Цени на производи кај нас vs остаток од светот

G

Goldie

Гостин
Не сум видел ваква тема на форумот а ми се виде интересна за дискусија, поготово ако се уклучат повеќе наши луѓе од дијаспората од различни држави да споделат точни информации за цената на производите таму. Во Македонија вообичаено преовладува мислењето дека тука парите вредат повеќе, дека во Германија (пример) за истите прехрамбени производи би платил значително повеќе но дали е навистина така ? Во последната споредба на Дојче Веле се гледа дека огромниот дел од производите имаат слична цена, па дури и некој се значително поефтини.

Во Македонија, ги споредивме цените во повеќе супермаркети во Скопје и по правило во оваа анализа ви ја презентираме најниската пронајдена цена. Во Германија, како основа земавме супермаркет во Келн кој се смета за релативно поскап и свесно ги избегнавме најевтините „дисконти" како Лидл или Алди, затоа што во таков случај, разликата ќе беше уште поголема.
Ќе цитирам само дел од споредбите на цени тука со Германија

Ориз
- Македонија 47 ден за 900г
- Германија 48 ден за 1кг
Брашно тип 400
- Македонија 24 ден за 1кг
- Германија 18 ден за 1кг
Шеќер
- Македонија 38 ден за 1кг
- Германија 42 ден за 1кг
Млеко
- Македонија 38 ден за 1кг
- Германија 33 ден за 1кг
Сончогледово масло
- Германија 60 денари
- Македонија 65 денари
Компир
- Германија 24 денари
- Македонија 25 денари
Кашкавал
- Германија 300-330
- Македонија 350-370
Пилешки гради
- Германија 360
- Македонија 400
Мешано мелено месо
- Германија 270
- Македонија 240
Јајца
- Германија 60
- Македонија 50

Во Германија нешто поскапи се производите како краставици, мандарини, пиперки итн. Додека цената на алкохолните пијалоци е иста па дури и нешто поефтина во споредба со Македонија
Да не пишувам повеќе кој го интересира нека прочита подетално тука.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Другата недела идам на шопинг во Германија.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Потрошувачка кошничка во Германија за еден човек е грубо 100 до 130 (за пушачи) евра. Барем мене толку ми излегуваше со пазарење во Кауфланд. Во поголеми градови е можеби поскапо, иако Берлин важи за евтин град, иако главен.

Како и да е, и 200 евра да е кошничката, не е ништо за стандардот.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Патлиџанот во Шпанија е многу евтин.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Не сум видел ваква тема на форумот а ми се виде интересна за дискусија, поготово ако се уклучат повеќе наши луѓе од дијаспората од различни држави да споделат точни информации за цената на производите таму. Во Македонија вообичаено преовладува мислењето дека тука парите вредат повеќе, дека во Германија (пример) за истите прехрамбени производи би платил значително повеќе но дали е навистина така ? Во последната споредба на Дојче Веле се гледа дека огромниот дел од производите имаат слична цена, па дури и некој се значително поефтини.

Ќе цитирам само дел од споредбите на цени тука со Германија

Ориз
- Македонија 47 ден за 900г
- Германија 48 ден за 1кг
Брашно тип 400
- Македонија 24 ден за 1кг
- Германија 18 ден за 1кг
Шеќер
- Македонија 38 ден за 1кг
- Германија 42 ден за 1кг
Млеко
- Македонија 38 ден за 1кг
- Германија 33 ден за 1кг
Сончогледово масло
- Германија 60 денари
- Македонија 65 денари
Компир
- Германија 24 денари
- Македонија 25 денари
Кашкавал
- Германија 300-330
- Македонија 350-370
Пилешки гради
- Германија 360
- Македонија 400
Мешано мелено месо
- Германија 270
- Македонија 240
Јајца
- Германија 60
- Македонија 50

Во Германија нешто поскапи се производите како краставици, мандарини, пиперки итн. Додека цената на алкохолните пијалоци е иста па дури и нешто поефтина во споредба со Македонија
Да не пишувам повеќе кој го интересира нека прочита подетално тука.
...хммм.... за нас овде , за добивање на поточна престава каде сме треба да се најде некаде .., или направи табела на споредба со продуктивноста поединечна (мин-максим-просечна плата и како се застапени) и степен на искористување како економски државен ентитет( структура на население-стапка на невработеност)..па колку саати работа( или минути) просечно треба , еве за артиклите наредени погоре и да се додаде и колку чини КW час, плус литар од горивата во таа шема. Дури тогаш евентуално може да споредуваме што и како... :)
 
И тоа е веќе одамна направено пред дојче веле да открие топла вода.

https://www.numbeo.com/cost-of-living/compare_cities.jsp?country1=Germany&country2=Macedonia&city1=Berlin&city2=Skopje
 
G

Goldie

Гостин
Тоа е реалноста.
Реалноста е и дека го пишува ова на линкот што го стави
You would need around 1,470.35€ (90,542.98ден) in Skopje to maintain the same standard of life that you can have with 3,100.00€ in Berlin (assuming you rent in both cities).

Што е пореално да имаш приход од 3000 евра во Германија или 1500 евра во Македонија ? И небитно ете и 1500 да ти е приходот тука пак се соочуваш со еден куп проблеми како лоша инфраструктура, нефункционални институции, катастрофа здравство, мизерен образовен систем, лоша бизнис клима за започнување на бизнис и уште многу други работи.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Реалноста е и дека го пишува ова на линкот што го стави
You would need around 1,470.35€ (90,542.98ден) in Skopje to maintain the same standard of life that you can have with 3,100.00€ in Berlin (assuming you rent in both cities).

Што е пореално да имаш приход од 3000 евра во Германија или 1500 евра во Македонија ? И небитно ете и 1500 да ти е приходот тука пак се соочуваш со еден куп проблеми како лоша инфраструктура, нефункционални инсититуции, катастрофа здравство, мизерен образовен систем, лоша бизнис клима за започнување на бизнис и уште многу други работи.
Уште еден текст кој не придонесува со ништо освен со поттикнување на емиграција. Се надевам газдите од дојче веле ги читаат овие бесмислени текстови. Следен текст споредба на образованието во Јапан и Македонија.
 
Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.109
Поени од реакции
8.895
Цените на храна, производи, и енергенси (кои влијаат на цените на сите производи) не можат да бидат пониски од тие што ги имаме, само ќе поскапуваат.
Цените за овие производи, кои беа наброени во првиот пост, се со мала разлика низ Европа. Среќа кај нас што сме земјоделска земја, па барем свежо овошје и зеленчук имаме по пристапни цени за нашиот стандард.
Немањето сопствени енергенси и голема потрошувачка (хипермаркети како Лидл, Керфур и слични) ги прави цените кај нас и повисоки, пример млеко тетрапак е скоро дупла споредена со некои земји од ЕУ. Реално е цените дополнително да поскапуваат кај нас.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082
Треба веројатно да се споредувам со земјите од балканов, албанци срби бугари, црногорци. Ама кога ќе ми текне на темите за инвестициски бум, втора економија во Европа, како според некои бевме еден период подобри и од германците :ROFLMAO:
 
G

Goldie

Гостин
Уште еден текст кој не придонесува со ништо освен со поттикнување на емиграција. Се надевам газдите од дојче веле ги читаат овие бесмислени текстови. Следен текст споредба на образованието во Јапан и Македонија.
Што имаш ти против тоа луѓето да живеат во подобри услови ?
 
Последно уредено од модератор:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Треба да се споредуваме со сите а најмногу треба да се споредуваме историски. Како било 1990, 2000, 2010, 2017 само така ќе видиме дали одиме напред или назад или стагнираме. Сепак има многу многу индикатори кои се подложни на манипулации и секој може да си ги сврти на својата воденица. Не знам кога било тоа тој што кажал дека сме биле втора економија во Европа, но нормално е кој и да е на власт да истакне нешто позитивно исто нормално е опозицијата да критикува таму каде што може да се критикува и каде што може да се подобри. Кај нас а изгледа и во светот се се сведува на политика. Пребарував многу индекси на квалитет на живот ама историски малку го пратат тоа или методологиите им се менуваат на неколку години така да прецизни податоци не може да се добијат.[DOUBLEPOST=1484061523][/DOUBLEPOST]
Што имаш ти против тоа луѓето да живеат во подобри услови ?
Логика сигурно имаше 5ка во школо? Заклучокот дека јас имам против луѓето да живеат подобро е генијален и веројатно само ти можеш такво нешто да заклучиш од трите реченици што ти ги напишав.
А добро си се исправила си напишала објаснување. Сепак, никаде не реков дека имам нешто против. Дури и повеќе - во Норвешка се живее подобро од Германија па затоа овој текст е манипулација. Ако навистина сакате да живеете подобро одете во Норвешка.
Патем дали знаеш дека пола од светот живее во сиромаштија? Тоа се некаде 3.5 милијарди луѓе. Не знам зошто сите до сега не се преселени во западниот свет? Т.е. веќе почнаа ама не ми мириса дека ќе заврши добро.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom