (исуши ја).
    Исто така во иднина од време на време кога ќе пушташ машина на бели алишта во прашокот можеш да додаваш по една-две лажици сода во прашокот за перење. Стара но добра финта.
     
    Последно уредено: 15 јуни 2019 во 21:13
    На krkac му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: