Црвените кмери

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Мачителот на Црвените Кмери пред суд

Стотици жртви на ѕверствата на Црвените Кмери чекаа ред за да влезат во судницата
ПНОМ ПЕН - Главниот мачител од редовите на Црвените Кмери вчера беше изведен пред судот за злосторства против човештвото, прв случај во кој е инволвиран висок кадар на Пол Пот, три децении од ставањето крај на режимот кој се смета за виновен за 1,7 милиони смртни случаи во Камбоџа. Каинг Гуек Еав, познат како Холанѓанецот и поранешен командант за озлогласениот затвор С-21, рамнодушно седеше облечен во сина кошула додека судијата ги читаше воведните изјави. Стотици жртви на ѕверствата на Црвените Кмери чекаа ред за да влезат во судницата, но постапката е главно процедуреална, бидејќи главниот судски процес ќе почне во март, а пресудата се очекува да биде донесена до септември.

Холанѓанецот, ко ј сега го има прифатено христијанството, пред почетокот на процесот изрази жалење пред судот за „полињата на смртта“, формиран за да им суди на „оние најодговорните“ за владеењето на теророт во периодот од 1975-1979 година, еден од најужасните поглавја на 20 век. „Тој им рече на жртвите, ’барам прошка од вас, барам прошка од вас‘“, изјави францускиот адвокат Франсоа Ру откако го посети својот клиент во затворскиот центар во близина на специјално изградениот суд надвор од главниот град на Камбоџа.

Судскиот процес е пресвртница за разнебитената земја, каде што речиси секое семејство загубило некој свој близок за време на владеењето на Црвените Кмери. „Ова е денот што го чекавме 30 години. Меѓутоа, не знам дали тоа ќе стави крај на моите страдања“, вели Ван Нат, уметник кој успеа да дојде до место во непосредна близина на Холанѓанецот. Тој е само еден од малкутемина кои ја преживеаја голготата во С-21, спасувајќи се бидејќи бил избран да слика портрети на Пол Пот, лидерот на Црвените Кмери. Судскиот процес става крај на еднодецениските одложувања на отворањето на камбоџанско-ОН трибуналот околу препирките за јурисдикцијата и готовината, но критичарите посочија дека интегритетот на судот е загрозен од тврдењата за корумпираност и политичко мешање во тоа кој да се гони. „Секое навестување за политичка манипулација во трибуналот ќе го поткопа неговиот кредибилитет кај народот на Камбоџа“, вели Сара Колм, висок научен работник во Хјуман рајтс воч со седиште во Камбоџа.

Уште четворица други кадри од редовите на Црвените Кмери се обвинети, но обидот за гонење на други осомничени минатиот месец беше игнориран од страна на камбоџанскиот обвинител во трибуналот, кој изјави дека тоа нема да помогне во националното помирување. Портпаролот на кабинетот Сифан Феј негираше какво било мешање и изјави дека власта сака да ги заврши судските процеси против петтемина против кои веќе е покренат обвинителен акт пред да тргне по други осомничени. „Се' по ред“, изјави тој пред новинарите. „Никогаш не кажавме дека се противиме на нешто, но дозволете прво да ги завршиме овие “.

Холанѓанецот се соочува со обвиненија за воени злосторства, тортура и убиство додека бил шеф на С-21, каде најмалку 14.000 „непријатели на револуцијата“ беа затворени и подоцна убиени. Седокосиот 66-годишен човек е еден од петтемина постари високи кадри обвинети за нивните улоги во револуцијата „Година нула“ на Пол Пот за постигнување на аграрна утопија. Тој се очекува да биде клучниот сведок на судењата на „братот број два“ Нуон Чеа, Киеу Самфан кој беше поранешен претседател на режимот и Ленг Сари, министер за надворешни работи и неговата сопруга. Овие четворица негираат дека знаеле за какви и да било злосторства од страна на Црвените Кмери за периодот додека биле на власт, кој почна со протерување на сите од градовите само со она што може да го понесат со себе. Ако бидат осудени, петтемина би можеле да се соочат со затворска казна доживотен затвор.

Околу 300 локални и странски новинари се акредитирани за првиот ден од судскиот процес, кој се пренесува на малите екрани во Камбоџа. Холанѓанецот во интервјуата за западните новинари призна дека извршил многубројни ѕверства како шеф на озлогласниот центар за испрашување Туол Сленг или С-21. Повеќето од жртвите биле малтретирани и принудени да признаат разни кривични дела, главно дека биле агенти на ЦИА, пред да бидат претепувани до смрт во полето на периферијата на градот. Биле убивани и жени и деца. Само малкумина успеале да преживеат. По смртта на Пол Пот во 1998 година дојде и до официјално предавање на Црвените Кмери, што најави деценија на мир и стабилност, која сега е доведена во опасност поради глобалната економска криза.
Извор: http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EF6682660678394F8FFE5E674A01F93A
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Врската на ова во форум Македонија и свет > Политика и вести?
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Поранешниот заповедник на затвор на Црвените Кмери призна оти злогласниот комунистички режим убивал доенчиња и деца, понекогаш така што ги држеле за нозе и им ги кршеле главите од стебло, за кога ќе пораснат да не можат да им се одмаздат.

Каинг Гуек Еав, познат под прекарот Холанѓанец, заповедал со злогласниот затвор С-21, во кој се мачени и убиени околу 16.000 мажи, жени и деца.


На 66-годишниот Еав му се суди во судот на ОН за геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства, убиства и злоставувања.

Се претпоставува дека 1.7 милиони Камбоџанци умреа измеѓу 1975 и 1979 година под режимот на Црвените Кмери, најекстремните комунисти во историјата на човештвото.

Жртвите се убивани или умирале од присилна работа, глад и лоши здравствени услови.

Целта на Црвените Кмери под водство на Пол Пот беше да воспостават совршено комунистичко општество во кое сите ќе бидат рамноправни.

„Одговорен сум за убиства на доенчиња, деца и тинејџери“, рече Еав на судот не наведувајќи дали и лично направил такво убиство.

Тој ги потврди и приложените фотографии на кои се гледаат бебиња смачкани од удирањата во дрво.

„Грозните слики се од бебиња смачкани од ударите во дрво, прво не ги препознав, но потоа кога ги видов се потсетив дека тоа се случуваше. Тоа го направија мои подредени.“

Врската на ова во форум Македонија и свет > Политика и вести?
Ок нека бришат модераторите ако сакаат, поентата ми е да се види што правел тој систем пошто некако сеуште има преголем број на поддржувачи кај нас.
 

Гоч

33 1/3 rpm
Член од
17 мај 2009
Мислења
1.417
Поени од реакции
47
Ок нека бришат модераторите ако сакаат, поентата ми е да се види што правел тој систем пошто некако сеуште има преголем број на поддржувачи кај нас.
Кога во македонија биле Кмерите на власт???
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Се претпоставува дека 1.7 милиони Камбоџанци умреа измеѓу 1975 и 1979 година под режимот на Црвените Кмери, најекстремните комунисти во историјата на човештвото.
Оваа е клучната реченица, значи ме нервира кога го величаат тој систем а има направено толкаво зло, и пази те молам... во име на еднакви права за сите???
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
27
Јас си реков дека ќе пишуваш за нашите црвени кмери.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
Оваа е клучната реченица, значи ме нервира кога го величаат тој систем а има направено толкаво зло, и пази те молам... во име на еднакви права за сите???

Диктатор си е диктатор, луѓето треба да ги мотивираш да вршат злосторства за тебе, мора да ги мотивираш.

Цезар во сите говори пред римските легии зборувал дека се бори за нив, за тие да ги добијаат своите права, да се сруши корупцијата во Римската република, но на крај, тој ја уништил Републиката и станал Император, притоа земајќи голем дел од богатството од сенаторите.

Исто и Наполеон, исто и Хитлер, исто и Сталин, исто и Пол Пот, исто и Осама Бин Ладен.

Тоа е батка, треба да размислуваш со своја глава, не да бидиш топовско месо, затоа што спасители има на секој чекор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom