Центар за обука на пилоти

Дискусија во форумот 'Авијација' започната од Strymon876, 4 октомври 2018.

  1. Strymon876

    Strymon876

    Член од:
    4 октомври 2018
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво,

    Би сакал да аплицирам на најновиот конкурс објавен од центарот за обука на пилоти од АРМ. Дали има некој да сподели лично искуство? Колку е добра оваа идеа? Какви се можностите за стекнување на комерцијална дозвола во Европа по завршување на обврската за работење во АРМ? Што вклучуваат тестовите за селекција? Што вклучува тестот за физичка подготвеност? Какви се условите за работа и колкава плата се добива по завршување на обуката? Добредојдени се секакви детали во врска со оваа обука.
     
  2. Имаш врски ?
    Ако немаш не се лажи ич дека ке успееш да влезеш таму .
     
  3. Out Of Reality

    Out Of Reality

    Член од:
    5 јануари 2008
    Мислења:
    2.493
    Допаѓања:
    2.341

    Нема врска, неколку пати во годината имаат конкурси затоа што не можат да најдат луѓе кои одговараат на профилот и кои ги поминуваат сите тестови. Од 400 пријавени 2 - 3 јца само дали стануваат пилоти. Во оваа професија нема со врски, нема да му дадат на некој со врски 20 милиони евра воен хеликоптер да лета.
     
    На Knoppix и vidooq им се допаѓа ова.
  4. Miss.Independent

    Miss.Independent Me,Myself & I

    Член од:
    26 јуни 2013
    Мислења:
    940
    Допаѓања:
    2.332
    Јас кога бев во хелихоптерската единица на мвр зборев со девојка што пилотира и кажа дека обуката ја држат изреалци и разговорот е на англиски јазик, тоа значи дека треба солидно да го владееш. Исто така има и физика, одредени работи и најголемиот дел е теорија за пилотирање односно се се учи за делови, случаи, ситуации итн. Е сега ова е за хелокоптер не знам дали за тоа прашуваш а после 1година интензивна обука се почнува со возење на еден мал хеликоптер што им е за вежбање. Инаку и за пилотирање на авион предаваат израелци така да англиски е обавезно да се знае.
     
    На Zoran MKD му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Doc Holliday

    Doc Holliday Модератор

    Член од:
    5 ноември 2010
    Мислења:
    5.030
    Допаѓања:
    3.929
    Ни врски ти помагаат,нити па до комерцијална авионска дозвола ќе дојдеш,пошто само почетните неколку часа се во авион,другото е хелихоптер.

    Ти треба факултетска диплома(предност имаат техничките факултети),па да поминеш приемен,па скрининг на земја,па симулатор,па во воздух....е тек после тоа почнува обуката
     
  6. Macedonian97

    Macedonian97

    Член од:
    25 септември 2016
    Мислења:
    327
    Допаѓања:
    211
    Нема врски во овај дел, не секој може да се справи со ова. Накратко ќе ти одговорам:
    1. Треба да си потполно здрав, поготово да немаш никакви проблеми со срцето и психата. (Ова е најверојатно најголемиот и најтешкиот тест кој ќе го поминеш)
    - IQ тест, математика, физика, географија, англиски и македонски јазик.
    2. Треба да си физички добар но не и одличен не се пријавуваш за пСО.
    3. Треба да имаш одреден степен на образование, мислам дека пишува во конкурсот.
    4. Нема да можеш со врски, има реална селекција.
    5. Платата им е добра. (Нема да добијаш конкретен одговор)
    6. Немаш никаква предност при добивање на други дозволи, нема ни да имаш потреба доколку влезеш како воен пилот.
     
  7. devilko

    devilko ♆ wicked one ♆

    Член од:
    28 август 2014
    Мислења:
    851
    Допаѓања:
    2.452
    По завршување на обуката, имаш обврска да станеш во АРМ или МВР, во зависност каде ќе бидеш вработен три пати од обуката која трае 18 месеци. Бидејќи условите на конкурсот се да не бидеш постар од 28 години, а да имаш завршено минимум 3 годишен факултет, размисли на колку години ќе бидеш тек слободен од оваа обврска. А, овде како бенифит ќе имаш и бенифициран стаж, добри примања и стан. Така да, прашање е колку е паметно да се стекнуваш со дозвола за комерцијални летови и да менуваш кариера тогаш. АРМ сака на некој начин да се обезбеди со твоите услуги до крај на твојот работен век.

    Општи услови ти се:
    - да се државјани на Република Македонија; - да имаат завршено прв циклус на студии, односно стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС (според студиска програма) или завршен VII/1 степен;
    - да не се постари од 28 (дваесет и осум) години на денот на објавување на Конкурсот;
    - да се психофизички способни (што го утврдува воено-лекарска комисија).

    Потоа селекцијата се врши по правична застапеност на заедниците. Т.е по рамковен. :)
    Е понатаму следи тест по Англиски јазик и тоа ACLPT. Па селективна проверка на земја. Здраствена состојба. И проверка во воздух на крај.

    Тестот за физичка подготвеност претставува, според мене најлесниот дел од целиот селективен процес. Доколку не можеш ова да го поминеш, стварно и не заслужуваш да припариш до академијата:

    [​IMG]

    Повеќе детали можеш да најдеш на нивната страница:
    http://www.ptc-mk.com/

    Јас бев загреан за ова пред некоја година, кога бев свежо дипломиран, но по разговор со другар кој е далеку поупатен и има искуство со летање, се предомислив и не аплицирав воопшто на конкурсот. Сеуште е тука желбата , но некако е преголем чекор кој треба да се превземе и мислам дека сеуште не сум спремен на него. Изгледа mini-me ќе го разочарам и сето тоа ќе остане само желба. Во меѓувреме се насочив кон својата струка која итекако нуди одлични финансиски услови. Само што, ете, ми недостасува тој адреналин и cool фактор.
     
  8. Macedon1um

    Macedon1um

    Член од:
    4 октомври 2018
    Мислења:
    60
    Допаѓања:
    110
    Околу 1000 евра им е платата на пилотите
     

Сподели преку: