Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Многу лош е последниот договор за помагање банкарски систем, многу лошо. Сега печатниците ќе ги отворат....
Нека ги отворат печатниците, Следува реприза на периодот од80 до 90 само што сега не постои државата во која највеќе се изгради и се акомулираше најголем капитал за време на криза , мислам на Југославија. Европа во се ја има ископирано Југославија само се надевам дека нема да ја снајде истата судбина да се растура со војни. Моја препорака ако немаш некој кредит веднаш оди зимај на што поголема сума.
Иначе пак ке има зголемување на дериватите, и ако до крајот на идниот месец не достигне 90 денари еве ја.
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.680
Поени од реакции
1.019
Се ова е од САД она ги прави сите срања на блискиот Исток и што очекуваме по 50ден литар ли да биде ? нема шанса ! А за наши услови мислам 60 ден од литар да биде екстра ќе е :)
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Луѓе бе не ја мешајте Америка не ја мешајте европа за цената на дериватите, тие немаат никаква врска со формирање на цените кај нас.
2006/7 берзански нафтата беше на највисоко можно ниво 180 долари мислам дека стигна (не ме фаќајте за збор ) а цената на литар дизел беше 40 денари а бензинот 50.
цената на дериватите во македонија зависи од апашката влада и ништо друго.
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814

Ене владана копа нафта од Вардар,од Свети Николе, од Паланка, од Гевгелија, па цената на на дериватите зависи од неа и од ништо друго :pos:
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
146
Поени од реакции
50
Цената на долг рок би требало да расте. Иако вчера рипна мислам дека ќе паѓа понатаму во следните месеци и може 1-2 години. САД има рекордни залихи. Економијата е слаба. Глобалниот раст забавува. ОПЕК го зголеми производството.
Не коментирам политика. Посебно не селски коментари.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
http://www.erc.org.mk/NovostiDetal.asp?novID=163
Према оваа пресметка 138,787 $/барел курсот на доларот 39,1159 ден/$ резултатот е дека 1 барел = 5429 денари, односно 1л нафта = 34,14 ден.
http://www.erc.org.mk/NovostiDetal.asp?novID=500
Према оваа пресметка 111,067$/барел курсот на доларот 48,1026 ден/$ резултат е дека 1 барел = 5343 денари, односно 1л нафта = 33,6 ден.
Чекам да видам утре кои ќе се цените ако нафтата е 98 -105 а доларот е некаде околу 49,5 цените би требало да се намалат околу 2 денари

daj brat sea presmetaj................nekako najtocen si mi.....i mu gi zatinjas piskite na tie so vikat deka cenata ja formira komisijata po nalog na vladata.....i deka nemalo vrska cenata na berzite sprema kursot na dolarot....eve ubavo si postiral.............:D
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Ене владана копа нафта од Вардар,од Свети Николе, од Паланка, од Гевгелија, па цената на на дериватите зависи од неа и од ништо друго :pos:
Види сега ако не можеш да сватиш или не сакаш тоа е твој проблем,не треба да им подметнуваш на другите кукавички јајца и мислења.
Прво цената на суровата нафта 2006/2007 беше каде каде повисока од денешна а цената на дериватите беше каде каде поевтина.
Второ не во вардар да тече не да ја копа,нема друго објаснување освен кражбата од страна на владата за толку високата цена на дериватите, повторувам ако толку имаш мозок тоа е веќе твој проблем.
По која логика владата не краде на цената на дериватите ако во 2006 дериватот бил поевтин отколку што е сега а цената на суровата нафта била повисока ? Каква врска каква улога има тука светска влада,банка или америка кога дома те ебат, и ти наметнуваат повисоки цени ајде молимте објасни.
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Види сега ако не можеш да сватиш или не сакаш тоа е твој проблем,не треба да им подметнуваш на другите кукавички јајца и мислења.
Прво цената на суровата нафта 2006/2007 беше каде каде повисока од денешна а цената на дериватите беше каде каде поевтина.
Второ не во вардар да тече не да ја копа,нема друго објаснување освен кражбата од страна на владата за толку високата цена на дериватите, повторувам ако толку имаш мозок тоа е веќе твој проблем.
По која логика владата не краде на цената на дериватите ако во 2006 дериватот бил поевтин отколку што е сега а цената на суровата нафта била повисока ? Каква врска каква улога има тука светска влада,банка или америка кога дома те ебат, и ти наметнуваат повисоки цени ајде молимте објасни.

Остави ја сега политиката, демек во 2006 г. имало пониски давачки и даноци. Висината на акцизите и ДДВто се исти веќе 10тина години. Ништо не е сменето. Ние сме образовани луѓе, ги разбираме работите, но и пропагандите.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Остави ги сега политичките пропаганди, демек во 2006 г. имало пониски давачки и даноци. Висината на акцизите и ДДВто се исти веќе 10тина години. Ние сме образовани луѓе, ги разбираме работите, но и пропагандите.
Не стварно освен грабеж што друго гледаш тука ? Која пропаганда, твојата што сите ги убедуваш дека шеиците се криви америка е крива европа е крива ?
па друже ако ти си доволно глуп да мислиш дека некој ке ти поверува на таа ефтина пропаганда ........ЕПА НЕ СМЕ.
.бркај работа немора да бидеш потпарол на АПАШИТЕ ида се правиш будала ( а може и не се правиш туку си )
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
146
Поени од реакции
50
Цената на суровата нафта во 2007 во денари беше повисока од денес. Но, денес цените на дериватите се повисоки од 2007. Зошто е така? Незнам. Но регулаторна би требало да знае дали им одобриле повисоки трошоци на ОКТА за рафинирае? Повисоки Маржи кон Окта или Бензиските или нешто друго Не се знае . Но, никогаш јавно не ја кажале формулата која се користи за одредување на цената. Да варијабла е цената на нафтата во денари. Ама што уште влегува и дали тие параметри пораснале од 2007 до денес. Сигурно не е до давачките кон државата тие се исти. Колку што знам.
Какво е такво е немаме избор освен да си земеме точак и пешки да одиме.:)
 
Член од
6 април 2006
Мислења
38
Поени од реакции
12
дали е реална ценава на ПГЛ - автомобилскиот гас во РМ и може ли државата да ги контролира Хафтениве Магнати да е бар алтернативново гориво поевтино
 
Член од
8 јануари 2010
Мислења
58
Поени од реакции
18
http://www.erc.org.mk/NovostiDetal.asp?novID=507
Последната регулатива на цената беше на 18.06, тогаш просецна цена на нафтата беше утврдена на 98,063$ а курсот на доларот беше 49,2887, што значи дека
1 барел = 4834 денари односно 1литар = 30.4 денари
Не сум сигурен за просечната цена на нафтата во изминатиов период но мислам дека е некаде околу 93$ за барел, и курсот мислам дека беше во благо опѓање , петокот среден курс беше 48,9 според тоа
1 барел = 4548 односно 1 литар = 28,6
ако е оваа математика очекувам пад на цената околу 2-3 денари
Ова го повторувам по втор пат за да им стане јасно за некој форумџии дека треба да се гледа и курсот на доларот при утврдување на цената на нафтата
Ќе плукаме по владата и ке ја нарекуваме арамиска влада на некоја друга тема ги има многу но за цената на нафтата таа е математиката, може владата да ја намали цената само ако се откаже од дел од акцизата и даноците затоа што тоа е околу 50% од цената, и горе долу така е во сите држави
--- надополнето: 30 јуни 2012 во 21:18 ---
дали е реална ценава на ПГЛ - автомобилскиот гас во РМ и може ли државата да ги контролира Хафтениве Магнати да е бар алтернативново гориво поевтино[/quo
Ако мислиш на ТНГ мислам дека нема државна регулатива на цената и затоа увозниците и бензиските пумпи сами си ја утврдуваат најчесто најголемите бензиски пумпи како Макпетрол и Лукоил ја диктираат цената , но има една голема забуна незнам како се точи ТНГ во другите земји но правило е компримиран гас да се мери во килограми а 1кг ТНГ изнесува од 1,7 Л - 1,9 Л во зависност од соодносот на пропан, бутан во него.
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
Од полноќ бензинот поефтин за 2,5 денари а дизелот за 3 денари

Ново намалување на цената на горивата. Бензините за 2,5 денари, дизелот за 3 денари.​

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика од полноќ литар еуросупер БС-95 ќе се продава за 75,5 денари, а цената на еуросупер БС-98 изнесува 77 денари.

Еуродизел (д-е v) изнесува 64,50 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ел-1) 53,00 денари. И цената на мазутот М -1 се намалува за 3 денари и килограм ќе чини 39,3 денари./М.Д.​
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Од полноќ бензинот поефтин за 2,5 денари а дизелот за 3 денари

Ново намалување на цената на горивата. Бензините за 2,5 денари, дизелот за 3 денари.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика од полноќ литар еуросупер БС-95 ќе се продава за 75,5 денари, а цената на еуросупер БС-98 изнесува 77 денари.
Еуродизел (д-е v) изнесува 64,50 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ел-1) 53,00 денари. И цената на мазутот М -1 се намалува за 3 денари и килограм ќе чини 39,3 денари./М.Д.
Добро е, 10 денари падна од февруарот годинава да не го урочам пупу :icon_lol:
Нека се стабилизира на 70, ништо не треба друго :)
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Добро е, 10 денари падна од февруарот годинава да не го урочам пупу :icon_lol:
Нека се стабилизира на 70, ништо не треба друго :)
За 2 недели ќе ги качат ненормално.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom