Црно - бели филмови

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Ме поттикна постот на ЏимеЈ во една друга тема во кооја спомна дека “Обично црно белата слика не' тера да бегаме подалеку од таквите филмови кои мислиме дека се премногу одбивни затоа што се ептен застарени“. Што е апсолутно точно, кај повеќето филмомани, посебно кај помладите, тоа така делува.

Но факт е дека овие филмови заостануваат од колор – филмовите во главно само поради сценските ефекти, што повеќе се должи на времето во кое се снимени одколку на бојата. Многу црно-бели филмови станаа култни филмови и се наоѓаат на многу листи на најдобри филмови на сите времиња. Многу обиди за римејк на овие филмови пропаднаа, и за разлика од оригиналот кој е величен од страна на публиката, римејкот е критикуван како подпросечен, неуспешен обид итн... Во голем дел ова се должи на фактот дека бојата и визулните ефекти не можат да заменат работи како одлична режија, врвна актерска екипа, одлично замислена и сработена приказна итн...

Во поново време се случува и намерно да се снимаат филмови во црно-бела техника, за промена или за подобро да доловат некое минато време. Еден таков обид на Спилберг освои и Оскар за најдобар филм.

Искористете ја темава да го пишете вашето мислење за црно – белите филмови, но и да дадете предлог или кратка рецензија за некој филм. Овде спаѓаат и филмови кои се делумно во црно – бела а делумно во колор техника.

За почеток ќе постирам листа од неколку црно – бели филмови кои сум ги гледал и ми оставиле впечаток. Понатаму одвреме – навреме ќе пишувам и за други црно – бели филмови.

Schindler's List (1993)
„Шиндлеровата листа“, филмот на Спилберг кој освои Оскар за најдобар филм и стана еден од најдобрите филмови на сите времиња. Моментално е на 7-то место на оваа вечна листа на филмови.


Casablanca (1942)
Љубовниот триаголник кој се одигрува во една кафетерија во Казабланка и ден денес е еден од бесмртните романси кои се одиграле на филмското платно. Негативно: Humphrey Bogart зборува премногу брзо. Позитивно: преубавата Ingrid Bergman. Моментално 11-ти.


High Noon (1952)
„Точно на пладне“, еден од култните вестерн филмови со Gary Cooper и принцезата Grace Kelly во главните улоги. 114-ти на листата на најдобри филмови на сите времиња.


To Kill a Mockingbird (1962)
Прекрасен, едноставен филм кој зборува за судењето на еден црнец, и адвокатот Gregory Peck кој го брани, притоа стекнувајќи се со многу непријатели во тогашна расистичка Америка. Да, во поново време сме гледале многу вакви филмови, поттикнати од овој. Но овој филм е снимен во 1952 кога предрасудите не беа надминати и црните луѓе беа обесправени и омразени. Многу храбар, и успешен обид. 47-ми на листата.


12 Angry Men (1957)
Дванаесетте лути луѓе е мало ремек дело. Приказна за 12 поротници кои треба да донесат пресуда за убиство, која мора да биде едногласна. Единаесет се за. Еден е против, и има намера да докаже дека е во право. Одлична актерска екипа, филмот е 10-ти на сите времиња.


Roman Holiday (1953)
Романса во романтичниот Рим. „Филм после кој половина свет посака да вози Веспа, а другата половина се вљуби во Audrey Hepburn.“ Вака гласеше еден коментар што го прочитав одамна. 229-ти на листата на најдобри.

Па... доволно за почеток.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
Делува тоа мислење и кај младите, но секако и на одреден број кај постарата публика, што на некој начин е жално да не се види коренот на идејното размислување.

Овде во погоре наведениве филмови ќе додадам уште еден филм кој ми е гледан сега брзо, пред три-четири месеци.
Citizen Kane (1941) - интересен стори телинг трилер. Карактеристичен е поради тоа што за првпат е воведена техника филм во филм.
Филмов почнува како еден славен публицист умира, а неговиот последен збор на смртната постела е Rosebud. Млади новинари, поттикнати од овој настан истражуваат да откријат кое е значењето на овој збор, притоа посетувајќи многу пријатели на Кејн.
Филмов ме навлече да го прелистам после тоа повторно и да ја пуштам првата сцена. Овој е меѓу првите режирани на Орсон Велс, човек кој има оставено големо творештво зад себе.
На еден странски форум имаше топик - Дали Граѓанинот Кејн е најдобриот филм на сите времиња?
Вреди да се погледне, поради тоа што приказната гледана од повеќе личности оди во една неизмешана насока, за да дојдеме до заклучок.

Филм кој го спуштив и сакам да го гледам е Anatomy of a Murder (1959).
Очекувам од филмов поради добрите критики и оцени. После него следен ми е Witness for the Prosecution (1957).
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Јас лично мразам вакви филмови, ке ме здоболат очиве од сликата односно ке се напрегаш да видиш нешто ама и не е баш чисто.
Последно гледан црно- бел филм или незнам како да го наречам ето документарен филм е Тито: Црвено и Црно скоро се емитуваше на А1 беше во делови и незнам дали ке има уште продолжениа. Сега кратка рецензија. Неможам ова да го раскажам не е некој филм со содржина, ете кратко речено животот во времето на Тито. Но сепак мислам дека црно- беливе филмови иако младинава не ги сака баш баш на некого му се допаѓаат, макар што и телевизииве ги одбегаваат или не ги емитуваат.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Морам да приэнаам дека се наежувам кога ќе прочитам нешто слично како погорниов пост кога се прави муабет эа филмови воопшто, а најстрашно од се' е што "тенденцијава" е се пораспространета не само на нашиве форуми, туку и на сите можни светски нет форуми што расправаат эа и околу филмската уметност.
Ова ми стана посебно јасно кога го купив својот прв DVD player со surround sound и го викнав мојот пријател да види што сум эемал, па случајно при рака ми се најде ми се чини некој од старите црно-бели филмови на Куросава, што нормално се работени во црно-бела техника и моно эвук. Другар ми не само што ме направи будала, него и се иэнервира што го ашкам да види и чуе нова технологија, а јас му пуштам црно-бело "срање" эа проба..!
:tv:

Несолени шеги на страна, ако било кој што колку-толку држи до себе и смета дека энае или сака да доэнае нешто повеќе эа она што се нарекува Филмска Уметност (а не ефтина эабава), мора, да повторам МОРА да почне (а во најмногу случаи и да эаврши) со она што се нарекува црно-бела техника.

Гледам сте навеле неколку доста добри примери, само ќе ви предложам да не се ограничувате само на Американската кинематографија, иако не можам а да не спомнам тука уште 2 маестрални филма на Orson Welles:

Touch of Evil(1958)
Можеби најдобар пример на Film-Noir било кога направен.

The Trial (1962)
Направен според една од најдобрите, истоимени книги на Кафка.

Ако имате било каква почит кон името и делото на луѓе како Francis Ford Coppola треба да энаете эа неговата иэјава дека постојат 3 колоси во светската кинематографија, а нивните имиња се Federico Fellini, Akira Kurosawa и Ingmar Bergman.

Еве по 2 примера од нивниот опус работени во црно-бела техника,

Federico Fellini:

La Dolce Vita (1960)
Филмот по кој светот се эапоэна со иэраэот paparazzo.

8 1/2 (1963)
Автобиографски филм эа тоа како се чувствува и ниэ што проаѓа филмскиот режисер во правењето филмски проекти.


Akira Kurosawa:

Rashomon (1950)
Според истоимената книга эа раэличното толкување на настаните од страна на очевидци.

Seven Samurai (1954)
Беэвремена прикаэна эа помошта што едно село во феудална Јапонија ја добива од група самураи (преработен во Вестерн под името 7-те Величенствени)


Ingmar Bergman:

The Seventh Seal (1957)
Прикаэна эа доживувањата на еден средновековен Шведски крстоносец што игра партија шах со Смртта эа да го оддолжи моментот на својата сопствена смрт.

Hour of the Wolf (1968)
Се смета эа единствен морбиден, хорор филм на Бергман.

Сите овие филмови се эадолжителна лектира на било која филмска академија.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Филм кој го спуштив и сакам да го гледам е Anatomy of a Murder (1959).
Очекувам од филмов поради добрите критики и оцени. После него следен ми е Witness for the Prosecution (1957).
Witness for the Prosecution (1957) ти е одличен филм. За оние кои ги сакаат драмите во судница, ова е тоа. Има многу пресврти и сплетки, сигурно претставувал мотив за многу вакви филмови кои сме ги гледале. Ми се допадна и тоа што после завршувањето на филмот следи порака: „Ве молиме на вашите пријатели кои не го гледале филмот, да не им го откривате крајот“ :vozbud:. Не сум видел порано таква порака во филм.

За Anatomy of a Murder (1959) пиши откако ќе го изгледаш.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ако Бада ја види темава партали ќе летаат :)

Поделбава на филмови во боја и црно бели е малку... чудна нели :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Ако Бада ја види темава партали ќе летаат :)

Поделбава на филмови во боја и црно бели е малку... чудна нели :)
:pos2:

Поентата е да покажеме дека не треба да се делат. Многу гледачи, посебно помладите, имаат однапред лошо мислење за овие филмови иако имаат изгледано едвај неколку. Убаво е тука да може да прочитаат дека тоа не е така и дека квалитетот на филмот не зависи од бојата. И да дадеме по некој предлог се разбира...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
:pos2:

Поентата е да покажеме дека не треба да се делат. Многу гледачи, посебно помладите, имаат однапред лошо мислење за овие филмови иако имаат изгледано едвај неколку. Убаво е тука да може да прочитаат дека тоа не е така и дека квалитетот на филмот не зависи од бојата. И да дадеме по некој предлог се разбира...
Тогаш во фаца на таквите им се треснува Шиндлерова Листа и податок кога е снимен, кој дополнително после филмот ќе ги сврти тотално :)

Инаку монохроматките владеат, посебно вестерните и се разбира класиците од тоа време.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791

It's a Wonderful Life (1946)



Филмов го гледав вчера, па се мислев дали да го ставам во темата Последен гледан филм или овде. Но не е ни толку важно.

Од каде да почнам? Masterpiece? Masterpiece е мал збор за филмов.

Џорџ Бејли е човек со големи соништа. Сака да излезе од малото градче во кое живее, да се образува, да го прошета светот... Но секој пат кога ќе се обиде, е спречен затоа што некому му е потребна неговата помош, па така Џорџ ги жртвува своите соништа за да им помогне на другите. Но кога работите ќе тргнат по лошо, Џорџ ќе добие на помош Ангел чувар, и уникатна можност: да види колку е навистина прекрасен неговиот живот.

Ме воодушеви леснотијата со која е одсликана една прекрасна животна приказна. Ова е дефинитивно филм кој ја враќа вербата во човештвото и во вистинските вредности кои треба да ги поседува секој човек. Безвременски, evergreen, чиста класика, филм кој е сакан од сите генерации.

31-ви е на вечната листа на филмови, и се разбира, без никакво двоумење, чисти 10/10.
 

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Зона на самракот, најбоље
 
G

grande-juve

Гостин
јас уживам во црно бели филмови и само оваа година имам изгледано околу дваесетина црно бели класици, и само ќе ги набројам без објаснување зашто се многу, а сите се прекрасни филмови

- The Gold Rush , City Lights, Modern Times, The Great Dictator на чарли чаплин
Schindler's List
12 Angry Men
Casablanca
Shichinin no samurai
Psycho
Sunset Blvd.
Citizen Kane
To Kill a Mockingbird
It's a Wonderful Life
Double Indemnity
All About Eve
Rebecca
Some Like It Hot
The Apartment
Strangers on a Train
Notorious
Rope
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
јас уживам во црно бели филмови и само оваа година имам изгледано околу дваесетина црно бели класици, и само ќе ги набројам без објаснување зашто се многу, а сите се прекрасни филмови

- The Gold Rush , City Lights, Modern Times, The Great Dictator на чарли чаплин
Како заборавив да ги споменам филмовите на Чарли Чаплин. Со овие пораснав.
Особено овие што ги спомна ги имам гледано најмногу пати, а во мојата колекција имам 5 филма негови.
Limelight
Modern Times
The Great Dictator
The Gold Rush
The Kid

Пред некој месец на еден сајт за рапидшер линкови ги најдов сите негови филмови, ама за жал не стигнав ништо да спуштам од тука, којзнае и каде сум ја запамтил страната сега. Ќе ја разбарам деновиве мерак ме фати.
 
K

kaiser soze

Гостин
Воопшто не се двоумам дали да гледам филм кој е направен во црно-бела техника,иако како што рече Интерсита му недостигаат сценски ефекти,но сепак за мене претставува уживање да ги гледам.Впрочем многу од филмовите со ваква техника на производство ми се омилени.Од делата на Чарли Чаплин,преку "Граѓанинот Кејн" на Орсон Велс, "Да се убие птицата подбивница" и делата на Хичкок,се до "Човекот Слон" на Дејвид Линч и "Шиндлеровата Листа" на Стивен Спилберг кои се од понова продукција,сите овие филмови ги ставам во прв ред и во моите најдобри.Лично мој фаворит е маестралното дело од Линч,една фантастична приказна за Човекот Слонhttp://www.imdb.com/title/tt0080678/,односно Џон Мерик,човек со вродени физички аномалии кој се бори да преживее во општество полно со предрасуди за него и неговиот изглед.Сепак филмов заслужува поширока рецензија и тоа дополнително ќе го направам.Инаку најсвежо произведен филм кој сум го гледал во ваква техника е "Добриот Германец" на Содерберг,за кој имам половично мислење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom