Цесија

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Цесија...
Теоретски се знае... јас должам некому, тој некој на некој трет, и место на мојот доверител јас мојот долг ќе го исполнам на третиот и со тоа сите сме чисти...
Секако, цесијата е институт на облигационото право, и, како таква и е опишана и пропишана во Законот за облигационите односи, и од легална гледна точка нема никаков проблем.
Но, кој вели дека легален правен инструмент неможе да се употреби за нелегална цел???
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Пане дај избриши си го мислењето жити мајка немаш поим колку гкупаво делуваш во моментов
извини брат би сакал да ја избришам постов ама ја нема таква опција:)
а кога сме кај цесија, владава добро си ја води фискална даночна политика применувајќи рамен данок наменето за странски инвестиции во рок максимум 10 години и потоа се враќа стандардно како во ЕУ ,а домашните мора да се плаќа данок вклучувајќи и А1 и не земаат 50% како што викаш туку се зависи како се развива домашниот промет во рок 10 години така да никој не може да одбегнува даноци освен оние фирми што вработуваат инвалиди и што вршат донации тие се ослободени од даноци само така на некој начин се одбегнува даноци ама тешко некој да се осмели на таков начин како што направија Велија преку земјоделците и крај фискална инспекција ќе бара отчет;)

Значи во рок 10 години ќе биде најниски даноци но услов е мора да се придружува според барања до договор,а ако се откажува,отстапува или прекршок тогаш им доаѓа висока даночна сметка или казна.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881

А кога сме кај цесија што кој кур има врска сега рамниот данок со цесијата ? и ова да моеш да го избришеш бриши одма абе ептен немаш врска шо збориш дај замоли некој од модераториве да ти ги избришат двете мисења пошо немаш појма како изгледа кога го чита некој ова.
 
I

Iblis

Гостин
Пане другар превише оф-топик другар, иначе цесијата, како инструмент на плаќање, во РМ е повторно одобрен од моменталнава влада, превише злоупотреби се можни со ваквиот начин на плаќање и да ако ја укинат едно чудо фирмишта и општини ќе треба да прогласат стечај.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Ма изгледа битно си беше да каже нешо за рамниот данок нешо демек шо чул не дослушнал :)
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Мислиш криење на дејност за прикривање данок? Доходовно е а? КЗ?
Инаку се се заборава, ако не ти е основна дејност. Се сеќавам ,ама не ја знам одлично. Сепак, не сум цинична и не се правам паметна, убаво прашав. Одовори културно, не се нервирај брзо.
И не пцуј. Секој треба да плаќа даноци. Не е 50% на се, ама ај...Нервозен си ти простувам. Се надевам не си ваков во судница.

Со договор за цесија склучен меѓу СДСМ, А1 и Советот за радиодифузија, телевизијата ги отстапила своите побарувања од најголемата опозициска партија во корист на СРД. А1 го повтори делото за кое јавното обвинителство покрена обвинение против кланот на Рамковски. Овој пат соучесници во криминалот се и СДСМ и СРД

Пријава за сторено кривично дело злосторничко здружување најверојатно ќе заработат СДСМ, А1 телевизија и Советот за радиодифузија. Ова ќе следи бидејќи, со Договор склучен на 25 мај 2011 година, А1 телевизија ги отстапила своите побарувања од СДСМ во корист на Советот за радиодуфузија во висина од 2.404.129,5 денари. Во договорот стои и дека е издадена фактура на 7 јуни на истиот износ, со што А1 ги затвора своите долгови кон Советот за радиодуфузија. Плаќањата се направени пред издавањето на фактурите, а договорите се заверени на 4 јуни во СДСМ и пред три дена во Советот за радиодифузија. Со ова, А1 телевизија го повтори делото за кое јавното обвинителство покрена обвинение против кланот на Рамковски.

Телевизијата ја крши судската забрана за располагање со парите од сметка. Со договорот за цесија, повластува доверители, а тоа се СДСМ и Советот за радиодифузија, што е исто така кривично дело. Со повластувањето доверители, автоматски се прави злосторничко здружување што исто така е кривично дело. Освен што ги повторува сите дела за кое веќе се обвинети во случајот Пајажина, соучесници во криминалот на А1 телевизија овој пат и се СДСМ и Советот за радиодифузија. Од Управата за јавни приходи потврдија дека ги имаат овие документи и од вчера започнала официјална истрага за случајот. Во истрагата се вклучува и Одделението за организиран криминал при МВР, како и финансиската полиција.

Договорот е склучен за време на изборна кампања, а од Антикорупциската комисија велат дека социјалдемократите овие извори на приходи не ги пријавиле како донација во извештајот за финансирање на изборната кампања кој претходно го поднесоа. Дали ќе го сторат тоа во конечниот извештај останува да се чека, бидејќи рокот истекува денеска. Од датумот на Договорот се гледа дека Советот за радиодифузија се финансира од политичка партија, што е спротивно на законот. Исто така, според Законот за радиодифузија, Советот не смее да се финансира од трговски зделки. Овој Договор за цесија е трговска зделка. И конечно, Законот за радиодифузија предвидува дека концесионерот, односно лиценционерот, во случајов А1 телевизија мора сам да си ја плати лиценцата за работа, а не трето лице тоа да го стори за него.

Потписници на овој Договор се Зоран Стефановски, претседател на Советот за радиодифузија, Андреј Петров од СДСМ и Зоран Силјановски од А1 телевизија. Ако истрагата резултира со кривични пријави и обвнинение како во случајот Пајажина, на сите им се заканува затворска казна до 15 години.

Извори во СРД велат дека членовите на Советот не биле консултирани за овој договор и дека претседателот Зоран Стефановски го склучил на своја рака.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9012E5FDCC0B924DAE282784BF2A48A1
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
И најголемата опозициска партија ќе ја судат за злосторничко здружување?
Не дека немало некогаш во нејзиното постоење ама смешки сте со ова Латас како уредник на Вечер поголема глупост не можеше да уреди тука да се објави....
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Дали ќе ја тужат СДСМ е релевантно но одделно прашање. Инаку, сосема е во рамките на твоите права да се исчудуваш.

Истовремено ќе те замолам да коментираш по темата или да се отстраниш од истата ако ти се дискутира (уредувачка) политика.

Значи во тестот има наведено накратко кои се прекршувањата на законот во однос на споменатата цесија. Текстот го постирав за да е попрегледно што е што.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093

Се во ред тоа, ама изворот не е баш релевантен, доколку имаш друг, добро би било да го ставиш овде, па да можеме навистина да продискутираме.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Не знам за тебе, но јас навистина дискутирам, а изворот е јавен медиум и е релевантен дотолку што известува во што се состои прекршувањето на законот.

Доколку ја оспоруваш вистинитоста на напишаното -- врз основа на тоа што ти се бендисало мислењето на некаков bucio -- да те прашам:

1. Дали не е точно дека според договорот за цесија, која што претставува трговска зделка, А1 не повластува доверители (СДСМ и Советот за радиодифузија) и дали тоа не претставува кривично дело со оглед на тоа што А1 ja прекршува судската забрана за располагање со парите од сметка?

2. Дали со повластувањето доверители, автоматски не се прави кривично дело злосторничко здружување?

3. Дали спореед договорот за цесија Советот за радиодифузија не се финансира од политичка партија (СДСМ) што е спротивно на Законот за радиодифузија?

4. Дали според Законот за радиодифузија, Советот за радиодифузија смее да се финансира од трговски зделки?

5. Дали Законот за радиодифузија не предвидува дека лиценционерот (А1) мора сам да си ја плати лиценцата за работа, а не трето лице тоа да го стори за него?

Јас знам дека ти си коректен соговорник и ќе те почекам да доставиш конкретни одговори.
 
Значи без разлика на тоа што изворот е јавен медиум, јас не му верувам, исто ќе беше и А1 да ја ставеше како извор. Заради тоа ти побарав други извори, за да знам дека нема да дискутирам на празно, т.е. на шпекулација.

Мислењето на bucio ми се допадна зошто истото го мислам, не е релевантен изворот.

1. Не знам зошто мислиш дека цесија е забранета, кога не е, и во никој случај не претставува кривично дело. Исто така не знам зошто мислиш дека е трговска зделка, кога не е, туку се работи за договор според облигационо право. Сега знам дека може да завлеземе во терминолошки препукувања, па затоа однапред се изземам од истите.
Во однос на останатите точки, мислам дека нема потреба да се дискутира со оглед на демантот на СРД што ни го постираше Angelikus:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom