ЧАЈЛД ХАРОЛД, ВЕРТЕР, KЛЕТНИЦИ

Член од
12 ноември 2017
Мислења
2
Поени од реакции
0
  • ЧАЈЛД ХАРОЛД


    На прагот на 19 век се раѓа нов правец во литературата наречен романтизам, кој заедно со општествените и историките моменти кои се случувале зад сцената, ги предизвикувале тогашните писатели кон пишување нови дела. Џорџ Гордон Бајрон, не ооделувајќи, инспириран од својата состојба во тогашното општество, ја создал патописна поема „Странствувањата на Чајлд Харолд“ во која главниот лик, со неговиот немирен дух, настојува да најде совршенство.

    Главниот лик во ова дело е Чајлд Харолд, типичен романтичарски јунак кој претставува целосна слика на Бајрон и неговиот живот. Токму преку него писателот ги прикажал своите чувства и доживувања што всушност е и главната идеја на оваа поема. Незадоволен од својата состојба која ја добил во општеството, Бајрон бега од својата сегашност и тоа го прикажува преку овој лик Чајлд Харолд. Своите авантури и патувања тој ги започува со една цел, да избега од општеството. Во тие моменти се препознава најважната карактеристика на романтизмот а тоа e мечтаење по нешто што не е тука и е непознато, копнеж по нешто далечно, поубаво. На почеток дејството во оваа поема е во трето лице, со една цел да се искаже објективноста на авторот. Бајрон на ваков начин ја прикажува состојбата низ Европските земји Бидејќи ги подржувал народите и националните идеи тој претставува предводник на револуционерниот романтизам.Со самото тоа препознаваме уште една одлика која ја поседува овој литературен правец, култ кон народот и народното творештво. Во преостанатиот дел од поемата Бајрон се израува во прво лице односно ги прикажува своите чувства. Тој бил пратеник на таа добро позната светска тага, која зафатила широка маса на луѓе. Овој човек претставува плод на фантазијата на Бајрон и на неговиот личен свет. Од тука произлегува и индивидуалноста како уште еден белег на овој правец. Во насловот на оваа поема се наоѓа зборот странствување, кое на некој начин може да се сфати како патување, но патување кое има кружна траекторија. Но сите тие причини за патување водат кон враќање во својот дом со нови заклучоци и одговори, што е сосема спротивно со Бајрон и неговата слика. Чајлд Харолд немал никаква потреба да се врати назад во својата татковина, ниту пак имал желба за истото. Ова било проследено поради тоа што тој немал свое семејство, не верувал во љубовта и пријателството. Бајрон целосно бил отфрлен и етикетиран од општеството, она кое го претставил како расипано, сурово, неморално и експлоатациско. Поради сето ова единствена утеха е негацијата од тоа општество, а тоа е секако природата. Во неа бега и целосно се предава на своите чувства, емоции и нагони.

    Бајрон успева да ни ја претстави неговата слика за тогашното општество, истовремено бегајќи од неговата реалност, тој зборува за борбата за слобода и колку таа вреди, секако и за исмејувањето на тогашните општествени прилики.


    ВЕРТЕР

    На прагот на 19 век се раѓа нов правец во литературата наречен романтизам, кој заедно со општествените и историките моменти кои се случувале зад сцената, ги предизвикувале тогашните писатели кон пишување нови дела. Јохан В Гете не ооделувајќи, го создава најпознатото дело од неговиот ран период на творешто, Страдањата на младиот Вертер, што е препознатливо по ПСИХОЛОШКИ обемниот психолошки профил на главниот лик. РОМАНТИЧАРСКИ бројните карактеристики на романтизам и истовремено способноста да се издвои од останатите негови дела.

    Една од главните одлики на романтизмот е незадоволството од сегашноста, копнеж по нешто што не е тука и е непознато. Токму поради ова авторот на делото го внесува ликот на Вертер, Тој е претставник на граѓанската класа, млад човек исполнет со романтичарски дух, кој својата слобода од општеството во кое живеел, ја бара бегајќи од цивилизацијата во природата. Низ целото дело се прикажани нејзините убавините во чие присуство Вертер бескрајно уживал. Тој кон неа гледал со восхит, ја чуствувал како божја сила која имала способност да го разубави секој живот.

