Ценовник за веб услуги

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Колку чини изработка на една веб страна?

Вака сега, ми треба информација за тоа колку чини изработка на веб страна (домејн, хостинг и самото програмиње) на годишно ниво.

Значи, колку чини регистрација на домејн, на пример да биде на .mk, врвниот македонски државен код, без "додавката" .com. Дали е иста цената ако се регистрира директно на .mk со онаа на .com.mk?
Kолку чини хостингот на тој домејн, односно колку веб простор можам да закупам за тие и тие пари?
И за крај, дали може програмирањето на страната да се изврши преку интернет, без поседување на некое знаење од областа на HTML, PHP или CSS, т.е. дали има готови шаблони на интернет кои може да се приспособат и адаптираат на моите желби?

Однапред благодарен! :smir:
 
А

Ајсшутер

Гостин
Еве разгледај го еден од најдобрите сајтови за хостинг можеш да разгледаш, тука имаш се колку ќе те чини за месечно ниво, годишно или пак за три месеци имаш гледам.
Еве ти и за домејни цени што како.

Регистрација на домен
Наставки кои можеме да ги закупиме за Вас: .com .net .org .biz .info .us.
Цена: 599 денари годишно.
Исто така можеме да го закупиме за Вас било кој слободен домен со .mk наставка по цена од 899 денари годишно
http://www.prohost.com.mk/hosting.php
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
За македонски домеини .mk .com.mk; .net.mk; .org.mk се 10 евра на годишно ниво. Меѓутоа пример за да закупиш домеин со .net.mk треба да имаш фирма која дава мрежни услуги. Тоа дополнително види на официјалната Марнет страна која што е овластена за македонски поддомеини. Исто за да закупиш домеин мора да го регистрираш преку фирма или како физичко лице кое што врши некакви услуги. На веб страната прочитај си најубаво се што те интересираМарнет
Што се однесува до хостинг услуга обично многу хостинг фирми нудат директно тие да ти закупат домеин и да си закупиш хост па дури и дизајн на страна и тоа ти е најдобра варијанта бидејќи тие ќе се погрижат за регистрирањето на домеинот. Бидејќи не е дозволено рекламирање тоа ќе треба да побараш на нет или да прашаш некој што знаеш. Скоро сите хостинзи имаат cPanel кој што е лесен за почетници без некои големи претходни знаења и искуства.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Еве разгледај го еден од најдобрите сајтови за хостинг можеш да разгледаш, тука имаш се колку ќе те чини за месечно ниво, годишно или пак за три месеци имаш гледам.
Еве ти и за домејни цени што како.



http://www.prohost.com.mk/hosting.php
Ајсшутер, благодарам за линкот само малку нејасно ми е ова..На пример 200 МБ пишува простор, а 3 ГБ трансфер? На што се однесува ова трансфер? На каков трансфер на податоци?

И дали просторот од еве да речеме 200-300 МБ релативно е доволен за туристичка промоција на една област, во случајов село?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
200 МБ ти е простор на хостот, додека 3 ГБ ти е месечен трансфер на податоци од и кон хостот, значи тоа што ќе прикачуваш и што ќе превземаш.
Да доволен е за таква намена на страна.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
200 МБ ти е простор на хостот, додека 3 ГБ ти е месечен трансфер на податоци од и кон хостот, значи тоа што ќе прикачуваш и што ќе превземаш.
Да доволен е за таква намена на страна.
Во превод, 200 МБ веб простор, т.е. толку е вкупната големина на податоците што моментално стојат на веб адресата?
А ова 3 ГБ е за ако сакам да си правам измени? Тргни, прикачи, даунлоад, аплоад?

Не знам дали разбрав баш.:smir:

За македонски домеини .mk .com.mk; .net.mk; .org.mk се 10 евра на годишно ниво. Меѓутоа пример за да закупиш домеин со .net.mk треба да имаш фирма која дава мрежни услуги. Тоа дополнително види на официјалната Марнет страна која што е овластена за македонски поддомеини. Исто за да закупиш домеин мора да го регистрираш преку фирма или како физичко лице кое што врши некакви услуги. На веб страната прочитај си најубаво се што те интересираМарнет
Што се однесува до хостинг услуга обично многу хостинг фирми нудат директно тие да ти закупат домеин и да си закупиш хост па дури и дизајн на страна и тоа ти е најдобра варијанта бидејќи тие ќе се погрижат за регистрирањето на домеинот. Бидејќи не е дозволено рекламирање тоа ќе треба да побараш на нет или да прашаш некој што знаеш. Скоро сите хостинзи имаат cPanel кој што е лесен за почетници без некои големи претходни знаења и искуства.
Можеш да ми дадеш линк од тие што нудат дизајн на страна вклучен во цената? Бидејќи на prohost.com.mk не видов да пишува вклучен дизајн за тие пари. :toe:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.523
Во превод, 200 МБ веб простор, т.е. толку е вкупната големина на податоците што моментално стојат на веб адресата?
А ова 3 ГБ е за ако сакам да си правам измени? Тргни, прикачи, даунлоад, аплоад?

Не знам дали разбрав баш.:smir:
Да тоа е тоа. Инаку 200мб простор ти се сосема доволни за некоја страна за презентација, без форум и дополнителни, постојани новости и прикачувања.

Едит: Значи во смисла за дополнителни пари секако нудат дизајн независно од цената на хостот и домеинот.
 
P

Princ

Гостин
Секој посетител ти троши од закупениот трансфер. Значи твоето прикачување на фајлови кон серверот, превземањата од посетителите... све се брои. Секој први на полноќ бројачот се ресетира. Доколку го потрошиш закупениот месечен трансфер, сајтот ќе ти биде исклучен до први на полноќ.

Мало објаснување и на англиски за трансферот
Put simply, bandwidth is the amount of traffic that is allowed to occur between your web site and the rest of the internet.
each time you visit a web site, you are creating traffic, because in order to view that web page on your computer, the web page is first downloaded to your computer (between the web site and you) which is then displayed using your browser software (Internet Explorer, Netscape, etc.) . The page itself is simply a file that creates traffic just like the MP3 file in the example above (however, a web page is usually much smaller than a music file).

A web page may be very small or large depending upon the amount of text and the number and quality of images integrated within the web page. For example, the home page for CNN.com is about 200KB (200 Kilobytes = 200,000 bytes = 1,600,000 bits). This is typically large for a web page. In comparison, Yahoo's home page is about 70KB.
Повеќе
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Да тоа е тоа. Инаку 200мб простор ти се сосема доволни за некоја страна за презентација, без форум и дополнителни, постојани новости и прикачувања.

Едит: Значи во смисла за дополнителни пари секако нудат дизајн независно од цената на хостот и домеинот.

Епа супер, уште во цената да е вклучена дизајн на страната или барем некакви шаблони кои можат да се изменуваат по сопствен вкус, би било одлично.
 
P

Princ

Гостин
На ProHost има веб креатор со повеќе од 600 темплејти во моментов. Можеш да си изградиш веб страна со готов изглед кој го модифицираш од бровсерот.
Имаш десно демо на веб креаторот.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
На ProHost има веб креатор со повеќе од 600 темплејти во моментов. Можеш да си изградиш веб страна со готов изглед кој го модифицираш од бровсерот.
Имаш десно демо на веб креаторот.
Благодарам Принц, се надевам ќе успеам да направам нешто. За болдираново: тоа е тоа што го сакам и планирам. На избрана шема/шаблон, да менувам опции.
 
Член од
1 јуни 2009
Мислења
42
Поени од реакции
2
побарај на чичо Гугл како да си направиш сам веб-страна.
Со денешниве софтвери е многу лесно.
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
53
Поени од реакции
1
Изработка на основна веб-страница: 6000 ден.
Закупување на хостинг: 2000 ден.
Закупување на .mk домен: 660 ден.

Ова е за НАЈефтина, НАЈшаблонска, НАЈбрзо изработена веб-страница. Али за функционирање ќе биде ТОП и ќе има 1000 опции за додавање вадење.

Тоа би било тоа.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Ако со страната претставуваш фирма подобро остави да ти ја средат професионалци на кои тоа им е работа, не си играј пошто ќе заглавиш :helou:.
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Веќе закупив простор на prohost.com.mk, инаку страницата е културно-туристичка промоција на една област, најдов и човек со кого заедно ќе ја изработиме. Ви благодарам на информациите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom