Центар за превенција и третман на злоупотреба и зависност од дрога и други психоактивни супстанции!

Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.516
имаат проблеми луѓето. Крвави крпи, игли и празни опаковки што е грозно и да гледаш, камоли да собираш со раце. Во рок од 1 месец 4 стана беа обиени. Што значи ем проблем со криминал ем проблем за мали деца и миленици (со крвта и иглите) па и за возрасни. И на видеото еден од луѓето спомна дека детето му се боцнало од игла.

Прашањето да го поставиме поинаку-што му е функцијата на центарот за зависници и какви резултати има.
Абе без разлика какви резултати има, на тие луѓе им треба помош.
Центри мора да има. Тоа е еден од чекорите во борба против зависноста.

За ова со крвави крпи, игли и празни опаковки многу ме интересира каде имаат најдено?
Они што, се лечат и после идат позади бараката и се прскаат во вена ли?
Башка сите добро знаеме дека робајлите ги бараат најзабутените места за да бидат сами таму и никој да не ги гледа. Што би барале децата на такви места?

А за ова со обиени станови те молам не го ни споменувај.
Скопје врие од арамии кои обиваат стан за 2 секунди а истите тие не пушат ни цигари а не па да се на тешки дроги.

Ова со детето му се боцнало со игла е врвот. Морам да го видам видеото...може линк?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089

ова со становите, крпите, ампулите и метадоните не случајно го спомнав. Лекарствата кои се најдени близу, според надлежните се од таков центар "за лекување" и такви групи. Помасовно обиени станови се случуваа скоро истовремено. Според истите надлежни и жителите од околината, испадна она што го пишав погоре.
Еве го видеото, негде постирано е и претходно. Може да поминеш и покрај некој од тие центри, има отпад колку сакаш. Обично наоѓаат и напуштени куќи...

Е сега ме интересира како тоа тие центри лекуваат. Како тие се борат "против зависноста".
 
Последно уредено:
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.516
ова со становите, крпите, ампулите и метадоните не случајно го спомнав. Лекарствата кои се најдени близу, според надлежните се од таков центар "за лекување" и такви групи. Помасовно обиени станови се случуваа скоро истовремено. Според истите надлежни и жителите од околината, испадна она што го пишав погоре.
Еве го видеото, негде постирано е и претходно. Може да поминеш и покрај некој од тие центри, има отпад колку сакаш. Обично наоѓаат и напуштени куќи...

Е сега кажи како тоа тие центри лекуваат. Како тие се борат "против зависноста".

Јас кога бев копиљ, нели немаше телефони и плејстејшни и моравме да играме надвор.
Растев во населба каде една генерација буквално умре од хероин.
Хероинот беше доста попопуларен тогаш, за разлика од денес.
Наоѓавме милијарда шприцеви, црева, лажици и остали ствари ама никогаш бе не сум се боцнал ниту јас ниту моите другари.
Само да напоменам дека немаше центар во близина, па пак беа наоѓани шприцеви и игли.

Центар мора да има. Можеби треба малку да е дислоциран од населено место или да не биде баш толку помеѓу згради меѓутоа да се буниш против наркомани во општество и доба каде дрогата станува поактуелна од алкохол е малце моронски и безвезе кога има милиони други проблеми каде не ни излегуваат на протести а се директно штетни на граѓаните. (читај квалитетот на воздухот)

Друга работа е што алфите место да се фокусираат на ловење маалски дувајли што пушат 0.25 грама трева десет души, да го насочат своето внимание на дилерите на хероин нештата би биле поразлични.

А за овој дека ќерка му се боцнала, па увек има некој со таква изјава за да ја направат приказната пореална.
Може и да збори вистина, меѓутоа не се проблем зависниците ниту центарот. Туку општеството и самата едукација.
Пола од овие луѓе кои протестираат незнаат ништо за дрогата и нејзина употреба и сеуште мислат дека луѓето што дуваат трева може да те убијат за 100 денари.
Битна е едукација. Многу неписмен народ има на наша територија па затоа и во Македонија многу нешта се обратно од тоа како што треба.
Верувам дека ќе се смени за некои 10-15 години кога полека овие Југославија борн луѓе ќе останат без улога во општеството.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.753
Поени од реакции
9.558

Сте имале среќа што не сте се боцнале, инаку вреба опасност од употребените игли поради хепатитот кој претежно сите зависници го имаат, барем така велат, тоа може др. @bijons да ни каже.

Во право си инаку, шприцеви и игли има секаде низ градот, во подруми и на игралишта и треба да има центри за лекување на зависности, не само за дрога нели, туку и за алкохол и коцкање..но, овие центри во Македонија што ги има се како колдиц, хорор установи со мизерни услови, немаат саглам стационар, нема ни персонал обучен и ред други битни недостатоци за правилно лекување.

мислам дека подобро би било кога би имало повеќе комуни во кои би се лекувале зависниците на суво, тоест без терапија, без хемија, со детоксикација и со витамини само..некаде препорачуваат сауни и масажи....а што знам и јас всушност.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Центар мора да има. Можеби треба малку да е дислоциран од населено место
.
заради тоа и се бунат, да се дислоцира надвор од населено место. Раснев кај Домот во Бутел, знам дел од нив што све правеа. Од точаци, мотори, до електрични апарати, закачање деца на улица...ма све од деликвенција.

не би сакал вака јавно поподробно да зборам за нив и за другите надлежни институции, само на кратко.
За да пријавиш вакви инциденти, попрво ќе се омачиш неголи некој тоа што му е работа да преземе нешто. Обил стан, обил...фрлил шприцеви у двор, фрлил, демек so what...таква е ситуацијата
Дека нема и да повредат па и полошо, малку потешко. Доколку се обидеш да се одбраниш или нападнеш, може да заработиш и казна. Нормален човек не сака вакви глетки и појави. Што е тој граѓанин виновен што некој на времето се праел јунак, ај по една, две. Згора на тоа, тој граѓанин плаќа и за тие центри и материјали, ал ете, му се серат врз глава што сака нормално да живее, во нормална околина.

Но темата се Центрите и пак не ја гледам целта и улогата на овие центри. Освен како дистрибутер на бесплатни игли и метадони, кои без разлика во која група спаѓаат, кои рецептори ги напаѓаат и слично, повторно спаѓаат во зависност, не гледам обид за лекување.
 
Да точно, темата се центрите.
Па затоа ќе кажам пак, мора да има од проста причина што има и дрога.
Да ги нема, пак ќе има обиени станови и шприцови ама тогаш па ќе протестираат зашто нема центри, па жестоки дебати, па како ние сме назад...
Центарот ќе е успешен па макар излечил и еден. Сигурно многу фамилии кои изгубиле блиски од дрогата жалат што ете на времето немало центар близу нив.

Ова за каде протестираат е многу глупо затоа што како локација гледам дека е близу елетктрометал а околу дали има 15тина куќи, и тоа не е околу туку најблиску е оној центарот за бездомници ако е сеуште во функција. Уште една причина да кажам дека протестираат само колку да се протестира, без да се има вистинска причина. И уште еднаш ќе потенцирам дека истите тие седат дома кога требаше да се протестира за воздухот.
Или сега нема магла, па нема потреба за протест!?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Да точно, темата се центрите.
Па затоа ќе кажам пак, мора да има од проста причина што има и дрога.
Да ги нема, пак ќе има обиени станови и шприцови ама тогаш па ќе протестираат зашто нема центри, па жестоки дебати, па како ние сме назад...
Центарот ќе е успешен па макар излечил и еден. Сигурно многу фамилии кои изгубиле блиски од дрогата жалат што ете на времето немало центар близу нив.
?
никој не вели не треба да има. Не ми е сеедно ниту за зависниците или починатите, но ни за мештаните. Треба, надвор од населено место. И треба, ако функционираат. А дали функционираат. Еве едно инфо. Шведска, 2014, повеќе лица умреле од субститутивни дроги (метадон и субутекс) неголи од хероин. Шведска има околу 8000 корисници на инјектирани хероински и амфетамински дроги, Македонија повеќе од 8000 официјално, хероински зависници. Но да не се оддалечувам од темава...
Да ги нема, пак ќе има обиени станови и шприцови
не знам зошто го релативизираш прашањето за функцијата и функционалноста на вакви центри и криминалот. Наместо комплексно решение, државата со вакви центри нуди парцијално, од податоци гледаме, траљаво "решение". Бројот на зависници се зголемува како и морбидитетот.
За разлика од овие центри, постојат други центри со лекување со изолација, работни обврски и природни третмани.