    Вертер во даден момент започнува да и се предава на магијата која го облила. Всушност тоа е љубовта, која ја чуствувал кон младата дама Лота. Бидејќи овој младич целосно се предал на своето срце и своите чувства, тој длабоко во себе западнал во тешки состојби. Уште една одлика на романтизмот, е портретот на жената како едно благородно, возвишено суштество кое дарува среќа и го осмислува животот. Уште од далечната грчка литература, жената го нема завземено централното место помеѓу ликовите. На Гете му се препишува тоа остварување токму преку овој роман. Вертер е прикажан како висока морална личност, поради сите тие свои принципи, тој не ја преминал линијата и не ја признал љубовта кон Лота. Тој продолжува да бега од реалноста и да живее на ист начин, , предводен од своето срце и сосема целосно отфрлувајќи го својот разум. Целосното предавање кон љубовта на Вертер му овозможува да помине низ разни авантури и случувања. Тој во некои моменти е среќен до крајност, но во некои тагува и запаѓа во меланхолични состојби. На ваков начин Гете ја претставил љубовта, чувство со многу воздигнувања и падови. Крајот на овој роман е проткајан на трагичен начин, односно со смртта на јунакот Вертер.

    За Гете може со сигурност да му се препише епитетот успешен поради тоа што ги собрал и исцртал сите големи проблеми на своето време, во еден љубовен роман.

    ( ПСИХОЛОШКИ)====================

    ( Оваа драматична приказна говори за тоа како разумот и срцето претставуваат два различни света, со кои ниедна личност на овој свет не може да дојде на крај. Па така умот е оној кој ти кажува како не треба да правиш, додека пак срцето го прави сосема обратното, преовладувајќи врз тебе со моќта на чувствата. РОМАНТИЧАРСКИ)


    KЛЕТНИЦИ


    На прагот на 19 век се раѓа нов правец во литературата наречен романтизам, кој заедно со општествените и историските моменти кои се случувале зад сцената, ги предизвикувале тогашните писатели кон пишување нови дела. Самиот бележник на францискиот романтизам е Виктор Иго, кој успева да ги долови човечките страдања и нивните борби против социјалната неправда, во романот Клетници. Во делото се опишани судбините на ликови од различни општествени слоеви, преку кои се и доловени особеностите на франција во тој период на романтизам.

    Судбината на самиот главен лик, Жан Валжан, се испреплетува со судбините на други ликови кои првенствено немале поврзаност еден со друг. Жан е поранешен затвореник, обвинен за кражба на леб. Тој излегува од затвор сакајќи да започне одново, да ја врати својата чесност и да стане човек достоен за почит, имајќи и материјална сигурност. Неколку години поминуваат, Жан го менува својот идентитет, станува угледен споственик на фабрика, а воедно и градоначалник, познат како господин медлен. Неговата среќа се менува кога еден ден се здобива со шанса да го види неговото минато во очи. Toj се соочува со инспекторот Жаверн кој го препознава како Жан и продолжува да го прогонува и понатамошно. Не сфаќајќи колку еден миг може да го смени негивиот, Жан наидува на една жртрва на неправдата по име Фантина. Таа е мила и наивна жена која e често измамувана и подлага под работи кои не би ги празвела се за да заработи пари за нејзината ќерка, Козета. Тука излегува на виделина доброто срце на Господинот Медлен и тој решава да и помогне на Фантина, истовремено спасувајќи ја Козета од злобната и користољубивата фамилија Тенардиеви. Со овој израз на добрина, тој го менува животот на овие два ликови. Фантина не успева да стигне да си ја види својата ќеркичка одкако Жан ја спасува бидејќи таа се соочува со фатална болест. Судбината на Жан повторно му се насмевнува, неговите денови со милата Козета гледајќи ја како своја ќерка, веќе оддамна позади него, тој се наоѓа во ситуација каде што може во неговите последни мигови, да биде среќен за неговата ќерка и човекот кој ја љуби, Мариус. Жан доживува вистинска среќа во неговиот живот, се благодарејќи се на на неговите чесни постапки и добро срце.

    Иго успева да ја долови неговата слика од француското општество во неговото време, со тоа што тој ја користи романескната структура да направи една пајажина од различни ликови и карактери, споени со нивната судбина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom