Иако сум 90ти роден сепак сум бил дете што гледал и доста постари цртани. Пред да почнам оние од Cartoon Network Декстер и останат серијал анимираниве гледав класика цртани филмови.
Душко долгоушко е баш цртан со моливче
Имав една VHS касета со колекција цртани филмови и таа ја вртев додека бев малечок. Паметам и ден денес на оваа сцена.
Се сеќавам исто на локалната Кисс Тетово даваше цртани филмови класика со српска синхронизација или со превод на српски. Уште го паметам овој цртан со интересната реплика Брига ме за зиму, брига ме за снег, крзно ми је топло ja сам прави медвед.
Или онаа со Три слепа миша јуре као људи/луди што и да беше последниот збор.
Да не ги заборавам и оние на Дизни со Паја патак, Шиљо, Плутон..
Во 2000 година и некоја гледав доста на МТВ 1 цртани филмови, потоа се појави кабелската во Македонија па се гледаше Том и Џери, Cartoon Network, Декстер лабатори се додека не пораснав некаде 5-6 одделение и не почнаа тинејџерски денови, пубертет и слични други работи во процесот на растење па се тргаш од цртаните почнуваат да те интересираат повеќе филмови, серии, музика, дружење со другари, женски.