Нарконон

Покров

Treatment Largely Consists of Medical Replacement of Opiates
In 2013, only 1,141 Macedonians entered drug recovery programs while more than 8,000 in the country were heroin users.
The main method of drug addiction treatment for opiate addiction uses methadone or buprenorphine to prevent withdrawal symptoms and to relieve the addicted person from the need to lead a criminal lifestyle. Unfortunately, when a person uses these drugs, they do not learn to live a drug-free lifestyle and they can’t re-discover the feeling of being completely free of any drugs in their bodies. Complete drug recovery is best when the person leaves the rehab center clean and sober and having the skills to create a drug-free future.

Патем, не ја познавам населбата, како што читам имало и основно школо во близина. Енивеј, дури и да нема. Еве напис од лани за наводната дислокација
http://inbox7.mk/archives/5766
Имало и парк кој не се користи.

Дали некој би одбрал да живее вака со семејство, дечиња да шета секој ден?

или би избрал нормална околина за нормален раст и развој на своето семејство.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
ја се отепав на 2 страни, берик го објасни со една реченица :pos:
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.753
Поени од реакции
9.558
ја се отепав на 2 страни, берик го објасни со една реченица :pos:
А замисли пак на кој ли начин ги лечат зависниците од акохол и коцкање:rolleyes:

Им даваат ракиичка и ливче за спортска да пополнат:shook:
(работава не е за смеење, се шалам на нивна сметка, срам да ми е):oops:
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.667
Поени од реакции
4.750
Баталете тоа Наркокон.

Поголема превара нема од таа секта.Да секта е , не е некој си центар као шо се нарекуваат,тоа е секта која се служи со радикални методи и непроверена детоксикација.

Наркокон уствари ти е гранка на СЦИЕНТОЛОГИЈА. А ретко има позабегана агресивна секта као нив.

Каков гениј е Хубард а , покрај црква и центар за џанкери .. нели знае да удри таму кај шо е најлесно да земе пари.

https://www.scientology.org/how-we-help/narconon/

Наркоманиве ако не си помогнат сами на себе,се друго е пропало.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
За жал не е за смеење. И нема кој да помогне ниту на жителите ниту на зависниците и нивните семејства. Само од денес до утре.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.791
...ај малку да погледнеме од другата страна, оти не се баш такви работите како се прикажуваат по разни портали, вистината ДА! ама не на целосен товар на ЛЗД( лица зависни од дрога) како единствени кривци за приложените фотографии!
... овие фотки треба да се докажат од што се, а не да се набедат дека се од ЛЗД, оти самото медицинско ѓубре не соодејствува со тоа што и како се третираат зависниците во центрите,

... ова фотографија на мало пакување оригинално на метадон ЛЗД не би го добиле во рака, ниту во центрите ниту било каде на друго место (според серијата на паковањето лесно може да се докаже од каде е ова шишенце)

затоа што им се дава раствор од метадон во пластични шишенциња префрлени од шише матадон кој го центрите го добиваат најчесто во количина од едно литро!

... заокруженото темно стаклено шише е оригиналот метадон од едно литро од каде се префрлува во соодветни пластични шишиња кои им се даваат на ЛЗД доволни за терапија за викенд! така да такво шише нема шанса да дојде во рака на ЛЗД, туку тоа е медицински отпад, фрлено непрописно во тој картонски пакет до шишето од самиот центар , а потоа можеби било расфрлено агресивно од некој ЛЗД кој можеби имал криза во чекање да си ја добие терапијата во овие жештини, прашање дали навреме почнале со работа тие медицински лица што треба да им ја дадат терапија на ЛЗД!

... да! овие се пластични шишиња каде им се става метадон кој се ПИЕ, а не се „шприцува“ ! така да што бараат тука шприцевите? тоа е можно во овие центри да се применат само во исклучителни ситуации ако има некој предозиран, па да се врши детоксикација со антидот инекција тогаш -да! шприц се употребува!
... кој ЛЗГ би користел стерилни ракавици и то сини кои се сметаат за најквалитетни? такви ракавици користат медицинските лица вработени таму, така да би рекла дека ова е општо ѓубре од тие центри од несовесно по пропис собирање и фрлање на медицински отпад од највероватно хигиеничарката од тие центри, ако воопшто ја има!

...да бев санитарна инспекција би ги прашала вработените во што и како го фрлаат медицинскиот отпад, оти некој треба да го насочи хигиеничарот, па нив би ги обвинила по порталите за неправилна работа, оти сите здравствени установи добиваат вакви жолти кеси каде се собира медицинскиот отпад!!

а другиот немедицински отпад во сини и црни најлонски вреќи, во смисол на другото ѓубре кое се гледа на другите фотки, чаши од јогурт, пластични чаши за вода кои ги применуваат здравствените работници, кеси, хартија ..итн!

...така да не би се сложила со целосно обвинување по порталите дека посочените фотографии со ѓубре се од ЛЗД, тоа е медицински отпад општо од тие центри каде работаат здравствени и нездраствени работници непрописно собрано и фрлено!
... инаку во овој контекс ЛЗД никогаш не би го повториле прекршокот во смисла на повторно дрогирање покрај објектите каде се лекуваат и околу нивните живеалишта, а најмалку таму да го фрлат отпадот после користење!

... спомнато е крадењето од ЛЗД, доколку зависникот се решил како и другите кои не се зависници, а се крадци, да провалат во стан, објект, ординација или слично никогаш не го прават во околината каде живеат, а најмалку во околина каде ја земаат терапија т.е. со еден збор на местата каде се движат, така да според крими извештаите за извршените провали и крадење од страна на ЛЗД, не само што не се од иста населба туку се сосема од друго живеалиште т.е. градови, така да претежно крадење и провала на некој објект, стан во Скопје доколку е ЛЗД ќе биде зависници од Струмица, Прилеп, ама послабо од Скопје така да загриженоста на жителите на дотична населба треба да се загрижени за сите ЛЗД,, а не само од тие што ќе ги лоцираат во нивна близина!

..фотката со „зависникот“ не знам колку би била реална доколку се дрогирал за да седи така исправен со кичма во седечка состојба и со споени нозе толку „културно“ седнат тешко да би било ЛЗД предозиран!

...а и овој пример, мислам дека е несоодветен како да е ЛЗД,
како прво личноста е доста возрасна што не спаѓа во возраста на најчести зависници кои се лечат во центрите за ЛЗД, а како второ заокружената кригла покрај него ми дава со право да кажам дека овој човек повеќе личи да е во тешка алкохолизирана состојба, а не ЛЗД, ...ДА, тој е зависник ама од алкохол како обичен граѓанин, а не како што се приложува на порталот!

...но како да е, опасните зависници се тие што не се гледаат, не се именуваат, оти има заштита на идентитет и може твоето дете да игра со него во двор, а да не се знае дека е зависник, затоа што можеби татко му е влијателна личност... ...пример, го прашувам - колега кај ти е синот некако не го гледам да те посетува? аааааааа се префрли со студии во Италија, таму ќе го доврши започнатото! браво, секоја чест... по стапките на тато!

... по извесно време во некој неврзан разговор спомнат синот како со лошо им возвраќа на своите родители?? ...а јас , да не бидам покуса...зашто, не учи шета и брка италијанки? ..ме погледаа, какви италијанки ма, како од Марс падната ништо не знаеш.... па тој се лечи од зависност од дрога и е на рехабилитација веќе неколку месеци во Нарконон Балкан!

Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.255
Поени од реакции
78.889
Баталете тоа Наркокон.

Поголема превара нема од таа секта.Да секта е , не е некој си центар као шо се нарекуваат,тоа е секта која се служи со радикални методи и непроверена детоксикација.

Наркокон уствари ти е гранка на СЦИЕНТОЛОГИЈА. А ретко има позабегана агресивна секта као нив.

Каков гениј е Хубард а , покрај црква и центар за џанкери .. нели знае да удри таму кај шо е најлесно да земе пари.

https://www.scientology.org/how-we-help/narconon/

Наркоманиве ако не си помогнат сами на себе,се друго е пропало.
Аман, ова не е непознато.
Мислам дека Нарконон сите знаат што се и најбитно од кај се.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Бесцелно е да се губе време и она оваа тема започната од такозваната Др. Бијонс.
Погоре @SK-92 убаво спомна дека е до општеството и едукацијата. Ја затоа кажав коренот на сите проблеми е во уредувањето на општеството во кое нема ама баш никакви морални вредности. Во едукацијата исто нема морални вредности, од 1-4 оддление само ради реда им се кажува да децата по треба, шо не треба, ама натаму се претвораат во зомбија и бидуваат експлоатирани. И сите ние живееме во таква експлоатирачка машина буквално како робови само што тоа не го знаеме. Едина разлика е шо има задоволни и незадоволни робови. Дакле џабе тука се дискутира за нус појавите на опшстеството.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom