Црн Дроб (Проблеми, Терапија, Природни лекови)

Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.687
Поени од реакции
2.534
Напротив, семе од коприва се употребува за зајакнување на крвта.
Не е битно, очигледно е дека јас пишувам за замастена јетра а ти за покачени вредности на алт и аст....а јас немам такви проблеми.
од што се покачува алт? :pos:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.608
Поени од реакции
34.798
Некои предлагаат корен од глуварче, сок од цвекло и повеќе движење.
...внимателно со хербални рецепти, посебно тие кои ја стимулираат дигестијата на организам кој има веќе нормална дигестија, па ја префорсира во подолг период, при што може да дојде до премногу лачење на жолчни киселини, преактивност на жолчката и создавање на жолчни камења, да не испадне едно се лечи друго се расипува!

Dandelion-Taraxacum-officinale.jpg

корен од глуварче, па и целото растение (Taraxacum officinale) наоѓа примена во хербална медицина но исклучително внимателно со него, посебно влегува во интеракција со лекови „статини“ кои се даваат при покачен липиден статус (холестерол, липиди, триглицериди, ЛДХ)
од што се покачува алт? :pos:
... не мора да значи, конкретно во твој случај, дали при медицински прегледи им кажуваш дека активно дигаш тегови, па се занимаваш со бодибилдинг токму да имаш повеќе физичка активност, но тоа може да биде и причината во твој затворен круг што ти ги потенцира јетрените трансаминази, доколку вежбаш упорно и дигаш тегови без контрола или воопшто не треба да дигаш тегови прашање, затоа што токму тие интензивни мускулни вежби со кревање тегови може да се смета како причина за асимптоматско покачување на функционалните тестови на црниот дроб во секојдневната клиничка пракса каде спаѓа и споменатиот „АЛТ“ вели клиничката студија:


Цел
Да се истражи ефектот на интензивното мускулно вежбање (кревање тегови) врз клиничките хемиски параметри кои ја одразуваат функцијата на црниот дроб кај здрави мажи.

Методи
Петнаесет здрави мажи, навикнати на умерена физичка активност, без кревање тегови, изведоа програма за кревање тегови долга 1 час. Беше земен примерок од крв за клинички хемиски параметри [аспартат аминотрансфераза (AST), аланин аминотрансфераза (ALT), лактат дехидрогеназа (LD), гама-глутамил трансфераза (γGT), алкална фосфатаза (ALP), билирубин, креатин киназа (CK) и миоглобин] во повторени интервали во текот на 7 дена по вежбањето и на последователен преглед 10-12 дена по вежбањето.

Резултати
Пет од осум проучувани клинички хемиски параметри (AST, ALT, LD, CK и миоглобин) значително се зголемија по вежбањето и останаа зголемени најмалку 7 дена по вежбањето. Билирубин, γGT и ALP останаа во нормалниот опсег,

Заклучок
Параметрите на функцијата на црниот дроб, AST и ALT, беа значително зголемени најмалку 7 дена по вежбањето. Покрај тоа, LD и, особено, CK и миоглобинот покажаа високо покачени нивоа. Овие наоди ја нагласуваат важноста од наметнување ограничувања за кревање тегови пред и за време на клиничките студии.
Интензивни мускулни вежби кревање тегови, исто така, треба да се смета како причина за асимптоматско покачување на функционалните тестови на црниот дроб во секојдневната клиничка пракса.

Клиничка студија ја илустрира важноста да се земе предвид кревањето тегови и веројатно другите видови на интензивен мускулен тренинг како причини за асимптоматско покачување на функционалните тестови на црниот дроб во секојдневната клиничка пракса. Ова ќе го намали ризикот од погрешно припишување на промените во тестовите за функцијата на црниот дроб на ефектот на лекот. Основните механизми на асимптоматско покачување на клиничките хемиски параметри предизвикани од мускулна вежба се во голема мера непознати и треба дополнително да се истражат...“

ете, здрави мажи со форсирано вежбање можат во некои случаеви проблем да направат! :toe:
 
Последно уредено:
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.687
Поени од реакции
2.534
...внимателно со хербални рецепти, посебно тие кои ја стимулираат дигестијата на организам кој има веќе нормална дигестија, па ја префорсира во подолг период, при што може да дојде до премногу лачење на жолчни киселини, преактивност на жолчката и создавање на жолчни камења, да не испадне едно се лечи друго се расипува!

Прегледај го приврзокот 316760

корен од глуварче, па и целото растение (Taraxacum officinale) наоѓа примена во хербална медицина но исклучително внимателно со него, посебно влегува во интеракција со лекови „статини“ кои се даваат при покачен липиден статус (холестерол, липиди, триглицериди, ЛДХ)

... не мора да значи, конкретно во твој случај, дали при медицински прегледи им кажуваш дека активно дигаш тегови, па се занимаваш со бодибилдинг токму да имаш повеќе физичка активност, но тоа може да биде и причината во твој затворен круг што ти ги потенцира јетрените трансаминази, доколку вежбаш упорно и дигаш тегови без контрола или воопшто не треба да дигаш тегови прашање, затоа што токму тие интензивни мускулни вежби со кревање тегови може да се смета како причина за асимптоматско покачување на функционалните тестови на црниот дроб во секојдневната клиничка пракса каде спаѓа и споменатиот „АЛТ“ вели клиничката студија:


Цел
Да се истражи ефектот на интензивното мускулно вежбање (кревање тегови) врз клиничките хемиски параметри кои ја одразуваат функцијата на црниот дроб кај здрави мажи.

Методи
Петнаесет здрави мажи, навикнати на умерена физичка активност, без кревање тегови, изведоа програма за кревање тегови долга 1 час. Беше земен примерок од крв за клинички хемиски параметри [аспартат аминотрансфераза (AST), аланин аминотрансфераза (ALT), лактат дехидрогеназа (LD), гама-глутамил трансфераза (γGT), алкална фосфатаза (ALP), билирубин, креатин киназа (CK) и миоглобин] во повторени интервали во текот на 7 дена по вежбањето и на последователен преглед 10-12 дена по вежбањето.

Резултати
Пет од осум проучувани клинички хемиски параметри (AST, ALT, LD, CK и миоглобин) значително се зголемија по вежбањето и останаа зголемени најмалку 7 дена по вежбањето. Билирубин, γGT и ALP останаа во нормалниот опсег,

Заклучок
Параметрите на функцијата на црниот дроб, AST и ALT, беа значително зголемени најмалку 7 дена по вежбањето. Покрај тоа, LD и, особено, CK и миоглобинот покажаа високо покачени нивоа. Овие наоди ја нагласуваат важноста од наметнување ограничувања за кревање тегови пред и за време на клиничките студии.
Интензивни мускулни вежби кревање тегови, исто така, треба да се смета како причина за асимптоматско покачување на функционалните тестови на црниот дроб во секојдневната клиничка пракса.

Клиничка студија ја илустрира важноста да се земе предвид кревањето тегови и веројатно другите видови на интензивен мускулен тренинг како причини за асимптоматско покачување на функционалните тестови на црниот дроб во секојдневната клиничка пракса. Ова ќе го намали ризикот од погрешно припишување на промените во тестовите за функцијата на црниот дроб на ефектот на лекот. Основните механизми на асимптоматско покачување на клиничките хемиски параметри предизвикани од мускулна вежба се во голема мера непознати и треба дополнително да се истражат...“

ете, здрави мажи со форсирано вежбање можат во некои случаеви проблем да направат! :toe:
Не дигам тегови од кога почна короната. Напротив, не сум активен воопшто моментално, што и веројатно придонесува за замастен црн дроб.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
394
Поени од реакции
222
Leviker не livercare
Од јапонска кајсија , многу ги намалува трансаминазите, но long term решение е намалување на тежина, и редовна физичка активност ( и пешачење помага).
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.687
Поени од реакции
2.534
денес резултатите се со крвна слика уредна, само АЛТ од 101 на 70 паднато со Livercare и Selen Ace 100, ги пиев околу месец и пол до два месеца. Во диетата не сменив ништо освен намалување на процесиран шеќер.

Од денес ќе намалам и на леб и други јаг.хидрати како и пржени работи за да се доочисти џигерот.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
383
Поени од реакции
210
Замастен црн дроб лесно се лечи со постење, intermittent fasting daily + еднаш месечно подолг пост (3-6 дена), во склад со корегирана исхрана.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
...а тие што не пијат алкохол?
Тие нека почнат!
Шала настрана, како прво умерена диета, чаеви... би требало да врши работа.
Исто неоптеретување на комшиите панкреас, жолчка...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.608
Поени од реакции
34.798
Тие нека почнат!
Шала настрана, како прво умерена диета, чаеви... би требало да врши работа.
Исто неоптеретување на комшиите панкреас, жолчка...
...најважни чистачи на телото се бубрезите и јетрата, неправилна исхрана не е единствена причина за замастена односно за оптоварена јетра, никој не ја спомнува хемијата која денес се внесува претерано во вид на лекови и суплементи,
 

Kajgana Shop

На врв Bottom