TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 879
Овој чин претставува де факто признавање на македонското говорно население во Грција.
Судската документација официјално ја наведува организацијата со нејзиниот назив на македонски јазик – при тоа користејќи го и македонското кирилично писмо.
За постигнување на оваа цел, од Центарот велат дека во наредниот период ќе се насочат кон исполување на своите цели од статутот, кои го предвидуваат следново:"Сакаме да нагласиме дека во случајов станува збор за прва невладина организација во Грција, која директно ќе се грижи за македонскиот јазик и која законски е регистрирана од страна на грчките државни органи. Овој чин претставува де факто признавање на македонското говорно население во Грција", велат од Центарот за македонски јазик.
– изучување на македонскиот литературен јазик од страна на граѓаните на Грција, преку интернет-страница.
– поддршка на заложбите за идно воведување на македонскиот литературен јазик како изборен предмет во јавните училишта (основни и средни) и универзитетите во Грција, кои се наоѓаат во регионите Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија.
– поддршка на заложбите за идно формирање на педагошки училишта/одделенија во рамките на постоечките универзитети во Грција за обука на наставници по македонски јазик, како и за изработка на наставни програми и наставни материјали.