Пред една недела беше 24.5 сега е 4 долари помалце, како е можно ова дури дизелот и качен
Прегледај го приврзокот 241620
Не се користи цената на ВТИ како референта цена. Туку цената на Брент(минатат недела беше околу 29$) заедно со рафинериските цени на дестилатите(бензин, дизел итн) како и курсот на доларот во период од една недела.
Дизелот е качен поради зголемена рафинериска цена. Oд соопштението на регулаторна комисија:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 14,70% или за 31,500 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 0,93% или за 2,600 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за околу 0,64% или за 1,750 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 0,94% или за околу 1,550 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 56,9805 ден/$ и е за околу 1,54% повисок од курсот на доларот (56,1177 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка