Црковни и манастирски слави

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Не знам дали има ваква тема во форумов.
Поминаа многу летово црковни и манастирски слави,на кој и повеќето бев присатен.Но не секогаш знам каде има некоја таква слава или патролен празник на таа и таа црква или пак свечено осветување тој и тој ден.
Летово како и секоја поранешна година за Голема Богородица бев во манастирот во Матка,а сум слушал дека тој ден слави и манастирот во Лешок.
Сега се ближи Мала Богородица, лани бев во Штип прв пат во онаа црква мислам е Ново Село тоа и како да е во кругот-дворот заедно со школото. Тој ден се славело и во Лесновски Манастир па може и се мислам годинава и таму да го посетам.
Каде на друго место Црква или Манастир се слави Мала Богородица,најповеќе сега ме интересира скопскиве места,кумановски,велешки и светиниколски.
Потоа доаѓа Крстовден и Св.Никита но има време ќе се чуеме и за тие празници.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.412
Се отуѓи народот... Одењето по куќни слави или го нема или е резервирано само за најблиското семејство и многу ретко по некој многу близок соработник, лебот заедно што го вади човек. По цркви на задушници и слични настани, стари луѓе се собираат, ама тие се на заминување - наскоро ништо од тоа нема да остане. Да точно, и младите ќе остарат, ама други генерации се, со поинакви гледишта кои што се оформени, веќе ги гледаме и допрва нема да се сменат.

Тоа е, дали до капитализмот, дали до нешто друго... не знам. Се умира, а ние се оддалечуваме едни од други.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom