ЛЗД (лица зависници од дрога) внесувајќи ги тие супстанции во организмот прават повеќе функционални промени со чие повторување на земање доведува до физичка и психичка зависност, поделбата е според психофармаколошкото дејство врз централниот нервен систем (ЦНС),
-
анаболни стероиди ( дианабол, нандролон, провирон, тестостерон)
-
испарливи супстанции ( лепило, аеросол, разредувач, растворувач, бои, бензин, лак, бутан )
-
канабиноиди (активни супстанци добиени од Cannabis sativa и то марихуана од листови и хашиш од цветови и смола).
-
халуциногени дроги ( ЛСД, мескалин (кактус Peyote), псилоцибин (печурки Psilocyba species, најпозната P. mexicana), фенилциклидин PCP- ангелски прав и татула (Datura stramonium)
-
депресори на ЦНС (психодепресори) алкохол, опиум (наркотични дроги), седативи и хипнотици (барбитурати, невролептици , анскиолитици)
и на крај најексплоатирана група
-
стимулатори на ЦНС (психостимуланси) амфетамини (benzedrin, deksedrin, metedrin), вклучувајќи ја и групата на EKSTAZI дроги (MDMA, MDA, MDE ) , кокаин и крек , кхат (од растението Catha edulis), кокаин ефедрин, никотин!