Цивилизацијата и идеолошките матрици

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.558
Поени од реакции
26.071
Ако не е во добар подфорум, ставете ја каде мислите дека треба да биде...

Тоа што ме натера да ја отворам оваа тема беше еден пост на @Botko , иако осеќам дека нема баш да држам исти ставови со него. Не дека посебно се слагам со неговото гледиште на работите, ниту пак дека сум доживеал откровение за ова негово гледиште, пошто во мојата фамилија имало доста од сите генерации од конкретниот политички став, па некои дури и премногу радикални ... Туку едноставно ваквата анализа(овој начин на евалуација го сметам како единствено исправен) на еден политички субјект, допре до мене и ми даде мотивација за пообемна дискусија при која ќе се обидам да го претставам и моето гледиште за политичко-социјалните субјекти во едно општество, што е доста радикално. Бидејќи не само оваа идеолошка матрица, буквално сите идеолошки матрици имаат сличен начин на дејство, еве ги жив пример се европските либерали ....

Прво сакав темава да ја наречам со името идеолшки и религиски матрици, но од разбирливи причини не ја крстив така, бидејќи ќе се дефокусираше расправата, а колку што знам има веќе едно бојно поле на форумов и нека си остане така.

Пред да почнам сакам да кажам, можеби доста од учесниците на форумов знаат, дека јас по убедување не сум демократ и сум сосема против демократијата како погрешен и еден од најлошите начини на практикување на власта од причини кои со тек на дискусијата можеби ќе станат јасни за некого.

Постот на Ботко, збори како една конкретна идеолошка матрица интензивно делува на размислување на единката во нивната група. Но сепак јас ќе тргнам од фактот дека патот до пеколот е поплочен со најдобри намери. Истата таа идеолошка матрица, во не така далечното минато, го направи најголемото злодело во историјата на човештвото, давајќи стотици милиони жртви... А све почна како најдобра, најискрена и најневина идеја, да нема класна поделба, да нема сиромашни, да нема гладни... А гладот е една од најтипичните одлики на оваа идеологија, колку што можеби немало векови наназад... Тие што требаше да бидат бескласни општества, многу брзо се претворија во општества со работни логори каде што секој кој мислеше поинаку стануваше роб на тоа општество, само што терминот на робовладетелот е малце поинакво. И на крајот таа идеологија остави такви траги, што еве веќе 30 години сеуште им тежат на некои држави.

Еве како контратежа, доколку воопштиме, ќе го земам модерниот капитализам, како општество кое треба да им пружи еднакви можности на сите, за да на крајот, сепак тие што имаат ветар во грбот успеат повеќе од своите пандани кај обичната раја. Па дискутабилен е дури и успехот на западните „модерни“ општества, кои своите добра ги црпат(или поточно разграбуваат) од земји попут Ирак, Либија, Авганистан или пак ја користат ефтината работна сила(робовите) во земјите од третиот свет, вклучително и Македонија. А све почнало како најдобра, најискрена и најневина идеја за еднаквост на луѓето. Како што кажав патот до пеколот е поплочен со најдобри намери...

Е сега има за ова да се дискутира многу, има про и конс за наредни 10 години, за што е темава нели.

Мое мислење е дека идеолошките матрици, дури и да се со најдобра намера, на крајот служат само да го прикријат робовладетелството што сеуште владее во светот. Еве ќе ја земам за пример Македонија и едно типично Македонско семејство, Мажот работи некаква работа, да речеме шофер у градски со 20К плата, и жена шивачка со 15К плата. Имаат две деца, а со нив живее и баба што има 10К пензија. Имаат некаква си куќа, што ајде да речеме е пристојна за наши услови. Е сега они се типично Македонско семејство со 5 члена и примања од 45К. Во ова семејство, ако бабата или недај боже, некој друг се разболи од малце посериозна болест, може да се каже дека 90% или ќе остане на терет на семејството или пак ќе отиде јабана, бидејќи тешко дека ќе имаат некакви средства за лечење. Ако мажот добие идеја, за некој бизнис, тоа би значело да ризикува и да излезе од работа со што би ризикувал 20К од нивниот месечен буџет, а најверојатно е со барем потрошувачки кредит на главата. А ако излезе од работа, многу тешко дека доколку не му успее бизнисот, ќе може да најде работа повторно и да се врати. Значи сакал, неќел, врзан е за работата, а ако не сака он, има луѓе кои чекаат на ред да се стават на негово место. Со еден збор он е врзан за дното во конц. логорот наречен Скопје.

Во робовладетелските општества од антиката, робовите се купувале, имале цена, за нив се грижеле да бидат најадени и здрави, за да можат да им работат, или кога веќе не им требаат да ги продадат за добра цена. Во денешно време, работодавците, воопшто не се грижат за своите вработени, бидејќи не ги коштаат ништо и можат да си најдат нов роб во секое време.... Значи не само што робовладетелството не е надминато, туку го има во уште полоша форма..

Но, дали тоа може да се промени? Според мене, не... Барем не сеуште. Што тоа значи за мене... тоа значи дека јас сметам дека светот е поделен на робови и робовладетели. Пошто тоа не може да се промени, џабе е некој да се обидува да го стори тоа, само за да светот го претвори повторно во кланица, Француската револуција, Октомвриската револуција и така натаму, така да во општествово ти си или роб или робовладетел и тоа е тоа...

Намената на идеолошките матрици е да го канализираат незадоволството на едно општество. Некој систем тоа го прави поуспешно, некој понеуспешно. На пример комунизмот речиси и да нема механизми за канализирање, пошто веќе е канализирана сила, па затоа се потпира на brut force, и според мене тоа е причина за неодржливоста на овој систем.. Од друга страна пак бипартизмот или парламентарната демократија, се покажува како поуспешен во канализирањето бидејќи се користат повеќе идеолошки матрици. Македонија како пример можеби е пародичен пример, но сепак ја одсликува светската демократија, чија власт претежно доаѓа со шпекулации, лаги и дискредитации во кампањи кои се крајно негативни, крајно делеќи го народот. И на крајот победува, тој што вложува повеќе пари, за да за возрврат добие повеќе тендери. Во случај да се појави трета опција, која не се стреми да се приклони кон двете коалиции или партии кои си ја менуваат власта, се дискредитира/криминализира/ликвидира..

Све на све, Секоја една идеологија, религија, па во одредени моменти и наука на крајот е злоупотребена во задни намери, кои допринеле за регрес во цивилизацијата... Или поточно не донеле регрес, затоа што цивилизацијата не мрднала од мртва точка, туку едноставно го запреле растот на цивилизацијата.... Според мене, не е цивилизација да имаш авиони и коли, туку цивилизација се меѓучовечките одности, не само внатре во општеството, туку и меѓу две социјално и културолошки различни опшества. Значи развој на човековата свест на едно општо ниво...А од тоа сме многу далеку...
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.558
Поени од реакции
26.071
Во опшеството модерно владее стариот закон на џунглата * јади за да не те изедат *.....
Па да се правила на џунглата би имале подеднаква шанса за опстанок... Тука правилата се строго определени и ситуацијата е строго контролирана...
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Метафора е тоа и во превод би значело иди со ризик во животот и гризај за да преживееш во спротивно ќе го папаш како жален роб со преголеми фрустрации во форма на подвижно дестрктивно зомби - жална реална глетка за скоро секој човек во светов , посебно тука во нашево множество...
Прав си со муабетот скроз и немам некој дополнителен муабет да кажам освен вака да парафразирам со некои забегани реченици. Сума сумарум: ЖАЛНО , БЕДНО И ЗА ГРЕОТА! *сите ние*
Сиромаштијата е болест , нема ништо добро во тоа и како состојба на ум и како економски проток!

п.с: матрицата им е срање , идеологијата им е срање .. ТИЕ СЕ СРАЊЕ - ГОВНА КЛАСИЧНИ.
 
Последно уредено:
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.277
Поени од реакции
1.755
Убава тема, но доста плитко гледа на работите, сепак е добра за почеток.
Во СССР седумдесетите години има едно јадро од КГБ, историчари, академици и други научници, и си го задава истото прашање: Дали цивилизацијата се развива од само себеси, некаков хаос и се урамнотежува на некакви етапи на развој, примитивно, робовладтелско, феудално општество, капитализам, социјализам, либералфашизам, или има некој центар на знаење и моќ што го управува тој глобален историски процес?
Во 90 години е отпечатена првата книга Разхерметизација и дава одговор на прашањето кој, откога и како го управува светот, 2004 е отпечатена книгата Мртва Вода, во моментов тој колектив не е централизиран а многу центри на КОБ и ДОТУ и има 50 дебели книги на таа тема.
Основните им тези се дека управувањето на светот е матрично и оди по следните 6 приоритети:
1. Мироглед
2. Историски хронолошки
3. Идеолошки
4. Економски- светски пари,банки
5. Генетско оружје
6. Војно оружје
Како дел од таа матрица на управување ја гледаат и древната социјална мрежа, претходник на денешните фејсбук, твитер, образование, медии, тоа е библијата како концепт за матрично управување.
Задавајте си го прашањето, од сите рани варијанти на христијанството десетици на број, дали денешниот избор е најправилен, денешниот библиски концепт е донесен неколку века после Христос со гласање на пратеници/свештеници/, дали целосно точен и ја одразува божјата воља или некој преплетел и политичка доктрина за глобализација во неа.
-Давајте пари на заем со камата на другите народи, а меѓу себе без камата и така ќе господарите врз нив.
-Дајте на кесарот неговото
-И цел друг набор од толерантност, мултикулти, безпомошност, биди беден, плаќај даноци, камати, сврти го другиот образ и одиш во рајот.
100 процента се надополнуваат Тората и другите книги на богоизбраниот народ со книгата за небогоизбраните народи Библија, едната е упатство како еден народ да има здраво општество и да ги потчини другите, а другата е за нас како да бидеме поробени но да сме среќни од ропството.
Социјализмот пак е пишуван од нив и е продолжение на библискиот проект, само што таму господ е заменет со човек, останатите работи се исти, доволно е десетина важни работи да пропуштиш во таа идеологија и таа нема да функционира и и следува крах, како што се деси.
Денешниот Либерал фашизмот е исто наследник библискиот проект, нема никакво значење дали системот е робовладетелски, феудален, капитализам, социјализам, крајната цел е една иста глобализација од тип древно Египетски: класа посветени што реално управуваат, класа елита, класи армија, полиција, обвинителство, судство, администрација-го бранат режимот, класа робови.
Ако го погледнете денеска светот САД, ЕУ горе доле е така, со мала шанса за преминување од една класа во друга, а во иднина и тоа нема да е можно, има една таква држава со над милијарда жители и е точно таков систем, кастово општество, со никаква шанса за мењање на кастите, да тоа е денешниот индиски модел.
Крајна цел им е глобализација со тој тип на уредување, но во светски размери, дали ќе успеат е друго прашање, сепак е нечовечки систем базиран на ропство и терор, дали е можно модерно технократско општество на древно египетски принципи, робовите порано не биле писмени, верувале дека фараонот е божји син и биле покорни илјадници години, денеска им е многу потешко, да има интернет, компјутери наука, а во исто време 80% робови.
Веќе има и алтернатива што ја движи КОБ, Путин, Русија, Турска, друг тип на глобализација, не по библискиот проект. Тоа знаење за управување веќе е јавно, не е само за таа група посветени, има цела алијанса против библискиот проект. Да имаат предимство веќе оформени мрежи од структури за управување: ООН, СБ, МВФ, масонство, Хабад, Ватикан, но крајната етапа е многу голема, нечовечка и немаат веќе сили, има будење, информација и конкуренција.
Кој сака малку да се запознае со мојата гледна точка еве два линка на култови видеа на Виктор Ефимов за ФСБ:
Лекција в ФСБ О Боге и религијах (Ефимов В.А.)
Виктор Ефимов - Управление МИРОМ - Знаменитаја ЛЕКЦИја офицерам ФСБ
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Ако не е во добар подфорум, ставете ја каде мислите дека треба да биде...

