Циркус во Скопје - скопски

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
ЕЕЕ...многумина за ова прв пат ќе чујат и ќе се чудат. Циркус во Скопје,активен,секојдневен и тоа скопски.А за Адрија или Медрано што доаѓаа по десетина дена тука кај Веро или Александар палас знаете а, а за ова не,е не затоа јас :anco:пак знам и сум бил да го гледам па еве ја случката.
Три-4 години после ратот почна да работи овој скопски циркус и во наредните 4-5 години имаше престави а беше поставен во зоолошката градина кај што е сега базенот за белите мечки.

Големиот шатор беше во округла форма а внатре имаше трибини од дрво,клупи скалесто поставени. Имаше и ложи доле на партер еде-два реда,луксузни со црвен плиш покриени столици и клупи за поимотните во тоа време граѓани.
Директор на циркузот беше Борис Атков,во средината со детето пред него.
Доле се легнати кловновите Кики и Доди,ние децата и најмногу нив ги сакавме и се помочувавме од смеење кога тие ќе излезееа додека се местеа некој реквизити и се сменуваа артистите.
Доди или Мукица беше од Карадак маало или Крњево некој го викаат со име Слободан.
Имаше едно девојче скопско ја викаа Нада-жена гума,еластична се виткаше како сака.
Имаше едно скопско момче за на трапез и одење по жица Илија - Иле.
Еве го на сликка целиот ТИМ на артисти од скопскиот циркус 1949-1953г.
Лево од директорот е снагаторот Шулц,право име Александар. Леле какви мускули имаше на рацете,рамењата и градите...е неговите точки сите ги очекуваа со нетрпение.
Тој одржуваше редовно такви точки и самостојно и после распадот на циркузот по школите и стадионите или плоштадите низ цела Македонија некаде до крајот на 60-тите години.
негови точки.
1. Виткање на железо околу вратот или стомакот кое претходно двајца не можат да го свиткат.
2.Со заби ги сече оние стари пет-пари алумински на две парчиња.
3. На стомак му кршат големи плочи и камења со токмак.
4. Со раце и јаже држи Фичо да не може да тргне.
5. Фичо на талпа ставена врз стомак поминува врз него.
6. Најтешка точка (1959 година на тетовскиот стадион и на др. места) Жив закопан.
Жив го закопуват под земја без никакви отвори,боци или друго нешто.После точно половина час го откопуват жив здрав. Кој страв кај нас децата тој пола саат.
-------
Е признавам немаше во циркузов слонови и лавови, но во сите други точки беше рамо до рамо со другите светски циркузи.А и тогаш после ратот не доваѓаа циркузи во Скопје но и не ни требаа си имавме ние свој автохтонен циркуз.
Има некој друг тука што бил на некоја престава на овој циркуз.:anco:фала на внимание.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Три-4 години после ратот почна да работи овој скопски циркус и во наредните 4-5 години имаше престави а беше поставен во зоолошката градина кај што е сега базенот за белите мечки.

Има некој друг тука што бил на некоја престава на овој циркуз.:anco:фала на внимание.
Можеби и има, па ќе се јави. :)

Циркус како циркус. Интересна забава пред 30-40 години. Денес ова форма на забава за толпата некако насила се одржува во живот и веројатно годините и се избројани.

Дали циркузантите беа домашни (како тој од Крњево) или се работеше за луѓе од братските републики? Или од некоја друга држава? Можеби составот на циркусот бил мешан? Пиши и за тоа доколку знаеш и се сеќаваш.
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Kiki - е Иван Ицмарев, поради караници со директорот рано го напуштил циркузот и се вработил во радио Скопје до пензионирање, како шофер а потоа бил во старечки дом каде и починал.Новинарката Соња Гиздавиќ сега живее во Штип снимила смисија со овој Кики со наслов Есента на животот и таму тој раскажува за овој циркуз.
(овој по име ми личи како да е рус или белорус) а Доди и неговата замена Мукица се стари скопјани.

ова е кловнот Мукица и неговиот син,сега живее во Скопје мој врсник.
 
K

kicodarker

Гостин

Еве ја таа емисија за кловнот, цела.

Член од
11 февруари 2021
Мислења
3
Поени од реакции
5
Јас сум внукот на Иле, скопското момче на трапез и одење на жица. Неговото име е Илија Ивановски роден во 1933 во Скопје. Дома имам неколку фотографии од него и од циркусот, но како што знам од негови раскажувања сите слики што ги имал ги има запалено неговата поранешна жена.
Памтам имаше документарец на ТВ Телма но не знам дали е прикачен на Youtube.
Доколку некој има повеќе информации, слики или видео ве молам да ми ги прати.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom