Се создава така што глукозата (шеќерот) се лепи за црвените крвни зрнца, а твоето тело не може правилно да го искористи шеќерот, па се повеќе и повеќе се лепи за црвените крвни зрнца.
... се соединува со хемоглобинот во црвените крвни зрнца, а телото може правилно да го искористи нивото на шеќерот во крвта, а дава покачено HbAc1, тоа не значи дека особата мора да има проблем со покачено ниво шеќер во крвта, а со тоа и состојба на дијабет или преддијабет,
Животниот век на еритроцитот е 120 дена, т.е. три месеци, па оттука и името три месечен.
120 дена се 4 месеци, а не три месеци, а се зема просек од тие 4 месеци само три месеци за гликолизиран хемоглобин,
Се користи за да се дијагностицира дијабет, или да се следат нивоата на шеќерот во крвта кај луѓе кои имаат реален ризик за преддијабет/дијабет.
...мора да се додаде дека со други параметри и тестирање заедно со испитаниот дополнително HbA1 и може да се дијагностицира дијабет или преддијабет, но не баш се сложувам да само со една испитана покачена врдност на HbA1c веќе да се етикетира предијабет или дијабет состојба еве и зошто:
Високи можни вредности на HbA1c, а да не значи веднаш во моментот предијабет или дијабет или проблем со покачен шеќер во крвта,
- Пушачи во споредба со непушачи
неколку студии покажале дека самото пушење ја намалува чувствителноста на инсулин, а тоа може да се должи на никотинот бидејќи го стимулира лачењето на инсулин-антагонизирачките хормони како што се кортизол, катехоламините и хормонот за раст кои го нарушуваат дејството на инсулинот,
The relations between smoking and glycaemic parameters are not well explored. We compare HbA[1c] , fasting plasma glucose (FPG) and 2-hour plasma glucose (2H-PG) in current-, ex- and never-smokers.This meta-analysis used individual data from 16 886 men ...
www.ncbi.nlm.nih.gov
за разлика од непушачите, но може да се шпекулира дека техниките на анализа на HbA1c биле под влијание на метаболит на тутунот, пушењето може да предизвика зголемена пропустливост на мембраната на еритроцитите до преминот на гликозата, со што се зголемува HbA1c, како и ефектот на пушењето тутун врз животниот век на црвените крвни зрнца, па не би било запазен просекот на животниот век од 3 месеци при анализата на HbA1c.
- Анемија (дефицит на железо, Вит Б12 или фолна киселина)
може да ги зголеми нивоата на HbA1c, без оглед на нивото на гликоза во крвта и ефектот зависи од степенот на анемија и наместо да се коментира во овој случај за можен предијабет или дијабет поради покачен HbA1c, со надокнадување на недостаток од железо, Вит Б12 или фолна киселина што е причина на анемијата - HbA1c кое се враќа во нормала откако ќе се коригира недостатокот.
-
Хроничната инфекција со Helicobakteri pylori
поврзана со високи нивоа на HbA1c и третманот со искоренување на H. pylori има корисни ефекти врз инсулинска резистенција и поволно го промени HbA1c кај пациенти со нормални концентрации на гликоза,
Zeynal Dogan, Murat Sarikaya, Bilal Ergul, Levent Filik
biomed.papers.upol.cz
со третирање на тројна терапија при искоренување на H.pylori високи нивоа на HbA1c ќе се намалат, а со тоа ќе се подобри и секрецијата на инсулин,
- Бубрежни заболувања
кај пациенти со покачена уреа во крвта , постои зголемено производство на карбамилиран хемоглобин, што може да ги направи резултатите од HbA1c неточни, луѓето со хронични заболувања и оние кои имаат хронично воспаление имаат тенденција да имаат повисоки нивоа на HbA1c.
- Сон, апнеа при спиење, лош квалитет на спиење
лошиот квалитет на сон е поврзан со повисок HbA1c, како и присуството на апнеја при спиење и пониските нивоа на кислород во крвта беа поврзани со повисоки нивоа на HbA1c (апнеја при спиење е нарушување на спиењето кое се карактеризира со паузи во дишењето или периоди на плитко дишење за време на спиењето),
-Хипербилирубинемија
зголемувањето на нивото на билирубин (хипербилирубинемија) кое често придружувано со заболувањето на црниот дроб може да резултира со лажно покачени нивоа на HbA1c,
- Замастена јетра е поврзана со повисок HbA1c,
- Алкохолизам
честа употреба на алкохол може лажно да го зголеми нивото на HbA1c, затоа што алкохолните производи реагираат со хемоглобинот во крвта, формирајќи хемоглобин-ацеталдехид (HbA1-AcH), кој погрешно може да се мери како HbA1c
...поентата ми беше да се укаже и да се има во предвид дека постојат различни клинички сценарија кои може да резултираат со лажно покачени или лажно намалени вредности на HbA1c, што не значи веднаш дијагностицирање како дијабет или предијабет при покачена вредност на HbA1c,