Тоа што ме натера да ја отворам оваа тема беше еден пост на @Botko , иако осеќам дека нема баш да држам исти ставови со него. Не дека посебно се слагам со неговото гледиште на работите, ниту пак дека сум доживеал откровение за ова негово гледиште, пошто во мојата фамилија имало доста од сите генерации од конкретниот политички став, па некои дури и премногу радикални ... Туку едноставно ваквата анализа(овој начин на евалуација го сметам како единствено исправен) на еден политички субјект, допре до мене и ми даде мотивација за пообемна дискусија при која ќе се обидам да го претставам и моето гледиште за политичко-социјалните субјекти во едно општество, што е доста радикално. Бидејќи не само оваа идеолошка матрица, буквално сите идеолошки матрици имаат сличен начин на дејство, еве ги жив пример се европските либерали ....

Прво сакав темава да ја наречам со името идеолшки и религиски матрици, но од разбирливи причини не ја крстив така, бидејќи ќе се дефокусираше расправата, а колку што знам има веќе едно бојно поле на форумов и нека си остане така.

Пред да почнам сакам да кажам, можеби доста од учесниците на форумов знаат, дека јас по убедување не сум демократ и сум сосема против демократијата како погрешен и еден од најлошите начини на практикување на власта од причини кои со тек на дискусијата можеби ќе станат јасни за некого.

Постот на Ботко, збори како една конкретна идеолошка матрица интензивно делува на размислување на единката во нивната група. Но сепак јас ќе тргнам од фактот дека патот до пеколот е поплочен со најдобри намери. Истата таа идеолошка матрица, во не така далечното минато, го направи најголемото злодело во историјата на човештвото, давајќи стотици милиони жртви... А све почна како најдобра, најискрена и најневина идеја, да нема класна поделба, да нема сиромашни, да нема гладни... А гладот е една од најтипичните одлики на оваа идеологија, колку што можеби немало векови наназад... Тие што требаше да бидат бескласни општества, многу брзо се претворија во општества со работни логори каде што секој кој мислеше поинаку стануваше роб на тоа општество, само што терминот на робовладетелот е малце поинакво. И на крајот таа идеологија остави такви траги, што еве веќе 30 години сеуште им тежат на некои држави.

Еве како контратежа, доколку воопштиме, ќе го земам модерниот капитализам, како општество кое треба да им пружи еднакви можности на сите, за да на крајот, сепак тие што имаат ветар во грбот успеат повеќе од своите пандани кај обичната раја. Па дискутабилен е дури и успехот на западните „модерни“ општества, кои своите добра ги црпат(или поточно разграбуваат) од земји попут Ирак, Либија, Авганистан или пак ја користат ефтината работна сила(робовите) во земјите од третиот свет, вклучително и Македонија. А све почнало како најдобра, најискрена и најневина идеја за еднаквост на луѓето. Како што кажав патот до пеколот е поплочен со најдобри намери...

Е сега има за ова да се дискутира многу, има про и конс за наредни 10 години, за што е темава нели.

Мое мислење е дека идеолошките матрици, дури и да се со најдобра намера, на крајот служат само да го прикријат робовладетелството што сеуште владее во светот. Еве ќе ја земам за пример Македонија и едно типично Македонско семејство, Мажот работи некаква работа, да речеме шофер у градски со 20К плата, и жена шивачка со 15К плата. Имаат две деца, а со нив живее и баба што има 10К пензија. Имаат некаква си куќа, што ајде да речеме е пристојна за наши услови. Е сега они се типично Македонско семејство со 5 члена и примања од 45К. Во ова семејство, ако бабата или недај боже, некој друг се разболи од малце посериозна болест, може да се каже дека 90% или ќе остане на терет на семејството или пак ќе отиде јабана, бидејќи тешко дека ќе имаат некакви средства за лечење. Ако мажот добие идеја, за некој бизнис, тоа би значело да ризикува и да излезе од работа со што би ризикувал 20К од нивниот месечен буџет, а најверојатно е со барем потрошувачки кредит на главата. А ако излезе од работа, многу тешко дека доколку не му успее бизнисот, ќе може да најде работа повторно и да се врати. Значи сакал, неќел, врзан е за работата, а ако не сака он, има луѓе кои чекаат на ред да се стават на негово место. Со еден збор он е врзан за дното во конц. логорот наречен Скопје.

Во робовладетелските општества од антиката, робовите се купувале, имале цена, за нив се грижеле да бидат најадени и здрави, за да можат да им работат, или кога веќе не им требаат да ги продадат за добра цена. Во денешно време, работодавците, воопшто не се грижат за своите вработени, бидејќи не ги коштаат ништо и можат да си најдат нов роб во секое време.... Значи не само што робовладетелството не е надминато, туку го има во уште полоша форма..

Но, дали тоа може да се промени? Според мене, не... Барем не сеуште. Што тоа значи за мене... тоа значи дека јас сметам дека светот е поделен на робови и робовладетели. Пошто тоа не може да се промени, џабе е некој да се обидува да го стори тоа, само за да светот го претвори повторно во кланица, Француската револуција, Октомвриската револуција и така натаму, така да во општествово ти си или роб или робовладетел и тоа е тоа...

Намената на идеолошките матрици е да го канализираат незадоволството на едно општество. Некој систем тоа го прави поуспешно, некој понеуспешно. На пример комунизмот речиси и да нема механизми за канализирање, пошто веќе е канализирана сила, па затоа се потпира на brut force, и според мене тоа е причина за неодржливоста на овој систем.. Од друга страна пак бипартизмот или парламентарната демократија, се покажува како поуспешен во канализирањето бидејќи се користат повеќе идеолошки матрици. Македонија како пример можеби е пародичен пример, но сепак ја одсликува светската демократија, чија власт претежно доаѓа со шпекулации, лаги и дискредитации во кампањи кои се крајно негативни, крајно делеќи го народот. И на крајот победува, тој што вложува повеќе пари, за да за возрврат добие повеќе тендери. Во случај да се појави трета опција, која не се стреми да се приклони кон двете коалиции или партии кои си ја менуваат власта, се дискредитира/криминализира/ликвидира..

Све на све, Секоја една идеологија, религија, па во одредени моменти и наука на крајот е злоупотребена во задни намери, кои допринеле за регрес во цивилизацијата... Или поточно не донеле регрес, затоа што цивилизацијата не мрднала од мртва точка, туку едноставно го запреле растот на цивилизацијата.... Според мене, не е цивилизација да имаш авиони и коли, туку цивилизација се меѓучовечките одности, не само внатре во општеството, туку и меѓу две социјално и културолошки различни опшества. Значи развој на човековата свест на едно општо ниво...А од тоа сме многу далеку...
За ваквата жална ситуација во МК најголем допринос имаат партиските полтрони,кои се спремни да ја оправдаат секја глупост на својот лидер се со цал да не ги изгубат своите привилегии во општеството ко шо е загарантирана плата без работа во некоја канцеларија.Затоа жртви на ваквото општество се работниците тоест робовите кои работат во приватниот сектор.Главниот проблем кај нас е непостоењето на синдикат кој ќе ги штити правата на модерните робови.
 
Последно уредено:
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Идеолошката матрица на западниот свет е создавање од човекот како личност во индивидуа потрошувач и данокоплатец. Индивидуа без национална, културна и верска(духовна) структура, впрочем аморфна амеба. Токму затоа се атакува по трите главни столба на идеолошко здравото општество.
1.Семејство, се пропагираат еднополови бракови, од нај мала возраст децата се учат во училиште дека „принцот бакнува принцеза но принцот може да бакнува принц“ и тоа е еднакво нормално.
2. Националота култура, патриотизмот, традицијата. Пропагирање на нови глобалистични трендови и култури и исмевање на националните.
3. Верата, духовното. Исмејувано и карактеризирано како заостанато и наменето за глупави. Потенцирање на скандали од клирот, и игнорирање на доприносот кон општеството.
 
B

Bafra

Гостин
класа посветени што реално управуваат, класа елита, класи армија, полиција, обвинителство, судство, администрација-го бранат режимот, класа робови.
Што ако тие набројаните, сите си ја вршат својата задача праведно и според правилата... Што лошо ќе ти биде...
Ако администрацијата е совесна, ако судиите совесно работат јас немам никаков проблем со нив.

Што проблем ќе имаш ти од глобален свет... Вака поделен, постојано има некои конфликти. Да нема граници на балканов, да функционира суд, мвр и администрација, зар ќе ти сметаа шќиптарите или пак грците... Еве најнов пример ти се трговските војни, да немало граници нема ни да ги има.

Па Филип и Александар се првите што направиле глобален свет, им се восхитуваме, се гордееме а овде пљукате по глобализација ко најлошо.

Е сега кој ќе гарантира дека повисоките касти ќе бидат праведни, тоа не знам :D

Па да се правила на џунглата би имале подеднаква шанса за опстанок... Тука правилата се строго определени и ситуацијата е строго контролирана...
Баш сме како џунгла, ако те бидува, ако си спремен да газиш ќе успееш. Што ти е контролирано не сфаќам ?

Ако мажот добие идеја, за некој бизнис, тоа би значело да ризикува и да излезе од работа со што би ризикувал 20К од нивниот месечен буџет, а најверојатно е со барем потрошувачки кредит на главата. А ако излезе од работа, многу тешко дека доколку не му успее бизнисот, ќе може да најде работа повторно и да се врати. Значи сакал, неќел, врзан е за работата, а ако не сака он, има луѓе кои чекаат на ред да се стават на негово место. Со еден збор он е врзан за дното во конц. логорот наречен Скопје.
Ама ако успее, збогум сиромаштијо. :D Тоа е ризикот јбг. Не може и јаре и паре. Затоа кој мисли повеќе, кој е поупорен, повреден поснаодлив ќе котира повисоко.
Имаш и богати кои поради лоши проценки останале на улица. Значи можности имаш, од тебе зависи што ќе постигнеш.
Робовите НЕМАЛЕ можност да одлучуваат, да одберат.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.277
Поени од реакции
1.755
Идеолошката матрица на западниот свет е создавање од човекот како личност во индивидуа потрошувач и данокоплатец. Индивидуа без национална, културна и верска(духовна) структура, впрочем аморфна амеба. Токму затоа се атакува по трите главни столба на идеолошко здравото општество.
1.Семејство, се пропагираат еднополови бракови, од нај мала возраст децата се учат во училиште дека „принцот бакнува принцеза но принцот може да бакнува принц“ и тоа е еднакво нормално.
2. Националота култура, патриотизмот, традицијата. Пропагирање на нови глобалистични трендови и култури и исмевање на националните.
3. Верата, духовното. Исмејувано и карактеризирано како заостанато и наменето за глупави. Потенцирање на скандали од клирот, и игнорирање на доприносот кон општеството.
Обично пишуваш убави коментари, овој не е лош но фали мотивот, кој, зашто и што гради?
Пример во Англија има богати англичани, бизнисмени, има се што сака да купи, секој ден по 5-6 девици може да порачува, кога така му е добро зашто би правел лошо на својот народ, да исчезне, морален распад.
Обично покрај многу моќ се појавуваат и виши цели, да го направам светот подобар, но обично удираат на национализам или нацизам, но гледаме дека во моментов се гради нешто сосема трето и во општи граници неприродно.
Во моментов тие се навласт во светот, прашањето е како успеале да индоктринираат толку истомисленици, да ги изолираат нормалните бизнис елити, да направат цела генерација политичари, мултикулти образование и закони.
Така да таа концептуална власт треба да е многу стара, да има многу знаење, ништо општо со тоа што се предава низ сите универзитети низ светот.
Идеолошката матрица на западот е само етапа од тоа што го градат, дошло времето и услови за последните етапи на глобализацијата.
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Обично пишуваш убави коментари, овој не е лош но фали мотивот, кој, зашто и што гради?
Мотивот е создавање на општество какво што пишав погоре, со цел комфортно да си владее елитата. Ќе се согласиш дека едно такво општество не е закана за елитата. Се разбира дека е можно и да е искомбинирано и со чисто деструктивни цели.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.277
Поени од реакции
1.755
Што ако тие набројаните, сите си ја вршат својата задача праведно и според правилата... Што лошо ќе ти биде...
Ако администрацијата е совесна, ако судиите совесно работат јас немам никаков проблем со нив.
Што проблем ќе имаш ти од глобален свет... Вака поделен, постојано има некои конфликти. Да нема граници на балканов, да функционира суд, мвр и администрација, зар ќе ти сметаа шќиптарите или пак грците... Еве најнов пример ти се трговските војни, да немало граници нема ни да ги има.
Па Филип и Александар се првите што направиле глобален свет, им се восхитуваме, се гордееме а овде пљукате по глобализација ко најлошо.

Е сега кој ќе гарантира дека повисоките касти ќе бидат праведни, тоа не знам :D
Не е природно да сакаш да исчезнат сите народи, мислам дека има доволно ресурси сите во светот да живеат добро.
Ако некој ја прави глобализацијата преку бомбардирање на Белград, Либија, создавање на ИСИС печење на живи луѓе во кафез, и да се надеваш дека ќе прави добро и праведно општество е илузија.
Тие само тој тип на уредување го знаат ТОЛПОЕЛИТАРИЗАМ, и пак го градат истиот, во древен Египет робовите биле двоцевки ако нема жени се педери ако не жените се општи, тоа не е случајно а има мотив, здравото семејство дава сила и цел за живот и борба, тогаш го решиле по тој начин, робот незнае дали има деца, општи мажи, општи жени еден калабалак, ринта до 30-40 години додека не пукне.
Ако погледнеш што градат денеска во ЕУ, САД и останатиот свет ќе видиш 100% совпаѓање со древен Египет.

Ако тебе тоа ти се допаѓа, на мене ич не ми се свиѓа, а кога ќе дојде време за етапата депопулација, како ќе се одвива, кој народи се со приоритет уште повеќе нема да ми се допаѓа, особено ако знам дека од определени генетски предиспозиции славјаните ги сметат за поопасни од другите.
 
Не реков УНИШТУВАЊЕ/истребување на население. Туку на поврзаност со нации,држави. Во САД кога отишле К ги болело што си и од каде си, се додека работиш, придонесуваш и почитуваш правила. Во Моторола ги заболело дали Мајк Зафировски имал потекло од МКД или Тунгузија.

И зашто на Глобализацијата и го препишуваш уништувањето на фамилијарните вредности, педерлукот и остали пороци. Фамилијарните вредности повеќе социјализмот ги уништи, во смисла, децата не мора да се грижат за родителите, државата ќе го прави тоа итн итн.

Затоа потенцирав ако кастите претходно што ги наведе, функционираат како што треба, глобализацијата е единствена гаранција да нема меѓусебни војни.
 
Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782

тука ги имате сите информации коj би сакал да ги споделам на темава
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.558
Поени од реакции
26.071
Убава тема, но доста плитко гледа на работите, сепак е добра за почеток.
Во СССР седумдесетите години има едно јадро од КГБ, историчари, академици и други научници, и си го задава истото прашање: Дали цивилизацијата се развива од само себеси, некаков хаос и се урамнотежува на некакви етапи на развој, примитивно, робовладтелско, феудално општество, капитализам, социјализам, либералфашизам, или има некој центар на знаење и моќ што го управува тој глобален историски процес?
Во 90 години е отпечатена првата книга Разхерметизација и дава одговор на прашањето кој, откога и како го управува светот, 2004 е отпечатена книгата Мртва Вода, во моментов тој колектив не е централизиран а многу центри на КОБ и ДОТУ и има 50 дебели книги на таа тема.
Основните им тези се дека управувањето на светот е матрично и оди по следните 6 приоритети:
1. Мироглед
2. Историски хронолошки
3. Идеолошки
4. Економски- светски пари,банки
5. Генетско оружје
6. Војно оружје
Како дел од таа матрица на управување ја гледаат и древната социјална мрежа, претходник на денешните фејсбук, твитер, образование, медии, тоа е библијата како концепт за матрично управување.
Задавајте си го прашањето, од сите рани варијанти на христијанството десетици на број, дали денешниот избор е најправилен, денешниот библиски концепт е донесен неколку века после Христос со гласање на пратеници/свештеници/, дали целосно точен и ја одразува божјата воља или некој преплетел и политичка доктрина за глобализација во неа.
-Давајте пари на заем со камата на другите народи, а меѓу себе без камата и така ќе господарите врз нив.
-Дајте на кесарот неговото
-И цел друг набор од толерантност, мултикулти, безпомошност, биди беден, плаќај даноци, камати, сврти го другиот образ и одиш во рајот.
100 процента се надополнуваат Тората и другите книги на богоизбраниот народ со книгата за небогоизбраните народи Библија, едната е упатство како еден народ да има здраво општество и да ги потчини другите, а другата е за нас како да бидеме поробени но да сме среќни од ропството.
Социјализмот пак е пишуван од нив и е продолжение на библискиот проект, само што таму господ е заменет со човек, останатите работи се исти, доволно е десетина важни работи да пропуштиш во таа идеологија и таа нема да функционира и и следува крах, како што се деси.
Денешниот Либерал фашизмот е исто наследник библискиот проект, нема никакво значење дали системот е робовладетелски, феудален, капитализам, социјализам, крајната цел е една иста глобализација од тип древно Египетски: класа посветени што реално управуваат, класа елита, класи армија, полиција, обвинителство, судство, администрација-го бранат режимот, класа робови.
Ако го погледнете денеска светот САД, ЕУ горе доле е така, со мала шанса за преминување од една класа во друга, а во иднина и тоа нема да е можно, има една таква држава со над милијарда жители и е точно таков систем, кастово општество, со никаква шанса за мењање на кастите, да тоа е денешниот индиски модел.
Крајна цел им е глобализација со тој тип на уредување, но во светски размери, дали ќе успеат е друго прашање, сепак е нечовечки систем базиран на ропство и терор, дали е можно модерно технократско општество на древно египетски принципи, робовите порано не биле писмени, верувале дека фараонот е божји син и биле покорни илјадници години, денеска им е многу потешко, да има интернет, компјутери наука, а во исто време 80% робови.
Веќе има и алтернатива што ја движи КОБ, Путин, Русија, Турска, друг тип на глобализација, не по библискиот проект. Тоа знаење за управување веќе е јавно, не е само за таа група посветени, има цела алијанса против библискиот проект. Да имаат предимство веќе оформени мрежи од структури за управување: ООН, СБ, МВФ, масонство, Хабад, Ватикан, но крајната етапа е многу голема, нечовечка и немаат веќе сили, има будење, информација и конкуренција.
Кој сака малку да се запознае со мојата гледна точка еве два линка на култови видеа на Виктор Ефимов за ФСБ:
Лекција в ФСБ О Боге и религијах (Ефимов В.А.)
Виктор Ефимов - Управление МИРОМ - Знаменитаја ЛЕКЦИја офицерам ФСБ
Ниедна книга и ниедна наука, сеуште не може да го детерминира патот на еволуција на идеолошките матрици во служба на општеството како што го гледаме. Тоа го покажало и докажало времето, тоест историјата. Каков е на пример патот на Христијанството од мачеништво до инквизиција, или пак патот на комунизмот од борба за еднаквост до тиранија од најлош вид или патот од буржоаската револуција до империјализмот и колонијализмот или пак од демократијата до интервнеционизам и неоколонијализмот... Не само што не може да се одреди еволуцијата, туку не може да се одреди ниту моментот на таа транформација, бидејќи кога ќе погледнеш наназад во времето, од еден друг аспект, дури и во најраните моменти може да се предвиди развојот на настаните....

Јас ќе речам дека во ова има улога и психологијата, не само социологијата. Револуционерните движења се дувло на опортунисти, кои во историјата не ретко го пробивале својот пат до врвот преку лешеви. Во нашата понова историја, можеме како пример да го посочиме превземањето на КПМ од страна на пројугословенски структури(Бато, Колишевски), додека носителите на револуцијата и народноослоботелната војна, Ченто, Шатев, Влахов, Шарло и останатите однесени во маргините.

Во услови на една таква реалност, угнетениот кога се бори за слобода, се бори уствари или за новите угнетувачи или пак да стане нов угнетувач. Но во секој случај на крајот, без исклучок, правдата е изиграна.

Да се навратиме на западните општества кои ете живеат во некаква си благосостојба и „робовладетелството“(го ставам во наводници ради @Bafra) не е во голема мера изразено. Како што спомнав претходно, они си го купуваат социјалниот мир (упростено кажано) со исцрпување на ресурси во трети земји или користејќи ефтина работна сила. Значи можеме да заклучиме дека на светот постојат повластени и поробени нации. Ако видиме наназад низ историјата, ќе увидиме дека уствари тоа одсекогаш било така и колку и какви револуции да се кревале, овој факт никогаш не се сменил, може да се смениле само улогите. Повластените нации живеат со висок стандард, безгрижно, речиси во утопија, на сметка на поробените нации во кои мал дел живеат во луксуз, а најголемиот во континуирана беда..

Во една таква констелација на свет на робови и робовладетели, не можеш да им замериш на Евреите дека решиле да не бидат робови... Можеш само да учиш од нив...[DOUBLEPOST=1534019677][/DOUBLEPOST]
Баш сме како џунгла, ако те бидува, ако си спремен да газиш ќе успееш. Што ти е контролирано не сфаќам ?
Имаш рамка, кај што смееш да газиш. Во различна етапа таа рамка најчесто се зголемува, но доколку излезеш од рамката, најчесто го јадеш стапот.
Контролата е сликовито пуштаат во мал аквариум рипчиња и чекаат да се изедат меѓусебе и да остане една, после таа што ќе остане ја префрлаат во поголем аквариум... Е тебе џунглата ти е аквариумот во којшто се наоѓаш.... Строго контролирана средина.

Ама ако успее, збогум сиромаштијо. :D Тоа е ризикот јбг. Не може и јаре и паре. Затоа кој мисли повеќе, кој е поупорен, повреден поснаодлив ќе котира повисоко.
Имаш и богати кои поради лоши проценки останале на улица. Значи можности имаш, од тебе зависи што ќе постигнеш.
Робовите НЕМАЛЕ можност да одлучуваат, да одберат.
Да точно робовите немале можност да одлучуваат. Сега робовите сами одлучуваат кому ќе му бидат роб. Што е разликата, дури е уште полесно за робовладетелите, немора да идеш на пазар и да купуваш, па да наоѓам место кај да ги сместиш, сега му даваш нешто колку да преживее и нека се снаоѓа....

Па види бе, самиот збор работа е словенски збор кој доаѓа од роб....

Иначе да, ако успее, АКО.... во светот од 1000 почнати бизниси, колку успеваат ?

Да се разбереме, јас не се бунтувам за ова, не дека не сум човечен, туку дека сметам дека нема шанса ова да се смени. Јас само ова го констатирам и сметам дека во еден таков свет, за мене е поарно да бидам робовладетел одколку роб....
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
Ниедна книга и ниедна наука, сеуште не може да го детерминира патот на еволуција на идеолошките матрици во служба на општеството како што го гледаме. Тоа го покажало и докажало времето, тоест историјата. Каков е на пример патот на Христијанството од мачеништво до инквизиција, или пак патот на комунизмот од борба за еднаквост до тиранија од најлош вид или патот од буржоаската револуција до империјализмот и колонијализмот или пак од демократијата до интервнеционизам и неоколонијализмот... Не само што не може да се одреди еволуцијата, туку не може да се одреди ниту моментот на таа транформација, бидејќи кога ќе погледнеш наназад во времето, од еден друг аспект, дури и во најраните моменти може да се предвиди развојот на настаните....

Јас ќе речам дека во ова има улога и психологијата, не само социологијата. Револуционерните движења се дувло на опортунисти, кои во историјата не ретко го пробивале својот пат до врвот преку лешеви. Во нашата понова историја, можеме како пример да го посочиме превземањето на КПМ од страна на пројугословенски структури(Бато, Колишевски), додека носителите на револуцијата и народноослоботелната војна, Ченто, Шатев, Влахов, Шарло и останатите однесени во маргините.

Во услови на една таква реалност, угнетениот кога се бори за слобода, се бори уствари или за новите угнетувачи или пак да стане нов угнетувач. Но во секој случај на крајот, без исклучок, правдата е изиграна.

Да се навратиме на западните општества кои ете живеат во некаква си благосостојба и „робовладетелството“(го ставам во наводници ради @Bafra) не е во голема мера изразено. Како што спомнав претходно, они си го купуваат социјалниот мир (упростено кажано) со исцрпување на ресурси во трети земји или користејќи ефтина работна сила. Значи можеме да заклучиме дека на светот постојат повластени и поробени нации. Ако видиме наназад низ историјата, ќе увидиме дека уствари тоа одсекогаш било така и колку и какви револуции да се кревале, овој факт никогаш не се сменил, може да се смениле само улогите. Повластените нации живеат со висок стандард, безгрижно, речиси во утопија, на сметка на поробените нации во кои мал дел живеат во луксуз, а најголемиот во континуирана беда..

Во една таква констелација на свет на робови и робовладетели, не можеш да им замериш на Евреите дека решиле да не бидат робови... Можеш само да учиш од нив...[DOUBLEPOST=1534019677][/DOUBLEPOST]
Имаш рамка, кај што смееш да газиш. Во различна етапа таа рамка најчесто се зголемува, но доколку излезеш од рамката, најчесто го јадеш стапот.
Контролата е сликовито пуштаат во мал аквариум рипчиња и чекаат да се изедат меѓусебе и да остане една, после таа што ќе остане ја префрлаат во поголем аквариум... Е тебе џунглата ти е аквариумот во којшто се наоѓаш.... Строго контролирана средина.

Да точно робовите немале можност да одлучуваат. Сега робовите сами одлучуваат кому ќе му бидат роб. Што е разликата, дури е уште полесно за робовладетелите, немора да идеш на пазар и да купуваш, па да наоѓам место кај да ги сместиш, сега му даваш нешто колку да преживее и нека се снаоѓа....

Па види бе, самиот збор работа е словенски збор кој доаѓа од роб....

Иначе да, ако успее, АКО.... во светот од 1000 почнати бизниси, колку успеваат ?

Да се разбереме, јас не се бунтувам за ова, не дека не сум човечен, туку дека сметам дека нема шанса ова да се смени. Јас само ова го констатирам и сметам дека во еден таков свет, за мене е поарно да бидам робовладетел одколку роб....
Првиот дел одлично објаснето :aplauz: (јас сум шкрт на зборови) , тоа после што си ми одговорил не те разбрав баш но нејсе.

Да се навратиме на западните општества кои ете живеат во некаква си благосостојба и „робовладетелството“(го ставам во наводници ради @Bafra) не е во голема мера изразено. Како што спомнав претходно, они си го купуваат социјалниот мир (упростено кажано) со исцрпување на ресурси во трети земји или користејќи ефтина работна сила. Значи можеме да заклучиме дека на светот постојат повластени и поробени нации. Ако видиме наназад низ историјата, ќе увидиме дека уствари тоа одсекогаш било така и колку и какви револуции да се кревале, овој факт никогаш не се сменил, може да се смениле само улогите. Повластените нации живеат со висок стандард, безгрижно, речиси во утопија, на сметка на поробените нации во кои мал дел живеат во луксуз, а најголемиот во континуирана беда..

Во една таква констелација на свет на робови и робовладетели, не можеш да им замериш на Евреите дека решиле да не бидат робови... Можеш само да учиш од нив...
Западните општества точно е дека експлоатираат други. Но дали одсекогаш било така, или претходно некои други општества истото го правеле... Самиот кажа дека сите тоа го правеле.
Но како Западниот свет успеал да е толку моќен, посебно САД, кои да бидеме реални, започнал од 0.
Капитализам, тие прво се развиле самите, па после тргнале во поход. Се бореле и противеле на угнетувањето на тогашните Империи, посебно Британската.

Е што е разлика според мене сега од претходно:
- претходно биле точно дефинирани кои се робови кои господари. Робовите дури и свеста/мозокот така им работел, дека се робови и не заслужуваат нешто друго или дека можат нешто друго да прават. Од само раѓање им било врежано дека е роб и нема друг избор.
- не се грижеле за робовите а ниту за условите во кои живеат, а ниту за земјите кои ги експлоатирале.
- нема шанси да бидеш во присуство на "аристикратијата" итн итн.

Сега дали е така... или имаш можност дури и со "аристократијата" да се ожениш/омажиш, да работиш со нив, заработиш, да бираш дали ќе работиш во Македонија или спакуваш куферчето и Австралија џенем. Имаш можност да создадеш мултинационална компанија и заработиш милијарди. Нормално ако им се курчиш, сметаш во некои бизниси, планови ќе те преебат, ама штом тие нашле начин како да бидат моќни, најди и ти. Нив моќта не им ја дал Семоќниот, сами се избориле за тоа. Има уште ама друга прилика.

Е сега викаш повластените нации живееле безгрижно. Прво ништо не е константно па како што и сам кажа, се менуваат таквите нации. Македониа, Египет, Кина, Индија, Рим, Шпанија, Англија па сеа САД итн итн.
Тие за да постанат повластени, морало нешто да направат нели, не им било дадено онака, еве сеа вие ќе сте главни. Некој изум, некоја стратегија, нешто вложиле па добиле. Нема џабе.
Е сега доаѓа правилото на Универзумот а тоа е дека робот секогаш ќе го победи својот господар, не веднаш нели, ама за некоја генерација обавезно.
Земи ги за пример Европските монархии кои го ебавале а и сеуште го ебаваат остатокот од светот. Немаат наталитет, експлоатираните им се дојдени дома, им ги ебаваат женските, чак пат и некое дете. Им трошат од социјалната помош, го растураат нивниот начин на живот, наметнуваат свои правила итн итн.

И во право си за психологијата. Ништо не е сменето кај мнозинството, илјадници години се однесуваме како варвари и кога ќе добиеме шанса за да смениме нешто, ништо на подобро.

Доста добро си сфатил како функционира општеството, па прочитај некоја книга од Walter Russell i Leo Russell
https://www.google.com/search?q=walter+russell+books&oq=walter+russell+books&aqs=chrome..69i57j69i65l2j0l3.15098j0j7&client=ms-android-huawei&sourceid=chrome-mobile&ie=UTF-8

Можеш "The Message of the Divine Iliad" па продолжи со некоја друга.

Врска тоа дали си роб, твој е изборот. Ако од дете се образуваш, вреден си, ти фаќа кликерот како тоа ќе бидеш роб не ми е јасно... Чиј роб си, зашто се осеќаш како роб... Претпоставувам работиш приватно, сам одлучуваш колку да работиш, согласно потребите твои и на фамилијата.

Роб си на системот, ама тоа народот САМ си е виновен. САД уставот го правеле баш за да го заштитат народот да не стане роб на системот, ама со тек на време си легнаа и тие на брашното. Сакаат бесплатен ручек, епа тоа си има цена, ама лековерен народ јбг.

УК го осознале правилото Ритмична Балансирана Размена, не претеруваат со своите колонии и поданици па затоа најдолго опстануваат како Империја. Народот кога тргнал према кралските порти се освестиле и промениле многу работи :D
Значи ако мнозинството покаже желба за промени, вложи енергија, труд, жртва некоја, НИКОЈ не може да спречи тоа да се оствари.
Ако е 100%вистина тврдењето дека сме робови, немаше да живееме во вакво модерно општество. На кралевите им е гајле дал ќе имале струја дома или Австралија да стигнат за неколку саати се додека се кралеви.

Моја препорака ти е прочитај некоја од книгите на Волтер, кој бил Полимат - polymath, Да Винчи на нашето време.
Темава е доста широка, а и не сум толку речовит, затоа прочитај па ќе сфатиш.
А доколку уште од деца ги учиме неговите ставови, знаења, општеството многу поразлично ќе биде. Ама ние пре да читаме ретардирани лектири, ќе гледаме Кардашаин, Телетабиси итн итн.

Штом имаш избор, НЕ може да се ограничуваш и да кажуваш дека си роб со сила.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom